Во светот 1,4 милиони заразени со коронавирус, кај нас досега 599


Во светот досега се регистрирани 1,4 милиони лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се околу 80 илјади, а оздравеле 300 илјади. Кај нас, со вчерашните 29 новозаболени пациенти, вкупната бројка достигна 599. Починаа 27, а излекувани се 30 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје – 254; […]

Коронавирусот е најлошиот разузнавачки неуспех во историјата на САД


Во септември минатата година се сретнав со потпретседателот за ризици на една од 100-те најдобри компании во Вашингтон, кој пред тоа имал долга кариера како разузнавачки аналитичар и го прашав што најмногу го загрижува. Без размислување ми одговори: „Многу заразен вирус што ќе почне негде во Кина и брзо ќе се прошири“. Потпретседателот, чија компанија […]

Сончево со слаб до умерен североисточен ветер


Времето ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Од минус еден до четири степени, а дневната температура ќе се движи од девет до 21 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 19 степени. Следува период на стабилно, […]

Мис Англија се врати дома во лекарски мантил


Aнглија– Мис Англија за 2019 година, Баша Мукерџи, која по професија е лекарка, се врати во земјата каде што израснала, за да ѝ помогне во борбата против коронавирусот. Мукерџи завршила медицина на Универзитетот во Нотингем. Таа ќе биде во изолација две недели, што е задолжително кога некој се враќа од странство, а потоа ќе им […]

Стефани Гришам ќе биде шефица на кабинетот на Меланија Трамп


САД– Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам повеќе нема да ја извршуваа таа функција, туку ќе работи како шеф на кабинетот на првата дама на САД, Меланија Трамп. Таа на местото портпаролка на Белата куќа е поставена во април минатата година, каде ја замени Сара Сандерс, а интересно е што оттогаш нема одржано ниту една […]

Кардашијан-Џенер со нов парфем: Вака мирисаат мајките и ќерките  


САД- Ким Кардашијан-Вест се здружи со сестрите Кајли, Клои и Кортни за парфемите во изминатата година – но за Денот на мајката, таа го промовира новиот парфем за прв пат со мајка си Крис Џенер. Ќе се лансира на 15 април, а новиот парфем се опишува како „безвременски“ и „за сите генерации“ кој ја слави […]

Андреа Бочели за Велигден ќе пее во празна катедрала во Милано


Италија– Италијанскиот тенор Андреа Бочели в недела на Велигден ќе настапи во катедралата во Милано, која ќе биде празна, а настапот ќе се пренесува преку Јутуб. „Пред неколку дена го повикав Бочели. Тој потврдно одговори: значи дека ќе биде во Милано за Велигден во 19 часот во празната катедрала, тој ќе пее церемонијална музика“, најави […]

Белгија очекува коронавирусот да стане сезонски


Белгија– Виролозите од белгискиот кризен штаб за коронавирусот предупредуваат дека се големи шансите коронавирусот Ковид-19 да стане сезонски и препорачуваат носење на маска во секоја прилика, јавува дописничката на МИА од Брисел. Експертите од кризниот штаб сметаат дека ова “не е лоша вест само по себе“, но дека за сега колективниот имунитет е преслаб. -Сметаме […]

Кремљ: Путин се тестира на Ковид-19 колку што е потребно


Русија – Рускиот претседател Владимир Путин се тестира на коронавирус онолку често колку што е потребно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. -Се тестира онолку често колку што неговиот лекар смета дека е соодветно, кажа Песков денеска, одговарајќи на новинарски прашања, пренесе Тасс. Песков забележа дека не е запознаен со процедурата на тестирањето на претседателот. -Не […]

Ана Винтур за Вог: Изолацијата е потсетник дека сме потребни едни на други


САД– Кога животот се менува, забележувате работи на нови начин. Сигурна сум дека сите ние, на пример, сме многу свесни за секоја педа од нашите домови во последните неколку недели. И се надевам дека откривте како чувствувате да носите маска за лице кога излегувате. Како што учиме од здравствените работници, ова е еден од најважните […]

Концерт „од дома“ со Лејди Гага, Пол Макартни, Били Ајлиш…


САД– Лејди Гага и организацијата „Глобал ситизен” собраа 35 милиони долари за борбата против коронавирусот. Ќе се организира и специјална ТВ-емисија, каде што ќе учествуваат Пол Макартни, Стиви Вондер, Били Ајлиш, Maраја Кери и други познати пејачи, под наслов „Еден свет – заедно дома“. Лејди Гага изјави дека парите ќе бидат наменети за Светската здравствена […]

Во Србија сите заразени мораат во болници, нема веќе лекување во домашни услови


Србија– Српското Министерството за здравство и институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ проследија до локалните самоуправи инструкции, со кои се наложува дека сите заразени лица со коронавирус мора да се да се лекуваат во ковид болниците или во импровизираните болници (карантитни) во Белград, Ниш и Нови Сад, како и дека повеќе нема да има […]

ЕУ испраќа медицински тим и помош во Италија


Белгија – Романија и Норвешка, преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, испраќаат екипа на лекари и медицински сестри за да им помогнат на локалните доктори во Италија, соопшти денеска Европската Комисија. Механизмот за цивилна заштита на ЕУ има за цел да го координира одговорот на ЕУ во кризни состојби. Романските и норвешките медицински лица ќе […]

Истражување: Маските ја намалуваат брзината на ширење на коронавирусот


Хонг Конг– Употребата на медицински маски може да ја намали брзината на ширење на смртоносниот коронавирус, тврди меѓународна група научници, пренесува списанието „Натурал медицин“ (Natural Medicine). Во лабораториски услови, маските значително ја намалиле количината на честички на разни вируси што се шират кај пациентите. Нивниот број е регистриран преку специјалниот апарат „Гезундхајт 2“, кој го симулира човечкото […]

Универзитетската клиника за хематологија работи со полн капацитет


ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје соопшти дека во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на Ковид-19, работи со полн капацитет согласно препораките за работа на Министерство за здравство. – Секојдневно се спроведуваат мерки кои имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и на медицинскиот персонал, а истовремено одговарајќи на потребите […]

Почина Хонор Блекмен, девојката на Бонд од „Златниот пиштол“


Англија- Актерката со најубавите сини очи Хонор Блекмен, најпозната како Пуси Гелор во „Златниот пиштол“ (Goldfinger), почина на 94-годишна возраст. „Со голема тага е што мораме да ја објавиме смртта на Хонор Блекмен на возраст од 94 години. Таа почина мирно од природни причини во нејзиниот дом во Луис, Сасекс, опкружена со семејството “, објави […]

На попуст малиот црн фустан на Меган Маркл


САД– Меган Маркл е позната по класичниот стил, па затоа не е изненадување што еден од нејзините најиконични кралски изгледи се најде на продажба- фустанот „Џеки О.“ Меган го носеше овој добро познат фустан, со необичен изрез на деколтето, на приемот во Кралското воздухопловно друштво во центарот на Лондон, на четвртиот ден од состанокот на […]

Меркел: ЕУ е пред најголем предизвик од основањето


Германија – Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека ЕУ се наоѓа пред најголемиот предизвик од своето основање. – Соочени сме со голем предизвик по здравјето на луѓето, а соочени се сите земји членки. Поради тоа треба да биде во интерес на сите, а така и на Германија, од таа криза да не излеземе послаби, туку […]

Папата Франциск формира итен фонд за помош на земјите во развој


Италија– Папата Франциск формира итен фонд за помош на подрачјата зафатени со коронавирусот во земјите во развој, соопшти денеска Ватикан. Во соопштението се наведува дека папата одредил 750.000 долари од средствата што му се на располагање како почетен придонес во фондот, пренесоа британските медиуми. Папата ги замоли црковните ентитети и епархии да дадат свој придонес во […]

Мајката на Пеп Гвардиола ја загуби битката со коронавирусот


Шпанија– Мајката на Пеп Гвардиола ја загуби битката со коронавирусот. Тажната вест ја соопшти Манчестер сити на својот Твитер налог. Долорес Сала Карио почина во Манреса, Барселона, во 82. година од животот. „Најискрено сочувство до Пеп, неговото семејство и пријателите“, стои во дополнителната порака на актуелниот англиски шампион.