Русија ќе ги отвора границите за странските земји реципрочно

Русија – Русија врз услов на реципроцитет ќе ги отвори своите граници со другите земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој инфомира дека за ова прашање „е разговарано со странските партнери, но сè уште не е донесена конкретна одлука“.

– Како што е познато, во тек се контакти, но одлуката не е донесена, рече Песков.

Русија ги прекина меѓународните летови на 27 март поради пандемијата на коронавирусот и дозволи само специјални летови за враќање на странците дома, додека автомобилскиот и желеничкиот сообраќај се ограничени од 30 март.