Делови од Скопје обвиени во магла и со високо загадување од ПМ честички


Дел од Скопје утрово се разбуди во магла и загаден воздух. Во населбите Аеродром, Ново Лисиче видливста е намалена како да е зимско утро,  вредностите на ПМ 10 и ПМ 2,5 се во црвената зона, а во воздухот и понатаму се чувствува мирис на изгорено. Иако уште вчера Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот […]

„Вечер со Олга Панкина“ на 15 септември во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија на 15 септември, со почеток во 19 часот, ќе се одржи „Вечер со Олга Панкина“ – преведувачка, поетеса и промоторка на македонската книжевност и култура. Воедно, со оваа вечер ќе бидат одбележани два значајни јубилеи: педесет години од основањето на Лекторатот за македонски јазик во Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, […]

Бил Гејтс испадна од листата на 10 најбогати луѓе во светот


Коосновачот на Мајкрософт и поранешен најбогат Американец, Бил Гејтс, е надвор од листата на 10 најбогати луѓе во Соединетите Американски Држави за прв пат од 1991 година, според најновата листа на Форбс. Неговото богатство се проценува на 107 милијарди долари, што го става на 14-то место, зад бизнисменот Мајкл Блумберг и пред наследничката на Волмарт, […]

Трамп вели дека упадот на руски беспилотни летала е „можеби грешка“, Полска остро реагираше


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа посочи дека руските беспилотни летала што го нарушија полскиот воздушен простор можеби го направиле тоа случајно, нарекувајќи го инцидентот „грешка“. Таквиот коментар предизвика остра осуда од Полска и нејзините европски сојузници, кои го оценија како опасно и погрешно толкување на ситуацијата, пишува Киев пост. „Можеше да биде грешка“, им рече […]

Нетанјаху: Нема да има палестинска држава


Ерусалим – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „нема да има палестинска држава“ на церемонијата на потпишување на важен проект за понатамошна изградба на еврејски населби на Западниот Брег, пренесуваат западните медиуми. – Ќе го одржиме нашето ветување: нема да има палестинска држава, тоа место ни припаѓа нам, рече Нетанјаху за време на посетата на […]

Љутков во работна посета на Дојран и Гевгелија


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска е во работна посета на Дојран и Гевгелија.  Како што соопштуваат од Министерството за култура и туризам, во рамки на посетата Љутков ќе оствари средби со претставници на локалната самоуправа и ќе посети повеќе значајни културно-историски споменици и локалитети во регионот на Дојран и Гевгелија, по што […]

„Инвеститорски ден“, можност за физичките лица да тргуваат на македонската берза без трансакциски трошоци


 Со цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава, Берзата денеска по шести пат […]

Почнува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea#9


Во организација на издавачката куќа „Бегемот“ од денеска до недела во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе се одржува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea#9. Традиционално, освен книжевноста, која е постојан елемент на фестивалот, и оваа година ArtArea е планирана со богата програма од различни културни зони. Фестивалската тема годинава е „Македонската алтернативна музика“, на која преку неколку тематски […]

Дел од општините Аеродром и Центар без вода


 Без вода денеска од 8:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Пандил Шишков“ висока зона, од број 1 до број 49, „Вангел Тодоровски“, „Руди Чаевац“ и Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром.  Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улица „Пандил Шишков“ број 9.  Поради изведување водоводен […]

Променливо облачно, до 33 степени


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 12 септември 2025 година, 255-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 110 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 11 минути, а ќе зајде во 18 часот и 48 минути. Денов трае 12 часа и 37 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее, […]

Стотина медиумски организации го повикаа Трамп да не ги ограничува визите за странските новинари


Париз – Стотина меѓународни медиумски и новински организации денеска ја повикаа американската администрација да се откаже од планот за скратување на траењето на визите за странските новинари во САД, бидејќи тоа „би ги поткопало обемот и квалитетот на известувањето“ за земјата. „Ова ќе наштети на глобалниот углед на Америка, наместо да го зајакне“, напишаа потписниците на […]

Рама го објави составот на новата влада, за првпат жена на чело на полицијата


Тирана – Лидерот на албанските владејачки социјалисти, Еди Рама, го соопшти новиот состав на 17- члениот владин кабинет „Рама 4“, во кој за првпат на чело на полицијата ќе биде жена, Албана Кочиу, досегашна министерка за здравство. На функцијата потпретседател на владата и министерка за инфраструктура и енергетика останува Белинда Балуку, исто како и Пиро […]

Проф. д-р Ѓорѓев: Отровите од чадот од Дрисла предизвикуваат анемија, белодробни и срцеви болести


Mетанот и другите штетни гасови кои се испуштаат во услови на чад или пожар, покрај негативните ефекти кои ги имаат врз белите дробови, навлегуваат во крвта, па прават оштетувања во крвниот систем, односно го пометуваат хематолошкиот систем, предизвикуваат анемии, срцеви болести. На ова предупредува професорот по здравствена екологија, проф. д-р Драган Ѓорѓев, откако веќе со […]

Калиопи и „Еуроимпекс“ , тоа е спој на моќни брендови со премиум квалитет


Францускиот лав синоќа се спои со македонската дива со најубавите хитови, Калиопи, на гала јубилејот на семејната компанија, која е пионер во трговија со возила, Еуроимпекс кој оваа година одбележува 35 години успешно работење и присутност на пазарот. Од далечната 1992 година се генерален увозник на францускиот автомобилски бренд Peugeot за регионот, а од 2020 […]

Дани се омажи по втор пат, избраникот е поранешен кошаркар


Поп-пејачката со сини очи и уникатен стил на облекување, Дани Димитровска синоќа направи интимна венчавка со Горан Веселиновски – Весел, поранешен кошаркар, а сега директор на кошаркарскиот клуб „Работнички“. Димитровска на Инстаграм објави фотографии од венчавката, а на едната е заедно со нејзиниот син од првиот брак и ќерката на Веселиновски од неговиот прв брак. […]

ЕК одобри 33,7 милиони евра помош за кипарските Турци


Брисел – Европската комисија усвои Програма за помош на заедницата на кипарските Турци за 2025 година во износ од 33,7 милиони евра, наменети за поддршка на социо-економскиот развој и за олеснување на процесот на повторно обединување на Кипар.  Како што соопшти ЕК, оваа Програма за помош има за цел да поттикне зголемување на трговијата меѓу двете […]

Стевче Јакимовски по петти пат во трка за градоначалник на Карпош


  Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, денеска официјално ја објави својата кандидатура за претстојните локални избори. Со ова, тој влегува во трка петти пат како градоначалник. Стевче Јакимовски, актуелен градоначалник на општина Карпош, досега бил избран за градоначалник во три мандати: 2000–2003: Прв мандат како кандидат на Либерално-демократската партија. 2009–2017: Втор и трет […]

„Плејбои…“ пристигнуваат во Драмски на 23 октомври


   Претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ се игра во Скопје на 23 октомври во 20 часот. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште,  Местното гледалишче Љубљанско и […]

„Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски – победник на првиот конкурс за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“


Ракописот „Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски е победник на првиот конкурс за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“. На изборот за наградата, која ја востанови издавачката куќа „Арс Ламина“ со поддршка на семејството на Николова, пристигнаа 38 ракописи од 37 автори. Во најтесен избор за наградата беше романот „Сам во рој“ од Иван […]