(Видео) Последен поздрав до рокерот: Денес ќе биде погребан Влатко Илиевски


Прерано починатиот пејач Влатко Илиевски ќе биде погребан денес напладне на гробиштата во Ѓорче Петров.Неговото тело ќе биде изложено во капелата од 11 до 12 часот. Следната недела ќе бидат познати причините за смртта на Илиевски,  потврдија  од Институтот за судска медицина. Потребен е период да се реализира обдукцијата врз телото на пејачот  и да […]

(Видео) Владо Јаневски сними спот за „Главен град на тагата“: Дунавка е класа манекенка


Манекенката Дунавка Трифуновска ја игра главната женска улога во новиот спот на поп-ѕвездата Владо Јаневски за песната „Главен град на тагата“ денес промовирана во Скопје. „Таа е класа лик и му дава убавина на спотот“, вели Владо. Тој додаде дека другите девојки во видеото се избрани според тоа што се обични, нормални, и токму поради […]

Тања Лепческа и Златко Димовски младоженци на Галичка свадба 2018


Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженци на годинешното 45. издание на Галичката свадба, што ќе се одржи од 13 до 15 јули во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина. Александар Костиќ, претседател на Месната заедница „Галичник“, која е организатор на манифестацијата на денешната прес-конференција во Скопје изјави дека се горди што Галичката […]

Бит фест: Незаборавна рок симфонија со домашни и регионални ѕвезди


Битолскиот камерен оркестар и овојпат ги надмина очекувањата на многубројната публика за време на Роксимфонијата која се одржа синоќа а ракометното игралиште во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето. Најпопуларниот и најбараниот проект на Камерниот Оркестар на Битола – Rock Symphony и прекрасните музички изведби на Ненад Милосавлјевиќ – Неша од „Галија“ […]

Сто години од раѓањето на архитектот Борис Чипан


Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, општина Охрид, Музејот на Град Скопје и Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе го одбележат јубилејот „Сто години од раѓањето на архитектот Борис Чипан“. Во куќата на Уранија во Охрид ќе се обратат градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски, академик Газанфер Бајрам од […]

Нови обвиненија за сексуални напади против Кевин Спејси


Англија– Британската полиција соопшти дека ги истражува тврдењата на уште три други лица, кои го обвинуваат американскиот актер Кевин Спејси за сексуални напади. Претходно се тврдеше дека се истражуваат три случаи за наводни напади, но истрагата во Британија е проширена со уште три извршени во периодот од 1996 до 2013 година во Лондон и Глочестер. […]

Илинденски концерт на Владо Јаневски во Охрид


Поп-ѕвездата Владо Јаневски по пауза од скоро 10 години, ќе одржи голем концерт во живо во Охрид , во Антички театар, по одложениот во јуни. Вечерта на Илинден (2 август)  од 22 часот, публиката ќе може да ги слушне апсолутно сите хитови на Јаневски, кој оваа година слави јубилеј- 25 години од неговата соло кариера. […]

Опра за британски „Вог“: Нема да се кандидирам за претседател на САД


САД– Откако Доналд Трамп успешно направи транзиција од селебрити до претседател на САД, јавноста почна да навива и за други славни лица од шоубизнисот да се кандидираат. Една од фаворитките е водителката и најмоќна медиумска фигура Опра Винфри, особено по моќниот говор на Златните глобуси. Но, во новото интервју за британскиот “Вог”, ги негираше тие […]

Работно лето на актерот во Италија: Клуни пушти мустаќи


Италија– Ова лето ќе биде работно за актерот и режисер Џорџ Клуни. 57-годишниот холивудски миленик ја снима  тв серијата „ Catch 22 “  и со семејството се пресели на Сардинија, во луксузна вила со два базена. Двојката го смени и изгледот. Папараци ги фатија на излез од ресторан. Клуни пуштил мустаќи, а сопругата Амал била […]

Висока мода во Париз: Армани се врати на гламурот


Франција– Црни и златни костуми со панталони и тоалети од соништата од кадифе презентираше големиот дизајнер Армани на Неделата на висока мода во Париз. Армани, чија листа на клиенти се протега од Холивуд до високите финансиски кругови, е лидер во модната индустрија и досега најмоќното лице од модата што има проговорено околу дебатата со тежината […]

