Рап-ѕвездата Карди Би роди ќерка


САД– Скандалозната рап-ѕвезда Карди Би го роди своето прво дете. Тоа е девојче и носи чудно име Калчр (Kulture). Таткото на детето Мигос има двс објавени албуми во текот на изминатите две години, наречени Culture и Culture II.

Веста за бременоста на Карди Би стана јасна во април, а официјалната потврда за раѓањето на бебето таа ја направи со објава на Инстаграм, објавувајќи ја својата фотографија, на која е сѐ уште бремена. Очекуваме деби на бебето на социјалната мрежа, бидејќи Карди Би не е од оние срамежливите.