Дела од Пикасо, Кристо, Вазарели, Анастасов во музејот на „Остен“


Изложба на слики, цртежи и графики од Пабло Пикасо, Виктор Вазарели, Илја и Емилија Кабаков, Кристо, Родољуб Анастасов, Пјер Суланж и Мице Јанкуловски викендов е отворена во Галеријата „Остен“ во центарот на Скопје.

Во ОСТЕН  Музејот на цртеж се наоѓаат дела на најголемите уметници во светот, меѓу кои: Пикасо, Вазарели, Дали, Миро, Мур, Сулаж, Крег, Абрамовиќ, Кристо, Величковиќ, Циуха, Фукс, Андерле, Борн, Рембрант, Де Кунинг, Делакроа, Пизаро, Тулуз-Лотрек, Алешински, Брак, Матис, Хартунг, Дикс, Ернст, Колвиц, Пенк, Такис, Кунелис, Бејкон, Хокни, Хамилтон, Калдер, Индиана, Ворхол, Лихтенштајн,…
како и дела од скоро сите значајни македонски уметници, меѓу кои:
Пандилов, Мартиноски, Аврамовски-Гуте, Чемерски, Хаџи-Бошков, Хаџи-Василева, Јанкуловски, Кондовски, Калчевски, Коџоман, Куновски, Личеноски, Манев, Мазев, Милјановски, Митриќевски, Наумовски, Перчинков, Ташковски, Темкова, В. Василев, Н. Василев, Шемов,…

Изложбата ќе биде отворена до 31 јули.