Меркел истакна дека за пандемијата треба глобален одговор, го потенцира членството во СЗО


Германија – Германската канцеларка Ангела Меркел денеска истакна дека пандемијата на коронавирусот може да се победи само преку глобална соработка и укажа на учеството на нејзината земја во меѓународни тела, како што е Светската здравствена организација (СЗО). – Имаме шанса да ги победиме сегашните и идните пандемии само ако најдеме глобални одговори на глобалните закани, рече …

Меркел истакна дека за пандемијата треба глобален одговор, го потенцира членството во СЗО Read More »

Повеќе од 12 милиони луѓе заразени со коронавирус во светот


Швајцарија – Со повеќе од 219 илјади случаи за само еден ден, вкупниот број на заразени со коронавирусот во светот надмина 12 милиони и 300 илјади луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Бројот на починати надмина половина милион и достигна 556 илјади. Според последните податоци на СЗО, за еден ден се регистрирани 219.983 нови случаи на заразени, …

Повеќе од 12 милиони луѓе заразени со коронавирус во светот Read More »

Албумот „Македонисимо“ на Трпчевски во август, фузија од фолк и класична музика


Албумот „Македонисимо“ ќе биде објавен на 28 август, соопшти престижната британска етикета „Лин Рекордс“ (Linn Records), најавувајќи го излегувањето на материјалот со синглот „Не си го продавај, Кољо, чифликот“ (Омаж за Брамс). Како што вели во изјавата за македонските медиуми Симон Трпчески, „албумот прикажува фузија на фолк и класична музика која ги дефинира неверојатните ритми …

Албумот „Македонисимо“ на Трпчевски во август, фузија од фолк и класична музика Read More »

Расте бројот на новозаболени во Дебар, сега се 41


Во Дебар и понатаму расте бројот на заразени лица со Ковид-19, каде во последното деноноќие регистрирани се шест нови случаи или вкупно 41 случај од четврти јули до денес. Најголема бројка беше регистрирана вчера или 17 новозаразени, што беше втора највисока бројка по онаа на 20 јуни кога беа регистрирани 18 новозаразни. Во изминатото деноноќие …

Расте бројот на новозаболени во Дебар, сега се 41 Read More »

Еден активен случај за седум дена во општините од крајниот Исток


Во општините Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица, по седум дена регистриран нов случај на Ковид-19. Откако минатата недела еден пациент почина од коронавирус во Берово, само еден нов случај е билансот на нови заболени од коронавирус на крајниот Исток од државата. Новиот случај во Берово е од веќе познатиот кластер, при што од тестираните, …

Еден активен случај за седум дена во општините од крајниот Исток Read More »

Жбогар: Никаде без маска!


Евроамбасадорот Самуел Жбогар на Фејсбук објави видео во кое на македонски јазик повикува на почитување на мерките за заштита од Ковид-19. -Вирусот е дел од нас. Само со почитување на мерките ќе успееме да имаме безбедно секојдневие. Носењето маска по маркетите, на пазарите, на гласачки места, во банка или во друг затворен простор е клуч …

Жбогар: Никаде без маска! Read More »

Дела од Пикасо, Кристо, Вазарели, Анастасов во музејот на „Остен“


Изложба на слики, цртежи и графики од Пабло Пикасо, Виктор Вазарели, Илја и Емилија Кабаков, Кристо, Родољуб Анастасов, Пјер Суланж и Мице Јанкуловски викендов е отворена во Галеријата „Остен“ во центарот на Скопје. Во ОСТЕН  Музејот на цртеж се наоѓаат дела на најголемите уметници во светот, меѓу кои: Пикасо, Вазарели, Дали, Миро, Мур, Сулаж, Крег, …

Дела од Пикасо, Кристо, Вазарели, Анастасов во музејот на „Остен“ Read More »

Харвард и МИТ го тужат Трамп


САД – Универзитетот Харвард во Бостон и Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ) поднеле тужба за да ја оспорат одлуката на администрацијата на Трамп со која на странските студенти им се забранува престој во САД доколку се одлучиле од есен да следат настава онлајн, објави американскиот весник Тајмс Дејли. Тужбата е поднесена до федералниот суд …

Харвард и МИТ го тужат Трамп Read More »

Србија: Остана само улицата, а таа е непредвидлива


„Сега и денешните тинејџери го почувствуваа адреналинот на уличните борби. Што ќе се случи ако режимот на Вучиќ продолжи вака, а нема опозиција да го канализира незадоволството?“, прашува германскиот печат   Во Белград повеќечасовните мирни демонстрации против корона-политиката се повторно засенети од насилство по нападите на демонстрантите“, јавува најголемата германска агенција ДПА. „Синоќа група националистички демонстранти …

Србија: Остана само улицата, а таа е непредвидлива Read More »

Света Софија ќе стане џамија – шаховски потег на Ердоган за останување на власт


Исламско-конзервативните Турци се одушевени од одлуката на Врховниот управен суд. Но, само тие. Зашто, оваа одлука е неспоива со принципите на правна држава, смета Еркан Арикан   Моите родители, двајцата имаат одено на аџилак во Мека, ме воспитаа според исламските вредности. Да, јас сум муслимански верник, фала му на бога! Но, во моето воспитување значајна …

Света Софија ќе стане џамија – шаховски потег на Ердоган за останување на власт Read More »

