„Сингапур ерлајнс“ е најдобра авиокомпанија на светот


САД–  20 милиони патници од 335 авиокомпании во светот го избраа „Сингапур ерлајнс“ за најдобра авиокомпанија во светот.  Анкетата е резултат на едногодишно истражување во периодот од август лани до мај година.   Резултатите ги објави  „Скитракс“ кој го доделува Оскарот во авио индустријата. На второто место е Катар ервејс, а меѓу десетте најдобри е […]

Кајли Џенер и Тревис Скот: Провокативна насловница за „GQ“


САД– Кајли Џенер, најмладата милијардерка според „Форбс“ позираше со својот дечко Тревис Скот за насловницата за августовското издание на престижниот магазин „GQ“. Кајли од кланот Кардишан-Џенер е една година во врска со раперот Скот и ја имаат петмесечната ќерка Сторми. „GQ“ донесува ексклузивна сторија за нивната врска и за лузната на нога која Кајли не […]

Естрадата на плажа: Одмор, селфи и мода


Естрадата во лето, кога не е на сцена, ќе ја најдете на плажа. Заради одмор, уживање, сеир, да ја покаже топ-формата или да се пофали со модните парчиња. Порано тоа беше приватно патување, а сега стана јавно богатство. Повеќето се фалат на социјалните мрежи со фотографии, од ќеф, од инает или зашто сите така прават. […]

Топ-моделот во Македонија: Летисја Каста ќе снима филм во Битола


Француската манекенка и актерка Лeтисја Каста ќе снима филм во околината на Битола. Од петок до 24 август во неколку битолски села ќе се снима швајцарско-францускиот „Зад хоризонтот“ (Le Milieu de l’horizon) на режисерката Делфин Леерисе. Каста како врвна манекенка со години ги краси насловните страници на светските модни списанија. Има снимено повеќе од 20 […]

(Фото+Видео): Мама миа, Мерил Стрип и Шер се бакнаа во уста


Англија– Мама миа, ѕвездите Мерил Стрип и Шер се бакнаа синоќа на гала- премиерата на новото продолжение на мјузиклот „Мама миа – одиме повторно“ во Лондон. “ Мама миа 2“ ќе ги прикаже настаните што им претходеа на оние од хит-филмот од 2008 година, снимен на грчкиот остров Скијатос. Мерил Стрип повторно ќе ги пее […]

По инцидентот на финалето Франција-Хрватска: Членовите на „Пуси Рајот“ осудени на 15 дена затвор


Русија – Суд во Москва ги осуди по брза постапка на 15 дена притвор четворицата членови на панк групата „Пуси Рајот“ кои истрчаа на теренот за време на финалето на Светското првенство меѓу Франција и Хрватска. Три жени и еден маж од групата, облечени со лажни полициски униформи, втрчаа на теренот на почетокот на второто полувреме […]

(Видео) : Мишел Обама танцуваше на концертот на Бијонсе и Џеј- Зи во Париз


Франција– Експрвата дама на САД и адвокат Мишел Обама со ќерките Саша и Малија танцуваа на концертот на Бијонсе и Џеј-Зи во Париз, насловен „On he Runn II. Барак Обама ја пропушти журката поради конференција во Африка. Друштво на Мишел ,која беше облечена во кратки панталони , веднаш до сцената и правеше мајка и на […]

МТВ музички награди: Карди Б со најмногу, 10 номинации


САД– Поп-ѕвездата Карди Б има 10 номинации за претстојните МТВ музички и видео награди што ќе се одржат во Радио Сити Хол во Њујорк на 20 август. Карди Б е номинирана во категориите за спот, песна и музичар на годината. „The Carters“ имаат осум номинации во категориите за спот, најдобра соработка и Хип-Хоп изведувач. Меѓу […]

(Видео) Костими за капење: Модна недела во Мајами


САД– Во Мајами се одржува Модна недела посветена на костимите за капење, чиј традиционален спонзор е „Мерцедес“. Модни куќи и дизајнери од целиот свет учествуваат  со ревии на кои се слават креациите и топ-формата на манекенките. Свое учество на Модната недела пријавија и луксузните брендови „Шанел“ и “Клое“.

