Нови правила на аеродромите во Скопје и Охрид, да се пристигне најмалку три часа пред лет


Патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред нивниот лет, да носат заштитна маска постојано, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена, се дел од новите правила за патување на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Свети Апостол Павле Охрид кои  стартуваат со патнички летови од 1 следниот месец,  по […]

Фондацијата „Ставрос Ниархос“ со 6.9 милиони евра им се заблагодарува на лекарите во Грција за битката со Ковид-19


Грција – Практично, со 6.9 милиони евра, Фондацијата „Ставрос Ниархос“ одлучи да им се заблагодари на над 4.600 лекари, болничари и хигиеничари во болниците за Ковид-19 во цела Грција за нивната битка со новиот коронавирус, јави дописничката на МИА од Атина. Од Фондацијата соопштуваат дека финансиската поддршка ќе биде еднакво распределена на сите вработени во Одделите […]

Ношпал ѝ се враќа на „ready-to-wear“ модата, Надица Георгиева и Веда Евтимова во главните улоги


Модниот дизајнер Александра Ношпал и Е-продавницата МИТРА лансираат заедничка колекција под името „Ношпал Митра Limited Edition“ која ќе биде достапна ексклузивно на веб-страницата на продавницата. После долги години работа во театрите и балетите низ земјата и во странство, Ношпал се прилагодува на промените и ѝ се враќа на „ready-to-wear“ модата, креирајќи мини колекција во соработка со […]

Лени Кравиц, тоа е стилот Ив Сен- Лоран


Франција- Со текот на годините, брендот „Ив Сен- Лоран“ внимателно негуваше врски со музичари – од „кралската“ листа до оние во подем и ги пополнуваше посакуваните први редови на своите ревии со ѕвезди од типот кој е кој од музичката индустрија . Поп-ѕвездата Лени Кравиц кој имаше незаборавен концерт и во Скопје, е стилската ѕвезда […]

Нов ветувачки лек против дебелината


САД– Дебелината влијае на повеќе од 650 милиони луѓе низ светот и предизвикува долг список на здравствени состојби, вклучувајќи болести како што се дијабетес тип 2, кардиоваскуларни проблеми и десетици смртоносни карциноми. Всушност, глобалната потрошувачка на лекови за лекување на дебелината и поврзани болести изнесува повеќе од 150 милиони евра годишно. – И покрај ова, […]

Холивуд бара да се инвестира во антирасизам а не во полиција


САД– Повеќе од 300 црномурести глумци и продуценти, меѓу коишто и Идрис Елба, Квин Латифа и Били Портер, вчера побараа од Холивуд – наместо во полициски содржини и во полицијата, да вложи во антирасизмот. Во отворено писмо, потписниците повикаа да се стави крај на величењето на полициското насилство. Тоа е објавено од групата „Холивуд за […]

Jорданците се светски прваци во пушење цигари, Турците на второ место


Јордан– Процентот на пушачи во Јордан е највисок во светот, повеќе од 80 проценти од мажите во Јордан пушат или редовно користат никотински производи, вклучувајќи ги и електронските цигари, според податоците на државното истражување од 2019 година во соработка со Светската здравствена организација. Во просек, Јорданците кои се пушачи, дневно пушат по 23 цигари. Според […]

Порноѕвездата Рон Џереми обвинет за силување, се соочува со 90 години затвор


САД– Познатиот порноглумец Рон Џереми е обвинет за силување на две жени и за сексуален напад врз уште две, објави Обвинителството во Лос Анџелес. Тој вчера првпат се појави во суд. Обвинителството побара кауција од 6,6 милиони долари. Глумецот, наводно, ги извршил тие напади од 2014 до 2019 година. Жените имале меѓу 25 и 46 […]

Обама му помогна на Бајден да собере 7,6 милиони долари за предизборната кампања


САД– Поранешниот американски претседател Барак Обама му помогна на демократскиот кандидат за шеф на државата Џо Бајден да собере донации од 7,6 милиони долари од над 175.000 лица. – Нема човек, во кого верувам повеќе, дека е способен да ја излекува оваа земја и да ја врати на вистинскиот пат, од мојот пријател Џо Бајден, […]

Пленковиќ нема да се изолира по краткиот контакт со Новак Ѓоковиќ


Хрватска–  Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ нема да се изолира по краткиот контакт со светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, кој е позитивен на Ковид-19. Според хрватскиот Институт за јавно здравје, нема потреба премиерот да биде во карантин бидејќи ризикот од инфекција е мал. Тој не беше во близок контакт со Ѓоковиќ. Пленковиќ беше на турнирот […]