Синот на Тина Тарнер се самоуби


САД–  Најстариот син на поп-легендата Тина Тарнер (78), Крег Рејмонд Тарнер (59) се самоуби со огнено оружје во својот дом во Студио Сити, Калифорнија. Локалните власти потврдија дека тој вчера напладне бил пронајден мртов. Неколку часа претходно, неговата мајка гостуваше на Џорџо Армани шоуто на Неделата на висока мода во Париз. Крег беше син на […]

Пенелопи Круз е новиот бренд амбасадор на „Шанел“


Франција– Шпанската актерка Пенелопи Круз, добитничка на Оскар во 2009 година за споредна улога во „Вики Кристина Барселона“ на Алмодовар е промовирана за нов бренд амбасадор на „Шанел“. Таа денес беше гостинка на ревијата на луксузната модна куќа на Неделата на висока мода во Париз. Веќе е традиција Шанел да ангажира за заштитна лица познати […]

Боно во ОН: Меѓународните институции се под закана


САД-Ирската рок-ѕвезда Боно предупреди дека ОН и другите меѓународни институции, вклучувајќи ги и ЕУ и НАТО, се изложени на ризик, па ги повика државите да работат заедно, за да гарантираат дека овие организации ќе продолжуваат да постојат. Фронтменот на групата „Ју-ту“, кој е роден во Даблин, синоќа одржа говор пред неколку стотици дипломати и претставници […]

Нови локалитети на листата на светско културно наследство на Унеско


Франција– Организацијата на ОН за образование, наука и култура Унеско на листата на светско културно наследство ги смести индустрискиот град Ивреа во северна Италија и археолошкото наоѓалиште Медина Азахара во шпанската покраина Кордоба. Ивреа е втор по големина град во округот Торино. Во него е основана компанијата „Оливети“, производител на машини за пишување, механички дигитрони […]

(Фото) Висока мода во Париз: Славни дами како манекенки


Франција– Париз е центарот на модата оваа недела. Со ревии на висока мода се претставуваат луксузните модни куќи. Брендот „Миу Миу“  го крена адреналинот со својата ресорт ревија која ја носеа славни актерки и трендсетерки. Освен колоритните комбинации наменети за современата жена во текот на целиот ден и вечер, тимот на модната куќа одлучи, во […]

Каролина со концерт на Антички во Охрид на 11 август


После успешно распродадената пролетна турнеја во повеќе концертни сали низ градовите во Македонија, Каролина и нејзиниот бенд доаѓаат во Охрид со двочасовен open air концерт и тоа на 11-ти август, на најубавиот простор во нашиот туристички бисер, Антички театар. На концертот ќе прозвучат сите песни од албумот „Извор“, како и најубавите песни од историскиот проект […]

Совети за летна фризура: Здрава коса за на плажа и на работа


САД – Гледајќи низ прозорот од канцеларијата, облечени во костим и со уредно прибрана коса, зарем не ви фали другата страна, онаа каде вашата коса ќе биде пуштена слободно и со сол на преубавата плажа? Изгледа примамливо, но откако ќе заврши одморот лелеавата коса за која не сте се труделе многу мора повторно да изгледа […]

Енрике и Ана ги покажаа близнаците


САД– Во домот во Мајами на поп-ѕвездата Енрике Иглезијас и тенисерката Ана Курникова се навива страсно за Светското фудбалско првенствено. Славните родители споделија на социјалните мрежи дел од домашната атмосфера заедно со шестмесечните близнаци Николас и Луси. Двојката по 16 години врска добија деца. Се уште не е познато дали ја озакониле и врската.

Меланија Трамп заработи околу 100.000 долари од авторски права за нејзини фотографии


САД- Од стапувањето на нејзиниот сопруг на должноста претседател на САД, Меланија Трамп заработила стотина илјади долари од фото-агенцијата Гети, за објавување на нејзини фотографии, објави Ен-Би-Си Њуз. Неодамна објавениот финансиски извештај за претседателот Трамп открива дека фотогеничната прва дама во 2017 година заработила најмалку 100.000 долари за употреба на 187 фотографии направени меѓу 2010. […]

Принцот Чарлс ги сподели со јавноста досега невидените портрети на синовите


Англија– Насликаните во масло портрети на синовите Вилијам и Хари што ја красат приватната резиденција на принцот Чарлс (70) ќе бидат изложени на изложбата што ќе биде отворена во Бакимгенската палата цело лето- од 21 јули до 30 септември. Изложбата насловена „ Prince&Patron“ ќе содржи 100 предмети од приватната кралска колекција и од млади уметници, […]