МНТ ги враќа парите од билетите за неодржаните претстави во март


Македонскиот народен театар објави дека на сите оние кои купиле билети за претставите кои во март не биле одржани, ќе им бидат вратени парите. “Средствата за билетите што ги имате купено за претставите кои беа на репертоарот во Македонски народен театар во месец март 2020, а беа откажани поради ситуацијата со болеста, можете да ги […]

Австрискиот министер за здравство: Владата сака да спречи ново затворање на економијата


Австрија–  Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер истакнува дека Владата сака да спречи ново затворање на економијата и општеството со сите свои сили и дека таквата мерка може да се случи само доколку контролата над ситуацијата целосно се изгуби. Аншобер за виенскиот дневен весник „Естерајх“ изјави дека Австрија сега се соочува со пресврт – стабилизација […]

Вкупниот државен долг на Црна Гора – 3,664 милијарди евра или 79,54 БДП


Црна Гора –  Вкупниот државен долг, без депозити, на 30 јуни годинава изнесувал 3,664 милијарди евра или 79,54 проценти од бруто домашниот производ (БДП), изјавија за Дан од Министерството за финансии на Црна Гора. Со депозити, вкупниот државен долг е 3,284 милијарди евра или 71,3 проценти од БДП. Во споредба со крајот на март, државниот долг […]

Корупција која ги разгорува протестите во Бугарија


Конечно, Бугарија го стори тоа. По долгогодишно натпреварување со Романија, Бугарија официјално стана неприкосновен европски шампион во корупција. Ова не е признаено од една, туку од многу различни меѓународни институции и организации. Податоците како оние на Транспаренси Интернешнл покажуваат дека перцепцијата за корупција во Бугарија е највисока во Европската унија, напиша Блага Тавард во анализата […]

Трамп ја именува Ејми Кони Барет за нов судија во Врховниот суд на САД


САД-Американскиот претседател Доналд Трамп ја назначи Ејми Кони Барет (48) за судија на Врховниот суд, која ќе ја замени неодамна починатата Рут Бадер Гинзберг. Номинацијата му дава шанса на Трамп да го зголеми своето конзервативно мнозинство во судот помалку од шест недели пред претседателските избори. Претставувајќи го својот кандидат на церемонијата во Белата куќа, Трамп […]

Швајцарија на референдум гласа за слободното движење со ЕУ


Швајцарија – Швајцарија денеска гласа на референдум за тоа дали да го раскине договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето.Референдумот се споредува со кампањата за брегзит во Велика Британија, што доведе до одлука на државата да го напушти блокот. Поддржувачите на укинување на договорот велат дека тој ќе и овозможи на Швајцарија да ги контролира […]

Прошетка по повод кампањата за борба против рак на дојка „Race for the Cure“


Здружението „Борка – за секој нов ден“ денеска организира настани во 14 градови во државава по повод кампањата за борба против рак на дојка „Race for the cure“, а во соработка со најголемата европска алијанса на пациентски здруженија „Think Pink Europe“. Централниот настан по повод кампањата ќе се одржи во Скопје со симболична обиколка околу […]

„Преспански јаболкобер 2020“ – почнува бербата на јаболката во Преспанско


Во Ресен викендов се одржува традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер 2020“. Официјално манифестацијата ќе ја отвори министерот за локална самоуправа Горан Милевски. Со манифестацијата, како што појаснува организаторот, општината Ресен, се означува почетокот на бербата на јаболката во Преспа со свечено откинување на првото јаболко на овошниот насад на Свислион Агроплод.

Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки


Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.559 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починат е пациент од Скопје на возраст од 79 години. Регистрирани се 94 оздравени пациенти. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 17.483, бројката на оздравени пациенти е 14.516, на […]

Облачно со сончеви периоди и услови за слаб дожд


Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 4 до 11 степени, а дневната од 14 до 25 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо […]

Томислав Османли е добитник на „Рациновото признание“ за 2020 за „Парадоксикон“


Томислав Османли е добитник на „Рациновото признание“ за 2020 за прозното остварување „Парадоксикон“ на манифестацијата „Рацинови средби“ што заврши синоќа во Велес.   -Се чувствувам почестен од доделувањето на угледната награда, особено што мојата книга ја привилегира жири на истакнати уметници и културни дејци. Почестен сум што станав носител на нашeтo врвно литературно признание кое се […]

Бела ноќ во ритамот на македонските евергрини (галерија)


Скопје синоќа беше во знакот на македонските евергрини. Ги изведоа најголемите македонски музички ѕвезди: Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други, во придружба на „Баги биг-бендот“, под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски, на традиционалната 16. Бела ноќ, пред „Борис Трајковски“. Една недела порано од вообичаеното, на десет локации (паркингот пред СРЦ „Борис […]

Филипче: Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки


Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки, бидејќи по иницијалното зголемување на бројот на заразени од Ковид -19 состојбата се стабилизира. Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека бројот на новодијагностицирани по иницијалното зголемување особено нагло во изминатата недела, се стабилизираше на близу десет проценти од вкупниот број направени тестови. […]

„Врба“ на Манчевски во балканска офанзива ја освојува публиката во Софија и Тирана


Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски вчеравечер го отвори годинашниот Интернационален филмски фестивал во Софија. На режисерот Манчевски, кој присуствуваше на отворањето, му беше врачена Специјалната награда за придонес кон светската кинематографија. Како гест на почитување, фестивалот организираше изведба на песна од Пиринска Македонија која на бина му беше испеана на почесниот гостин по најавата на […]

Стефоска : Отворени сме за унапредување на културната соработка со сите соседи


Oтворени сме за дијалог и унапредување на културната соработка со сите соседи. Еден од приоритетите во мојата работа е да ја продлабочам таа соработката. Дотолку повеќе што сите ние на Балканот, како наследници на големите империи, споделуваме заедничко културно наследство што е добра основа за меѓусебен дијалог и взаемно почитување. Ова во интервју за МИА […]

Силна словенечка поддршка за првата Меѓувладина конференција, државниот врв уверен дека компромисот е можен


Силна словенечка поддршка за одржување на првата Меѓувладина конференција, која означува старт на пристапните преговори за Северна Македонија со ЕУ до крајот на годинава вчера искажа шефот на словенечката држава Борут Пахор, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава. Пахор по средбата со неговиот домаќин, македонскиот претседател, Стево Пендаровски порача дека Меѓувладината конференција треба […]

Борбата против Ковид-19 се претвора во масовна хистерија


Најпознатиот германски вирулог, Хендрик Штрек, директор на Институтот за вирологија на Универзитетот во Бон, остро се спротивстави на враќањето во карантин како решение за новиот удар на пандемијата на коронавирусот со кој се соочува дел од Европа. Како што пишува британски „Телеграф“, тој им понудил совет на сите земји што почнале со воведување мерки за „заклучување“: „Смирете се, не подлегнувајте на општата […]

Бројот на новозаболени од Ковид-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките


Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на Ковид-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од 1618 тестирани беа регистрирани 88 нови случаи. Здравствените власти предупредуваат дека поради доаѓањето на есента можно е влошување на состојбата, и […]

Трамп денеска најверојатно ќе ја именува Ејми Кони Барет за судија на Врховниот суд на САД


САД– Американскиот претседател Доналд Трамп се очекува денеска да ја назначи Ејми Кони Барет за судија на Врховниот суд на САД испразнетото место по смртта на судијката Рут Бадер Гинзберг, со што се очекува да го зголеми конзервативното мнозинство во судот на помалку од шест недела пред претседателските избори. Бројни американски медиуми, вклучувајќи ги Си-Ен-Ен и […]

Претседателот на Словенија Пахор денеска во Охрид


Во рамки на дводневната официјална посета на земјава, претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска ќе престојува во Охрид. Заедно со претседателот Стево Пендаровски тој ќе присуствува на показна вежба на специјалните сили на македонската армија во Кампот за обука на вода – Охрид. Претходно, двајцата претседатели ќе ги посетат црквата „Света Богородица Перивлепта“ и […]