Микронезија потврди прв случај на Ковид-19


Микронезија – Микронезија денеска го потврди првиот случај на зараза со коронавирус, изјави претседателот на државата Давид Пануело. Оваа островска држава во Пацификот досега беше една од малубројните земји кои немаа регистрирано ниту еден случај на Ковид-19 Член на екипажот на еден брод бил позитивен на тестот на коронавирус. По враќањето од бродот, кој бил на […]

Дејл Фишер: Годинава во светот нема да се постигне колективен имунитет од коронавирусот


Англија– Програмите за вакцинација во текот на оваа година нема да обезбедат колективен имунитет од светската пандемија, оценија здравствени експерти, забележувајќи дека причините за тоа лежат пред се во ограничениот пристап на вакцините до сиромашните земји, проблемите со довербата во одредени заедници и потенцијалните мутации на вирусот. Дејл Фишер, шеф на Глобалната мрежа за предупредување […]

Следно рочиште за ,,Монструм” закажано на 21 јануари


Следното рочиште за случајот ,,Монструм” е закажено на 21 јануари. На денешното рочиште за овој случај беше доставен извештај на МВР за анализата на конфискуваните мобилни телефони. Случајот ,,Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. За петкратното убиство кај Смилковско Езеро во април 2012 година […]

Повик за приказни за МКЦ во пресрет на неговиот 50-годишен јубилеј


Младинскиот културен центар објави повик до сите негови сегашни и минати соработници и до поединци што имаат лична или туѓа приказна поврзана со МКЦ да ја раскажат преку писмо насловено „Драг МКЦ“ и да ја пратат на адресата на оваа институција. Повикот е во рамки на активностите за јубилејниот роденден на МКЦ во 2022 година […]

Од среда попладне снег, за викендот многу студено


Времето денеска е облачно со врнежи од дожд. Од пладне ќе почне да дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од четири до 11 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР), утре ќе преовладува променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од […]

Џоан Колинс ја прими вакцината против Ковид, вели безболна е


Англија – Актерката со титула дама Џоан Колинс (87) ја прими вакцината против Ковид19, ѝ ги извести фановите. 87-годишната ѕвезда од хит-серијата од 80-тите „Династија“ во која ја глумеше фаталната Алексис,  на социјалните мрежи објави како во цветен фустан и со маска на лицето ја прима вакцината на лекар во Лондон. Англиската актерка им рече […]

Меган Маркл не би можела да добие британско државјанство


Англија– По напуштањето на обврските околу кралското семејство и по напуштањето на Велика Британија, Меган Маркл најверојатно нема да може да добие британско државјанство. Имено, според тамошните закони, како што пренесува „Телеграф“, ако некој сака да поднесе барање за државјанство, мора претходно да живеел три години во земјата, како сопруг/-а на британски државјанин. Маркл живееше […]

Камала Харис како тазе потпретседателка доби насловница на „Вог“. Меланија Трамп како прва дама ниту еднаш


САД- Новата потпретседателка која испиша историја Камала Харис ја краси насловната страница на февруарскиот број на американскиот Вог. Вог официјално ја објави насловницата денес на Твитер и Инстаграм. Ја фотографираше Тајлер Мичел, кој во 2018 година стана првата црномуреста фотографка на магазинот која потпишува насловница. Харис позира на две корици. На едната, таа е фотографирана […]

Во Скопје санкционирани 36 возачи поради возење со поголема брзина од дозволената, 17 возеле без возачка


Полицијата вчера на подрачјето на град Скопје изрече 181 мерка, од кои 36 за управување со брзина поголема од дозволената, 17 за возење без возачка дозвола, 11 за нерегестрирани и технички неисправни возила, 13 за користење мобилен телефон и пет мерки за поминување на црвено. Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот […]

Предизвици за 2021 година во односите меѓу Северна Македонија и Грција


Одржување на втората меѓувладина седница, ратификација на меморандумите во грчкиот Парламент и евентуалната практична поддршка од Атина за Скопје на патот кон ЕУ, би можеле да бидат дел од предизвиците во односите меѓу Северна Македонија и Грција за 2021 година, со оглед на тоа дека овие активности од минатата се префрлаат на оваа година, јави […]