Американските маринци на Окинава масовно се разболуваат, армијата молчи


Јапонија – Официјални претставници на јапонскиот остров Окинава денеска изразија страв дека на американските маринци кои се стационирани таму им заканува масовна зараза со коронавирусот бидејќи во последните неколку дена се регистрирани десетици нови случаи. Претставниците на префектурата Окинава рекоа дека можат да кажат само дека „се потврдени неколку десетици“ нови случаи затоа што припадниците на …

Американските маринци на Окинава масовно се разболуваат, армијата молчи Read More »

Романот „Дива лига“ на Влада Урошевиќ објавен во Црна Гора


Неодамна, црногорскиот издавач „ОФК“ (Отворен културен форум) од Цетиње, го објави романот „Дива лига“ од македонскиот поет, раскажувач и романсиер Влада Урошевиќ. Романот е објавен во големата позната едиција „100 словенски еомани“, проект на тринаесет словенски земји со цел подобро запознавање и зближување на книжевностите на словенските народи. Овој проект го координира Форумот на словенските …

Романот „Дива лига“ на Влада Урошевиќ објавен во Црна Гора Read More »

Бил Гејтс: Лекот и вакцините не треба да бидат достапни само за оние што ќе платат


САД – Милијардерот Бил Гејтс денеска апелираше лековите за Ковид-19 и потенцијалната вакцина да бидат достапни на земјите и луѓето на кои им се најпотребни, а не на „оние кои ќе платат повеќе“. При тоа тој истакна дека потпирањето на пазарните услови ќе ја продолжи смртоносната пандемија. – Ако едноставно дозволиме лековите и вакцината да одат …

Бил Гејтс: Лекот и вакцините не треба да бидат достапни само за оние што ќе платат Read More »

Романот „Амбасади“ на Луан Старова објавен на бугарски јазик


Во издание на издавачката куќа „Персеј’’ објавен е романот „Амбасади” на авторот и академик Луан Старова на бугарски јазик. Бугарското издание излезе под наслов “Амбасадор на земјата што нема да постои”, во превод од македонски јазик на Марин Петров. Ова е шести роман од „балканската сага’’ на Старова кој се објавува во Бугарија, по романите: …

Романот „Амбасади“ на Луан Старова објавен на бугарски јазик Read More »

Борел: Одлуката на Турција и на Ердоган за Света Софија е за жалење


Белгија– Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел изрази жалење поради одлуката на турските власти Света Софија повторно да стане џамија. – Одлуката на турскиот Државен совет да поништи една од модерните одлуки на Турција и одлуката на претседателот (Реџеп Тајип) Ердоган, споменикот да се даде под управа на …

Борел: Одлуката на Турција и на Ердоган за Света Софија е за жалење Read More »

САД разочарани поради промена на статусот на Света Софија во Истанбул


САД– Портпаролката на американскиот Стејт департмент Морган Ортагус синоќа изјави дека САД се разочарани со одлуката на турската Влада за смена на статусот на Света Софија во Истанбул. – Укажуваме на преземената обврска на турската Влада дека ќе гарантира пристап до Аја Софија за сите посетители и со нетрпение очекуваме да ги видиме нејзините планови …

САД разочарани поради промена на статусот на Света Софија во Истанбул Read More »

Трамп: Не планирам да ги повлечам САД од НАТО


САД – Американскио претседател Доналд Трамп во интервју за Вашингтон пост и телевизијата Фокс изјави дека не планира да ги повлече САД од НАТО. – Не јас не сакам излегување од НАТО. Но, сакам (другите земји-членки) да го плаќаат својот дел, истакна Трамп. Тој додаде дека осум земји-членки издвојуваат два проценти од бруто домашниот производ за …

Трамп: Не планирам да ги повлечам САД од НАТО Read More »

Геноцидот во Сребреница 25 години подоцна: Кој се е осуден во Хаг, во Србија, во Босна и во Хрвaтска


БиХ– Шестмина Бошњаци од Сребреница лежат на подот на воен камион. Војник со чизма го удира едниот од мажите во глава, при тоа прашувајќи го и пцуејќи го: „Што се тресиш?“. Наскоро овие заробеници, од кои тројца беа малолетни, ќе бидат убиени од припадниците на српската паравоена единица „Шкорпиони“, кои злосторството го забележаа на видео-снимка. …

Геноцидот во Сребреница 25 години подоцна: Кој се е осуден во Хаг, во Србија, во Босна и во Хрвaтска Read More »

Мицотакис: Грција најкатегорично ја осудува одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија


Грција– Грција на најкатегоричен начин ја осудува одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија, изјави  грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а со реакции излегоа и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, но и останатите опозициски партии во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис, освен што изразува осуда …

Мицотакис: Грција најкатегорично ја осудува одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија Read More »

Предизборна кампања по здравствени протоколи – одговорноста кај политичките партии и граѓаните


Предизборна кампања со почитување на физичка дистанца од 1,5 до 2 метри, миење и дезинфекција на рацете и носење заштитна маска на сите партиски активности предвидува протоколот на Комисијата за заразни болести. Ова се препораките, а одговорноста за почитување на здравствените протоколи за време на изборните активности на отворен или затворен простор е на самите …

Предизборна кампања по здравствени протоколи – одговорноста кај политичките партии и граѓаните Read More »