„Игра на Троновите“ со 22 номинации за Еми наградите


САД– Со вкупно 22 номинации, серијата „Игра на троновите“ води во трката за годинешните Еми награди, кои се доделуваат за најдобрите производи во американската телевизиска индустрија.Седмата сезона на серијата, е номинирана во категориите за најдобра драма, како и во трка за актерските награди со номинации за Питер Динклиџ, Лина Хедли, Диана Риг и Николај Костер-Волдо. […]

Пуштен во употреба првиот аудио водич за локалитетот Стоби


Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби, во соработка со софтверската компанија G6 Solutions од Скопје, го изработија првиот аудио водич за археолошки локалитет во Република Македонија и истиот е во употреба од вчера. Во чекор со најсовремените пристапи за управување со посетители при посета на археолошки локалитет, овој аудио водич ќе му помогне […]

Во чест на кралицата: Меланија Трамп во жолт фустан на вечера со Тереза Меј во Лондон


САД- Првата дама на САД Меланија Трамп знае како да остави впечаток кога го придружува сопругот на значајни средби. Доналд и Меланија Трамп пристигнаа во раскошен стил на вечерата во палатата „Бленам“  во Лондон. Доналд се одлучи за класичен црн костум, а Меланија блесна во бајковита жолта тоалета од шифон на Жил Мендел. Двојката беше […]

Вилијамс против Кербер во финалето на Вимблдон


Англија – Американската тенисерка Серена Вилијамс десетти пат во кариерата се пласираше во финалето на Вимблдон, откако со 2:0 (6:2, 6:4) во сетови ја совлада германската тенисерка Јулија Гергес. Вилијамс до победата над Гергес дојде по еден час и десет минути игра. Американската тенисерка во борбата за осмата титула на Вимблдон ќе се соочи со […]

Викендов 45. Галичка свадба, концерт во пресрет на манифестацијата


Во пресрет на 45. Галичка свадба која ќе се одржи викендов, на платото пред чешмата Упија во Галичник вечер од 22 часот ќе се одржи концерт на Влатко Стефановски, оперската певица Весна Ѓиновска-Илкова и групите „Тоа е тоа“ и „Бенд офф“, со што ќе почне и Галичкото културно лето. Во преубавиот амбиент на селото Галичник на […]

СП2018: Хрватските фудбалски легенди поканети на финалето во Москва


Русија – Хрватскиот фудбалски сојуз ги покани сите учесници од националниот тим на земјата, кои го освоија бронзениот медал на Мундијалот 1998, да присуствуваат на стадионот „Лужники“ во Москва за финалниот натпревар од Светското првенство во Русија меѓу Хрватска и Франција. Пред 20 години, Хрватска загуби од Франција со 1:2 во полуфиналето, а потоа „петлите“ […]

ПЕТА: Камбербач е најубав веган за 2018


Англија- Актерот Бенедикт Камбербач, кој стана славен со улогата на Шерлок Холмс, беше избран од страна на организацијата за заштита на животните ПЕТА за најубавиот веган во 2018 година. Но британскиот актер не е дамнешен приврзаник на целосно растителна исхрана. Едвај оваа година тој одлучи да сопре целосно со консумирање на производите од животинско потекло, […]

Рап-ѕвездата Карди Би роди ќерка


САД– Скандалозната рап-ѕвезда Карди Би го роди своето прво дете. Тоа е девојче и носи чудно име Калчр (Kulture). Таткото на детето Мигос има двс објавени албуми во текот на изминатите две години, наречени Culture и Culture II. Веста за бременоста на Карди Би стана јасна во април, а официјалната потврда за раѓањето на бебето […]

Нивес Целзиус во боите на Хрватска: Ние сме светски прваци


Хрватската старлета и пејачка, Нивес Целзиус одново е во центарот на вниманието. По пласманот во финалето на СП во Русија ги поздрави сите оние кои сомневаа во нејзината репрезентација. Овој пат таа сподели фотографија во која е облечена во црвена наметка. „Во следните часови им го испраќам „најбрзиот“ прст на сите оние кои ми пратија […]

Славната новинарка Кристијана Аманпур се разведува по 20 години брак


САД- Водечката новинарка на Си-Ен-Ен, Кристијана Аманпур, и поранешниот репортер и дипломат Џејмс Рубин се разведуваат по 20 години брак.Веста прв ја објави „Вашингтон пост“, а весникот истакнува дека разводот се одвива во пријателска атмосфера. Тие се запознале за време на војната во Сараево, од каде Аманпур известувала за Си-Ен-Ен, а Рубин исто така работел […]

