Женски муабет во Брисел: Меланија Трамп со првите дами на класичен концерт


Белгија– Додека американскиот претседател Доналд Трамп расправа за буџетот на самитот на НАТО во Брисел, неговата сопруга Меланија ужива дружејќи се со сопругите на водачите на Нато и на европските први дами.

Меланија ја посети музичката академија во Вотерло, близу Брисел, во тегет фустан на Келвин Клајн и чевли Лубутан. Друштво и правеа првите дами на Франција и на Турција. На концертот за клавир и виолина им се придружиле и партнерката на белгијскиот премиер и сопругата на генералниот секретар на НАТО Столтенберг.

Меланија го придружува сопругот Доналд Трамп на еднонеделна турнеја низ Европа.