Британија петта земја во светот со повеќе од три милиони заразени


Англија – Речиси 60.000 нови случаи на Ковид-19 беа пријавени вчера во Велика Британија, со што вкупниот број заразени во земјата достигна над три милиони. Велика Британија е петта земја во светот со повеќе од три милиони луѓе заразени со вирусот. Соединетите Американски Држави се на прво место, а по нив следат Индија, Бразил и Русија. Повеќе […]

Пазарниот инспекторат годинава планира 19 211 надзори, ризични секторите трговија и угостителство


Државниот пазарен инспекторат планира годинава да спроведе 19 211 надзори, од кои редовни 3551 и вонредни 14 652. Според годишниот план предвидува и 1081 контролни надзори. Од Државниот пазарен иснепкторат во Годишниот план објавен на неговата веб-страница, наведуваат дека бројот на вонредни надзори е поголем поради состојбата со пандемијата, но дека доколку дојде до опаѓање […]

Семејството Трамп припаѓа на „буништето на историјата“, вели Клуни


САД– Оскаровецот Џорџ Клуни (59), вели целото семејство Трамп припаѓа на „буништето на историјата“ по немирите во Капитол во кои загинаа пет лица. Актерот на „Midnight Sky “ (најгледан филм на Нетфликс на сите времиња), коментираше на подкаст на KCRW’s The Business. „Поразително е да се гледа како Народната куќа се сквернавува на тој начин“, […]

Пронајдени делови од индонезискиот авион што се урна во Јаванско море


Индонезија – На длабочина од 23 метри во Јаванско море, нуркачите денеска пронајдоа делови од индонезискиот Боинг 737-500, кој се урна вчера непосредно по полетувањето од аеродромот во Џакарта со 62 патници и членови на екипажот. „Сигурни сме дека нуркачите ја испитуваат локацијата каде авионот падна во морето“, рече шефот на службата за цивилно воздухопловство, Хади Тиџханто, […]

Најмногу дожд во Охрид и Дебар, врнежите продолжуваат и преку денот


Најмногу дожд наврна во Охрид и Дебар, а снежна покривка има на Попова Шапка. Според информациите на УХМР во Охрид се наврнати 26 л/м2, 22 во Дебар, 19 Претор и Пожаране, 18 Берово, 17 Битола и Крушево, 14 Прилеп, 12 Струмица и Дојран, 11 Демир Капија, девет Тетово, осум Крива Паланка и Штип, шест Скопје-Зајчев […]

Сообраќајот на државните патишта по влажни коловози, дожд има низ целата држава


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од слаб дожд има на патиштата низ целата држава. Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на […]

Заштитата на културното наследство со рекорден буџет годинава, се чека и нов закон


Годината што остана зад нас беше поинаква за сите, но со посебно горчлив вкус ќе ја паметат културните работници и уметници кои поради пандемијата се збогуваа со сценските настапи. Голем дел од нив останаа без придонеси, па Владата обезбеди посебен пакет за помош на културата и културните работници. Речиси сите културни установи ги затворија вратите […]

Македонија од лани 30. членка на НАТО. Што понатаму?


Зголемена безбедност, подобра економија, повеќе инвестиции, а со тоа и подигнување на животниот стандард се дел од придобивките кои Северна Македонија ги очекува, откако лани и официјално стана 30. земја-членка на НАТО. Официјализирањето на членството беше невообичаено, во услови на глобална пандемија, на закана за светската економија, но очекувањата се дека по завршувањето на кризата […]

Во САД хоспитализирани повеќе од 130.000 пациенти со коронавирус


САД – Во Соединетите Американски Држави на болничко лекување и натаму има повеќе од 130.000 пациенти заразени со коронавирусот. САД вчера пријавија дека 130.777 пациенти со Ковид-19 се хоспитализирани, пренесува Си-Ен-Ен. Тоа е 39-ти ден кога во САД има повеќе од 100.000 хоспитализирани пациенти со вирусот.. Најголем број пациенти во болница имаше на 6 јануари – 132.464.