Елена Голомеова, оперска певица: Во Париз сум дива


Оперската певица Елена Голомеова, родена штипјанка која својата европска кариера ја изгради работејќи во операта во Ница, на спектакуларен начин го отвори годинашното Штипско културно лето кое трае до 30 јули. Голомеова, придружувана од малиот симфониски оркестар при МОБ, исполни повеќе нумери, а публиката што ја преполни големата сала на Домот на културата „Ацо Шопов“, […]

Вработените во Фиат ќе штрајкуваат поради исплатата за трансферот на Роналдо


Вработените во фабриката на Фиат во јужна Италија најавија штрајк поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, за кој треба да се исплатат 105 милиони евра. Најавено е дека штрајкот ќе се одржи следната недела, меѓу 15 и 17 јули, со целосна поддршка на синдикатите. – Неприфатливо е работниците економски да се жртвуваат, а компанијата […]

И покрај најавите: Театарот во Скупи ќе се конзервира, но нема да се реконструира


Античкиот театар на археолошкиот локалитет Скупи, почнувајќи од идната недела, во траење од два и пол месеца, ќе се конзервира, но нема да се реконструира како што беше предвидено и најавувано со години. Ова беше соопштено на прес-конференција во Скупи, од Елеонора Петрова-Митевска, директорка на Управата за заштита на културното наследство, и од Роберт Алаѓозовски, […]

Форбс: Кајли Џенер е најмладата милијардерка


САД– Економскиот магазин „Форбс“ ја објави листата на најбогати жени во Америка кои сами го стекнале богатството, а многумина се изненадија кога ја видоа Кајли Џенер на листата. 20 годишната ѕвезда од Кардашијан-Џенер кланот „тежи“ 900 милиони долари и се очекува наскоро да стигне до 1 милијарда, а растот на богатството ја прави најмладата милијардерка […]

Венчаницата на Шерон Тејт на продажба


САД– 20 јануари 1968 година беше ден за паметење за Шерон Тејт. Веднаш по нејзиниот прв успешен филм „Долина на куклите“, актерката се омажи за режисерот Роман Полански на фестивал во Лондон, на кој присуствуваа познати личности како Кендис Берген и Џоан Колинс. Фустанот што Тејт го носеше тој ден – една година и пол […]

Најдобар ресторан во 2018: „Оскарот“ отиде во Италија


Шпанија– „Остерија Франческана“ во Модена, Италија, е прогласен за најдобар ресторан во светот за 2018 година, на чело со главниот готвач Масимо Ботура, експерименталниот готвач со три ѕвезди Мишелин. Најдобрите ресторани беа избрани во Билбао, Шпанија, на церемонија што уште се нарекува и Оскари во светот на храната. Со цел да се изберат победници, повеќе […]

Концерт на Влатко Стефановски на 1 август во Охрид


По огромниот успех и продадените 3 концерти во Македонската Филхармонија во март годинава, најновиот проект на Влатко Стефановски, албумот „Мајчин Јазик“ ќе прозвучи и на Антички Театар во Охрид. На 1 август, во 22 часот, публиката ќе има можност повторно да го доживее извонредниот проект кој несомнено наиде на големо воодушевување како кај посетителите така […]

Уапсена порно глумицата Сторми Даниелс


САД-Порно глумицата Сторми Даниелс, која пред неколку месеци беше актуелна поради својата наводна афера со американскиот претседател Доналд Трамп, е уапсена завчера за време на настап во стриптиз клуб во Колумбус, Охајо. Причина за апсењето, официјално, е тоа што „му дозволила на гостин од публиката наводно да ја допре на несексуален начин“, истакна нејзиниот адвокат […]

Манекенката секси во поодмината бременост: Цеце Орешкова како Деми Мур


Манекенката и бизнисменка Цеце Орешкова по примерот на славната актерка Деми Мур се соблече во поодмината бременост. Секси црно-белите фотографии кај што позира сама или со сопругот Кристијан Георгиев ги сподели на социјалните мрежи. Жените и честитаат на храброста, а мажите се воодушевени од нејзината убавина. Цеце и Кристијан, ги бројат деновите кога за првпат […]

Женски муабет во Брисел: Меланија Трамп со првите дами на класичен концерт


Белгија– Додека американскиот претседател Доналд Трамп расправа за буџетот на самитот на НАТО во Брисел, неговата сопруга Меланија ужива дружејќи се со сопругите на водачите на Нато и на европските први дами. Меланија ја посети музичката академија во Вотерло, близу Брисел, во тегет фустан на Келвин Клајн и чевли Лубутан. Друштво и правеа првите дами […]