САД забележаа нов црн рекорд- над 142.000 новозаразенисо коронавирус во еден ден


САД– САД продолжуваат да поставуваат негативни рекорди во пандемијата на коронавирусот, откако во последните 24 часа се регистрирани 142.279 нови случаи на Ковид 19, најмногу во еден ден од нејзиниот почеток. Британските медиуми наведуваат дека осми ден по ред САД пријавуваат по повеќе од 100.000 нови инфекции дневно. Бројот на хоспитализирани пациенти, исто така, расте од […]

Македонските фудбалери во дуел со Грузија за пласман на Европското првенство


Грузија– Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на еден чекор до пласман на Европското првенство. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски вечер во Тбилиси од 18 часот се среќаваат со домашната грузиска селекција во меч кој носи пласман на евро-шампионатот. Ангеловски за овој дуел, кој може да биде историски за Македонците, не може да смета на Енис Барди […]

Рафенспергер: Нема знаци за кражба на гласови во Џорџија


САД– Државниот секретар на Џорџија, републиканецот Бред Рафенспергер изјави дека нема индиции дека во таа земја има раширена кражба на гласови за време на пребројувањето на гласачките ливчиња за претседателските избори. Тој во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека наредил рачно пребројување на гласовите поради блискиот резултат и изрази уверување дека гласовите досега се правилно регулирани. – […]

Шпанија има повеќе од 40.000 мртви од коронавирусот


Шпанија – Шпанското Министерството за здравство излезе со податокот дека земјата вчера ја надмина бројката од 40.000 умрени лица како последица на заболување со  Ковид-19. Со оглед на фактот дека Шпанија вчера имаше 349 нови смртни случаи бројот на умрени до синоќа достигна над 40.000 и сега таа е меѓу земјите со најголем број жртви од […]

Роналд Клајн ќе биде шеф на кабинет на Белата куќа во мандатот на Џо Бајден


САД – Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра долгогодишниот соработник Роналд Клајн за шеф на кабинет во Белата куќа во претстојната администрација, соопшти транзицискиот тим Бајден-Харис. -Рон беше непроценлив соработник низ годините во кои работевме заедно, вклучувајќи го и спасувањето на американската економија од еден од најголемите падови во нашата историја во текот на 2009 […]

Одлуката за мнозинството во американскиот Сенат ќе се знае дури во јануари


САД – Дури на почетокот на јанаури дефинитивно ќе биде познато дали републиканците или демократите ќе имаат мнозинство во американскиот Сенат. Републиканските кандидати вчера одбранија две места во Горниот дом на американскиот Конгрес, по едно во сојузните држави Алјаска и Северна Каролина, јавија американските медиуми. Секоја од 50-те сојузни американски држави има по двајца претставници во […]

Џонсон го нарече Трамп поранешен претседател


Англија – Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „поранешен претседател“ додека одговараше на прашања од членовите на Парламентот. Пратеничката на британските лабуристи Анџела Игл го праша Џонсон дали има некој совет за неговиот „долгогодишен најдобар пријател“ во врска со одбивањето на Трамп да ги признае резултатите од изборите, на кои, според проекцијата на американските […]

Здравјето и инвестициите во фокусот на буџетот во 2021 година


Заздравување на економијата, забрзан раст, заштита на здравјето на граѓаните на  работните места, на стопанството, кратење на неприоритетените трошоци и подобра реализација на капиталните расходи се целите на буџетот за 2021 година што Владата го усвои и го праќа во Собранието, а кој според предлагачот е проектиран на реално ниво. Очекувањата, што ги претставија на […]

Промоција на прва апликација на македонски јазик за деца со попречен говор


„Отворете ги прозорците“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе промовираат апликација наменета за деца со попречен говор. -Ова е прва апликација на македонски јазик од овој вид, изработена во Android Studio, а може да се употребува на паметни телефони/таблети, кои функционираат на Android оперативен систем. Може да ја користат деца кои […]

„И тело и душа“ – концерт на Филхармонијата со пијанистот Дино Имери


„И тело и душа“ е насловен вечерашниот концерт на Филхармонијата, на кој како солист ќе настапи пијанистот Дино Имери, а со оркестарот ќе диригира Јерухам Шаровски од Израел. На програмата е Бетовеновиот Концерт за пијано и оркестар бр.5 во Ес-дур, меѓу најчесто изведуваните дела на светската музичката сцена. Создаден е меѓу 1809 и 1811 година […]