Националните установи од културата до 1 август ќе испраќаат предлог- програми за следната година


Олеснувања за културните установи. Пролонгиран е рокот за доставување нацрт – годишните програми. На 71 седница, Владата донесе Уредба со законска сила, за примена на Законот за култура за време на вонредна состојба, со цел, наместо рокот за донесување на нацрт-годишните програми за работа на националните установи од областа на културата за 2021 година да […]

СДСМ ја почнува кампањата од Струмица, ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, ДУИ од Преспа, Алијанса и Алтернатива од Скопје


Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентрани избори на 15 јули од денеска ќе ја претставуваат својата политичка понуда пред граѓаните. Иако најавија кампања без митинзи и други поголеми собири, со зголемено користење на социјалните мрежи, традиционалните медиуми, билборди и друг тип на онлајн претставувања, партиите ги стартуваат и своите теренски активности. На […]

Tаксите на англиските универзитети се зголемуваат за студенти од ЕУ од идната учебна година


Aнглија– Студентите од земјите-членки на ЕУ кои сакаат да студираат на универзитет во Англија, ќе мора да платат повисоки такси од почетокот на учебната 2021-2022 година поради брекзит, соопшти британската Влада. Мерката ќе се однесува само за Англија и нема да важи за Шкотска, Велс и Северна Ирска. Странските студенти се важен извор на приход […]

Македонците лани во Грција потрошиле 114 милиони евра


Грција – Минатата година, Грција ја посетиле 948.000 македонски државјани, бројка што е за 20 отсто помала во споредба со туристите во 2018 кога имало 1.187 000, според официјалните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на приходите за Грција од туристите од Северна Македонија, лани достигнале до 114 […]

Твитер го предупреди Трамп поради „заканувачки твит“


САД– Твитер упати предупредување поради твитот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој им се закани на демонстрантите во главниот град Вашингтон со употреба на „сериозна сила“, кршејќи ја на тој начин политиката на компанијата во борбата против насилство. – Никогаш нема да постои „автономна зона“ во Вашингтон, се додека сум јас ваш претседател. Ако се […]

Иванишевиќ: Политичарите собираат поени на наш грб


Хрватска – Горан Иванишевиќ синоќа беше гостин на „РТЛ“ откако одговори на неколку прашања преку видео-врска во врска со неодамнешните случувања на „Адрија тур“ и големиот број на заразени тенисери и тренери. На почетокот тој ја откри состојбата на Новак Ѓоковиќ. – Се слушнавме и не му е лесно. Тој е многу добро, ако ги […]

Њујорк тајмс: САД ќе почекаат на отворање на границите со ЕУ


САД– САД нема да бидат вклучени во првата група земји со кои ЕУ повторно ги воведува патувањата поради неуспехот на Вашингтон да ја контролира заразата, се наведува во нацрт-документ до кој дојде Њујорк тајмс. Отварањето на надворешните граници на ЕУ е дел од рестартирањето на протокот на луѓе, стоки и услуги внатре во Унијата, по […]

Европол: Последиците од пандемијата можат да влијаат на радикализација


Холандија– Рестриктивните мерки кои се воведени поради спречување на пандемијата на новиот коронавирус би можеле да поттикнат радикализација, предупредува Европол, укажувајќи на зголемување на насилството од екстремната десница и екстремната левица во изминатата една година. Економските и општествените последици би можеле да „поттикнат радикализација од поединци, независно на нивните идеолошки верувања“, наведува извршната директорка на […]

Над 100 илјади смртни случаи од Ковид-19 во Јужна Америка


Бразил – Повеќе од 100.000 луѓе починале во Јужна Америка и Карибите откако биле заразени со новиот коронавирус, јавија западни медиуми повикувајќи се на официјални податоци. Повеќе од 2,1 милиони луѓе се заразени во регионот од почетокот на пандемијата. Најпогодени земји се Бразил, Мексико, Перу и Чиле. Во Бразил има 1.145.906 заразени и 52.645 смртни случаи. […]

Почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули


Дваесетдневната кампања за изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија закажани за 15 јули започнува денеска и ќе трае до 12 јули на полноќ, по што следува тридневен молк. Ова се најспецифичните избори што ќе се одржат во земјата имајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19 и мерките што учесниците, гласачите и изборната администрација […]