„Вог“ ја прогласи Ема Вотсон за најубаво облечена на Вимблдон


Англија– Списанието „Вог“ ја прогласи актерката Ема Вотсон за најдобро облечена славна личност на Вимблдон. На престижниот тениски турнир таа блескаше на трибините во бело, од глава до петици, а триделниот костум и белата шапка навистина беа без мана. Вчера таа се појави во долг бежов фустан на закопчување, но најверојатно ќе останеше незабележана доколку […]

Парфемски „Оскар“: Мирисот на Ева Мендез е најубав според читателите


Мирисот „Eve Duet“ на Авон ја освои наградата “Избор на читателите” во соработка со магазинот Elle UK, а истата беше доделена од страна на Фондацијата за мириси на Велика Британија. Познати како “Оскарите” во индустријата за мириси, овие награди ги препознаваат најдобрите парфеми на пазарот. “Кога го креиравме Eve Duet, нашата главна цел беше да […]

(Видео) Версаче ангажираше 54 модели за епска есенска кампања


Италија– Италијанската луксузна модна марка Версаче за потребите на есенската кампања ангажираше дури 54 топ модели. Кампањата е фотографирана од Стивен Меисел, а меѓу моделите се и Џиџи Хадид, Каја Гербер, Бела Хадид, Иман Хамам, Виторија Черети и Грејс Елизабет.

Супермоделот Кејт Аптон бремена со првото дете


САД– Супермоделот и актерка Кејт Аптон е бремена со првото дете. Аптон, за веста се пофали на социјалните мрежи. Со сопругот, безбол играчот Џастин Варландер се венчаа лани на романтична свадба во Италија. Кејт беше избрана од страна на престижниот магазин “Максим “за најсексипилната жена за 2018 година. Ја красат облини, харизма и убавина и […]

Медиумите во Франција го обвинија Путин за „недостиг на елеганција“


Русија – Сите медиуми во Франција посветија сериозно внимание на вчерашното наградување на француските репрезентативци, кои поминаа на пороен дожд. Француските изданија „Клоусер“ и „Ел“ се фокусираат на церемонијата на доделувањето на која претседателите на Франција и Хрватска, Емануел Макрон и Колинда Грабар-Китаровиќ останаа на дождот и накиснаа, додека рускиот претседател Владимир Путин беше веднаш […]

Јелена Јованова на плажа во Котор


Јелена Јованова (33) е една од нашите најубави и најангажирани актерки дома, но и во странство, летово го спои одморот со работа. Се пофали на социјалните мрежи дека позира на плажа во Котор во Црна Гора која воедно и е канцеларија. Не открива за што станува збор, најверојатно е реклама за македонски бренд. Но, според […]

Без кралицата: Официјални портрети од крштевањето на принц Луис


Англија- Палатата Кесингтон ги објави официјалните фотографии од крштевањето на принц Луис, третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, снимени во Кларен хаус. На фотографијата позира англиското кралско семејство, без кралицата Елизабета Втора и сопругот принцот Филип. За време на крштевањето во кралската капела, 5-годишниот Џорџ и 3-годишната Шарлот за рака го држеа принцот Вилијам, […]

Почина Драгутин Шурбек, легендарниот југословенски пингпонгар


Легендата на југословенскиот и хрватски спорт, пингпонгарот  Драгутин Шурбек почина на 72-годишна возраст. Шурбек кој три децении беше на врвот во овој спорт, почина ненадејно во својата татковина. Имаше титули светски и европски шампион во поединечна и игра во двојки. Беше носител на 36 медали од светски и европски првенства, имаше 518 настапи за репрезентацијата, […]

Владо Јаневски, поп-ѕвезда: Во мојот живот сѐ беше музика


Поп-ѕвездата Владо Јаневски (57) е во топ-форма и не старее. Како и неговите песни кои со текот на годините прераснаа во евергрини. Зар има некој што не ги знае „Црно тиквешко“, „Чаирска романтика“ или пак не се пронашол во оние добропознати стихови „Некогаш и негде…“ И по 25 години кариера, не се чувствува како ѕвезда, […]

Актерот Никола Ристановски порача од Охрид: Уметноста нема да се предаде


Уметноста нема да се предаде, порача синоќа актерот Никола Ристановски во пораката од уметниците која традиционално се чита на свеченото отварање на Охридско лето во Античкиот театар. -Уметноста нема да го спаси светот.Сите нејзини музи веројатно не можат да го направат многу подобар, ниту многу поправеден животот во него. Но кога на момент би помислиле […]

Сајмон Ле Бон од „Дуран Дуран“ обвинет за сексуално вознемирување


САД– Сајмон Ле Бон , пејачот на култната поп-група од 80-тите  „Дуран Дуран“ е обвинет за сексуално вознемирување. Жртвата, Шерен Харири тврди дека Ле Бон ја допрел за гениталиите во 1995 година за време на потпишување на автограми во продавница за плочи. Харири нема судски да го тужи ниту бара материјална оштета, освен признание од […]