Јужна Америка – дел од светот најтешко погоден од Ковид-19


Бразил– Епидемијата на Ковид-19 продолжува да се шири низ целиот свет, а Јужна Америка и Карибите поминаа најлошо, бидејќи бројот на смртни случаи вчера во регионот го надмина вкупниот број на жртви од инфекција со коронавирус во Европа. Пандемијата однесе повеќе од 715.000 животи, заразувајќи над 19 милиони луѓе на планетата откако канцеларијата на Светската здравствена […]

Туристичките работници повторно на протест ако не се укине одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите


Туристичкиот сектор, еден од најпогодените од пандемијата со Ковид-19, најавува нови дејствувања и протести ширум државата, со комплетна блокада на патиштата, доколку под итно не се преземат мерки за помош. Бараат најдоцна до 15 август да се промени одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите и да продолжи мерката за субвенционирање на платите во […]

Денес последно збогум на Исидора Бјелица: Кога ќе заминам организирајте забава во бело, не сум јас за тага


Србија– Писателката Исидора Бјелица, која почина во средата на 52-годишна возраст, ќе биде погребана денес во 16 часот во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград. Комеморацијата на Бјелица ќе се одржи во 12 часот во малата сала на Сава центарот во Белград. Исидора почина во Белград по долга и тешка болест. Многубројни […]

Научници: Во САД до 1 декември се можни 300.000 жртви на Ковид-19


САД – Речиси 300.000 Американци би можеле да умрат од Ковид-19 до 1 декември, според здравствените експерти на Универзитетот во Вашингтон, иако проценуваат дека може да се спасат 70.000 животи ако луѓето ги следат прописите за носење маски. „Во САД ние гледаме воз на ужаси. Се чини дека луѓето носат маски и се оддалечуваат социјално почесто, […]

Болтон смета дека Белград и Приштина можеби се далеку од решавање на нивниот спор


БиХ – Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон смета дека Белград и Приштина можеби се далеку од решавање на нивниот спор, но дека евентуалниот договор за размена на територии не треба да влијае на ситуацијата во БиХ. – Што се однесува до Србија и Косово, доколку тие се договорат за размена на територии, […]

Во САД дел од учениците се враќаат во училиште, а дел почнуваат онлајн


САД – Со почетокот на учебната година, децата физички се враќаат на училиште во неколку американски држави, дури и таму каде што коронавирусот се уште е активно присутен, но карантин веќе мораше да се воведе по појава на болеста кај учениците. Во САД, училиштата обично започнуваат со работа во текот на август, а се појавија поделби […]

Изминатите седум денови најмногу новозаразени со Ковид-19 во светот од почетокот на пандемијата


САД –  Бројот на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во светот е зголемен за 1,8 милиони во изминатите седум дена, и тоа е најголем број новозаразени лица од почетокот на пандемијата за една недела. Вирусот досега е потврден кај повеќе од 19,5 милиони луѓе ширум светот, а Америка и Азија остануваат во фокусот на […]

Берлин и Париз напуштија преговори за СЗО поради САД


САД– Германија и Франција ги напуштија преговорите за реформата на Светската здравствена организација (СЗО), фрустрирани од обидите на САД да ги водат преговорите, иако Вашингтон одлучи да ја напушти таа организација. Нивниот потег е удар за американскиот претседател Доналд Трамп затоа што Вашингтон, кој моментно е претседател на Г7, се надеваше дека ќе објави најави план […]

Aмериканско разузнавање: Русија насочена да му наштети на Бајден, Кина сака Трамп да загуби


САД– Висок официјален претставник на САД oд контраразузнавањето предупреди дека Русија, Кина и Иран ќе се обидат да влијаат врз претседателските избори во САД, со тоа што Русија веќе се обидува да го поткопа веројатниот кандидат за демократите Џо Бајден. Директорот на Националниот центар за контраразузнавање и безбедност Вилијан Еванина рече дека државите користат дезинформации преку […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник


Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине на седница на Влада и да биде соопштен во јавноста. Планот содржи протоколи за сите модели на настава –  присуство во клупите на дистанца и со […]

Намален бројот на новозаразени со Ковид-19, активни 3.428 случаи


Последните пет дена бројот на заразени од Ковид-19 во државата не надмина 10 проценти од направените тестови. Во некои денови од неделата стапката на новозаразени се намали и до пет проценти од вкупниот број тестирани пациенти. Министерството за здравство вчера објави дека се регистрирани нови 155 случаи од 1.845 тестирања, како и дека починале две […]

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 25 до 30 степени. Во Скопје, променливо […]

Зајакнати мрежните капацитети на операторите, засега нема промени во цените


Агенцијата за електронски комункации (АЕК) ги спроведе во пракса сите поднесени барања од операторите за јакнење на капацитетите на мрежите, но засега нема конкретен одговор од нивна страна со намалување на цените на јавните комуникациски услуги. На такво нешто регулаторот упати пред повеќе еден месец откако беа создадени услови за примена на мерките од Уредбата […]

Во ЕУ пет, кај нас 4,2 болнички кревети на 1 000 жители


На ниво на ЕУ на 1 000 жители во просек има пет болнички кревети. Најмногу имаат Германија и Бугарија со над седум, а најмалку Шведска и Данска со под 2.5 кревети на 1 000 жители. Нашата земја со 4,2 болнички кревети на 1 000 жители е некаде во средина. Од регионот Србија има 5,6 болнички […]

Џорџ и Амал Клуни донираа 100 илјади долари за жртвите во Бејрут


САД- Една од најпознатите Либанки во светот на шоубизнисот е Амал Клуни (36), адвокат за човекови права и сопруга на оскаровецот Џорџ Клуни (53). -Двајцата сме загрижени за граѓаните на Бејрут поради разорувањата во изминативе денови. Пронајдовме три добротворни организации кои помагаат на теренот: Црвениот кртс на Либан, Impact Lebanon и Baytna Baytak. Ќе им […]

„Одиме на Охридско море“, нова песна на „Ласт експедишн“ (видео)


Македонскиот рок-бенд „Ласт експедишн“ ја објави својата нова песна под наслов „Одиме на Охридско море“. Станува збор за четврти сингл на бендот, како најава за нивниот четврти студиски албум, што треба да излезе до крајот на оваа 2020 година. „Сингловите ‘Hey Ho’, ‘Срце со себе’ и новата верзија на ‘Шефе’, снимена со пријателите и фановите […]

Deeper underground festival од Охрид се сели во Скопје


Deeper underground festival, кој требаше да се одржи во Охрид, се сели во Скопје, соопштија од „Авалон продукција“. Фестивалот ќе се одржи на 15 и 16 август на просторот на „А1 арената“ на отворено, а настапот на Meduza е откажан. „Историски тешки времиња бараат историски напори, но се надеваме дека сето тоа ќе резултира со […]

В недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“


Пливачкиот Клуб „Вардар 2018“, со поддршка на Општина Крушево, во недела, на 9 август, ќе го организира Првиот крушевски маратон кој го носи името на Тоше Проески. Маратонот ќе се одржи на Крушевското Езеро. Ќе почне во 11 часот, а должината што ќе ја пливаат учесниците е 2,5 километри. Според објавата на пливачкиот клуб „Вардар […]

БИРН: СДСМ победи во Твитер војната на изборите


Словенија– Доколку изборите во земјава од 15 јули се базираа на бројот на објавени твитови, тогаш владејачката коалиција „Можеме“, предводена од СДСМ, ќе требаше да освои двојно повеќе пратеници од главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, оценува БИРН во анализата за користењето на социјалните мрежи во предизборната кампања. Сепак, како што се потенцира во текстот, она што […]

В понеделник авионско прскање против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека четвртата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 10.08.2020 година (понеделник), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат […]