Внуката на Грејс Кели има принова: Шарлот Казираги роди втор син


Монако–  Внуката на принцезата и холивудска актерка Грејс Кели и ќерка на принцезата Каролина, Шарлот Казираги (32) роди втор син, прво дете со избраникот, филмскиот продуцент од Париз Димитри Расам (36) . Двојката се сврши лани, а свадбата се очекува идната година. Шарлот има четиригодишен син Рафаел, со претходниот дечко, актерот со туниски корени Гад Елмалех. Ова е трета принова во монегашкиот двор годинава, по децата на двајцата браќа на шарлот-Андреа и Пјер Казираги, и седмо внуче на мајка им Каролина.

Избраникот на Шарлот нема сина крв ама има славни корени. Негова мајка е прославената глумица Карол Буке, а татко Жан -Пјер Расам кој починал кога тој имал четири години, фален филмски продуцент од 70-тите.

Димитри има шестгодишна ќерка со екссопругата, рускиот модел Маша Новоселова од која се разведе во 2016 година.

Новороденото бебе не може да претендира за тронот додека двојката не се венча. Шарлот е седма во редот на тронот во Монако.