Во Скопје санкционирани 36 возачи поради возење со поголема брзина од дозволената, 17 возеле без возачка


Фото: Б. Грданоски

Полицијата вчера на подрачјето на град Скопје изрече 181 мерка, од кои 36 за управување со брзина поголема од дозволената, 17 за возење без возачка дозвола, 11 за нерегестрирани и технички неисправни возила, 13 за користење мобилен телефон и пет мерки за поминување на црвено.

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот и најавува дека  засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.