Од Хари Потер до одржлива мода: Ема Вотсон во бордот на директори на „Керинг“


САД- Траекторијата за кариера на Ема Вотсон беше интересна за гледање; од главната улога како Хермиона Гренџер во Хари Потер до активист за животна средина.

30-годишната ѕвезда сега се приклучи на бордот на директори на францускиот моден гигант Керинг, сопственик на етикетите „Гучи“, „Сен Лоран“ и „Ботега Венета“.

Ѕвездата на  Little Women  ќе претседава со комитетот за одржливост на брендот во улога што ќе види дека таа влијае на позитивните промени во животната средина.

Но, како детската ѕвезда – чијашто светска призната улога беше иконски дел од 2000-тите – ја направи оваа промена без напор?

Финалниот филм на Хари Потер беше објавен во 2011 година, кога Вотсон имаше 21 година. Но, непосредно пред објавувањето на последниот филм, таа почна да студира англиска литература на универзитетот Браун, и студиите траеја пет години – наместо четири –  заради нејзините актерски обврски.

Освен на црвениот килим и како учесник на предизвикот на Зелениот килим на Ливија Фирт во 2015 година, Ема, веќе тивко ја започна својата улога како амбасадор на добра волја на ООН.

Таа не увери дека се што носи на црвениот килим од 2015 па наваму е одржливо произведено. Тоа е улога што Вотсон ја сфати особено сериозно, соработувајќи со некои од најдобрите стилисти во бизнисот за да се осигури дека го одржала своето ветување.

Бидејќи нејзината улога како амбасадор на добра волја на ООН стана поизразена, фановите на актерката можеби се сеќаваат на нејзиниот говор за кампањата HeForShe, кој ја зацементира нејзината позиција како активист во очите на јавноста.

Пред студиите на универзитетот Браун, таа поминуваше време во промовирање на образованието на девојчињата и во Бангладеш и во Замбија, а беше и во улога на амбасадор во Камфед Интернешнл, движење за едукација на девојчиња во рурална Африка.

Имајќи го тоа предвид, нејзината функција во Керинг  не изгледа како случаен чекор, но можеби е и израчунат  потег за некој што го трасира патот во секторот за одржливост.

Керинг немаше најдобри квалификации за одржливост во изминатите години и се соочи со критики во минатото, така што овој потег сигурно ќе биде добредојден за многумина.

Вотсон е исто така лице за апликацијата Good On You, која ги оценува модните марки за тоа колку се етички и одржливи.

Франсоа-Анри Пино,  шеф на Керинг, ги опиша новите состаноци како „знаење и компетенции и мноштвото на нивните потекла и перспективи“.