Претседателот на Словенија Пахор денеска во Охрид


Фото: Б. Грданоски

Во рамки на дводневната официјална посета на земјава, претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска ќе престојува во Охрид.

Заедно со претседателот Стево Пендаровски тој ќе присуствува на показна вежба на специјалните сили на македонската армија во Кампот за обука на вода – Охрид.

Претходно, двајцата претседатели ќе ги посетат црквата „Света Богородица Перивлепта“ и Галеријата на икони, Античкиот театар и црквата „Света Софија“.

Поради посетата на словенечкиот претседател, во Охрид денеска на сила ќе биде посебен режим на сообраќај, кој ќе го контролира полицијата.

Фото Борис Грдановски
Фото: Б.Грданоски

Вчера во Скопје, на првиот ден од официјалната посета, претседателот Борут Пахор беше пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот Стево Пендаровски, по што двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, заедничка прес-конференција и положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас.

Словенечкиот претседател се обрати на седница во Собранието на Република Северна Македонија, а оствари и средби со претседателите на Собранието и на Владата, Талат Џафери и Зоран Заев.