Патлиџан


ЛЕЈЛА САБИТ

Актуелен летово и преку цела година.

Црвен или модар.

Зрел или зелен.

Како лицето или паметта на луѓето.

Сочен или тврд.

Органски или од стакленик.

Тазе или од туршија.

Јабучар или чери.

Домашен или од увоз.

Пасиран, како сос, салца или кечап.

Како дете уживавте да го јадете, како големи со него можете да правите револуција.

Се јаде во манџа, како салата, супа, може да се пие како сок, а некој како лек за мамурлак.

Здрав, е а и ве освежува.

Богат е со актиоксиданси, полн со калиум, добар е за срце, а како диуретик и за снижување на крвен притисок.

Може да се јаде од нога, ама најдобро се мези во друштво.

Некој има ќеф сам да го одгледува, а некој на готово да го купи.

Беше наша гордост додека не се замешаа странските семиња.

Сега тешко e во Македонија да најдете вкусен, а евтин патлиџан.

Сите се жалат од понудените сорти.

Во светот органското е најскапо, а ние на производството гледаме од високо, како да не ни е достојно.

Здрава храна, здрав народ.

Или на повидок е нова патлиџан револуција?