„Хипноза на една љубов“ – премиера на Драмски театар


Драмски театар-Скопје премиерно ќе ја изведе претставата „Хипноза на една љубов“ од  Душан Ковачевиќ, во режија на Димче Николовски. Се работи за најновиот текст на Ковачевиќ, досега изведен само во матичниот театар на авторот – „Театар Звездара“ од Белград. Како што соопшти Драмски театар, текстот „Хипноза на една љубов“ може да се нарече бајковно тажна, […]

Барања за државна помош за исплата на плата работодавачите може да поднесуваат уште денеска


Работодавачите до Управата за јавни приходи може уште денеска да поднесуваат барања за државна помош за зачувување на работните места. Рокот, како што рече директорката на УЈП Сања Лукаревска, е пролонгиран заради прекинот во аплицирањето поради преопторавеност на системот. -Имавме прекин во системот за пријавување поради преоптовареност, но затоа ќе го продлжиме рокот за да […]

Куомо: Њујорк се „затвора“ во петок во 22 часот


САД – Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо воведе нови ограничувачки мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, откако нареди кафулињата, рестораните и спортските сали низ целата земја да бидат затворени во 22 часот, објави Си-Ен-Би-Си њуз. Новите мерки ќе стапат на сила во петок, а ќе бидат воведени следниот ден откако Калифорнија и некои други земји во […]

Собранието ќе ја започне 21. пленарна седница


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја започне 21. седница на која на дневен ред се повеќе од дваесет закони, од кои дел се поднесени од пратениците од власта и од опозицијата. Се очекува пред утврдување на дневниот ред, листата на точки да биде дополнета. Пратениците треба да се изјаснат за потребата за […]

Комисиска расправа за задолжителното пензионирање на 64-годишна возраст


Измените и дополнувањата на законот за работни односи кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж се во собраниска процедура и за нив денеска треба да расправа Комисијата за труд и социјална политика. Според анализите што ги направило Министерството за труд и социјална политика до крајот на годинава возрасната граница […]

Ќе има ли решение до 17 ноември – Скопје очекува интензивирање на разговорите со Софија


Двете страни имаат право и обврска да ги застапуваат сопствените позиции, да ги заштитат своите национални интереси и да ги оправдаат политиките, но имаат обврска и да се грижат за пријателството, како и да ја гарантираат европската иднина на регионот. Ние сакаме решение и добро е тоа да се постигне до 17 ноември. Веруваме дека […]

Нов дневен рекорд на заразени, активни 15957, хоспитализирани над 1000


Нов дневен рекорд од 1321 заразени со Ковид1 9 беа регистрирани вчера во земјава. Активни се 15975, а хоспитализирани1049. Во претходното деноноќие направени се и рекордни 3836 тестирања, а процентот на потврдени случаи е 34,4. Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 42540. Оздравени се 25353 пациенти, а починале […]

Утрото магливо, а потоа сончево


Во земјава претпладне по котлините и долж Повардарието ќе има магла и ниска облачност. Од пладневните часови претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 5, а дневната од 11 до 19 степени. Во Скопје, претпладне магливо, околу пладне и рано попладне маглата ќе […]

„Версаче“ отвори продавници во Дубаи и Москва. Не се плаши од Ковид-19


Италија– Луксузната модна  куќа со седиште во Милано „Версаче“ неодамна отвори две нови продавници во потрошувачките центри на висока мода, едната во Дубаи, а другата во Москва. Замислен од францускиот архитект Гвенаел Никола, основач на мултидисциплинарното креативно студио Curiosity со седиште во Токио, новата продавница на Версаче, се наоѓа на луксузната дестинација за шопинг Дубаи […]

Диане вон Фурстенберг е дизајнерска икона, Чака Кан е безвременска икона


САД-Диане вон Фурстенберг ќе ја добие наградата за дизајнерска икона на годинешните награди CinéFashion Film . Водителка на виртуелната церемонија, што обично се одржува во Лос Анџелес, ќе биде Кели Озборн и ќе се емитува во два дела на 24 и 25 ноември на Cinémoi, телевизиска мрежа што прикажува film и fashion. Други наградени се и Росарио Доусон и […]