Клаудија Кардинале доаѓа на „Браќа Манаки“ во Битола


Италијанската и светски позната филмска актерка Клаудија Кардинале (80) ќе учествува на свеченото отворање на 39 издание Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и во Битола лично ќе и биде врачена специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Клаудија Кардинале е со импозантна филмографија од над 175 улоги во филмови, …

Клаудија Кардинале доаѓа на „Браќа Манаки“ во Битола Read More »

Ин мемориам: Почина Екрем Хусеин, доајенот на македонскиот балет


Денес, на 75 години, по кратко боледување, почина нашиот најпознат балетан Екрем Хусеин, роден Скопјанец, со незаборавни улоги во најпознатите балетски претстави како „Рејмонда“, „Шехерезада“, „Есмералда“… На сцената е од 1950 година, а се пензионира во МОБ. Зад себе остави две деца. Денес попладне ќе биде погребан на Градските гробишта во Бутел во Скопје.   …

Ин мемориам: Почина Екрем Хусеин, доајенот на македонскиот балет Read More »

Форбс: Џорџ Клуни е најплатен актер во 2018


САД– Оскаровецот Џорџ Клуни (57) од вчера е и официјално најплатениот актер во светот, иако нема снимено филм од 2016 година. Тој го освои првото место на годишната Форбсова листа на актери со најголема заработувачка, најмногу благодарение на продажбата на неговата компанија која прави текила. Според „Форбс”, Клуни од јуни 2017 година до јуни 2018 …

Форбс: Џорџ Клуни е најплатен актер во 2018 Read More »

Формирано Здружение на издавачи 16+1 на Меѓународниот саем на книгата во Пекинг


  Кина-Во Пекинг синоќа е формирано Здружение на издавачи 16+1, за време на Меѓународниот саем на книгата во Пекинг, како составен дел од рамката за соработка меѓу Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа. Претставник на Македонија во здружението е Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“.Здружението има цел да ја промовира издавачката соработка …

Формирано Здружение на издавачи 16+1 на Меѓународниот саем на книгата во Пекинг Read More »

Трифун Костовски и се враќа на музиката: Ќе пеам песни кои ми лежат


Поранешниот скопски градоначалник, бизнисменот Трифун Костовски (71), ѝ се враќа на музиката , со нов албум кој се очекува наесен. Албумот се снима во музичкото студио на Александар Митевски, негов соработник и пријател. Митевски на социјалните мрежи објави фотографии од Костовски и него од студиото „Торус“. -Ја сакам музиката и ја разбирам.Новиот албум ќе содржи …

Трифун Костовски и се враќа на музиката: Ќе пеам песни кои ми лежат Read More »

Најпознатите модни парчиња на Џани Версаче на аукција


САД- Најпознатите модни парчиња на Џани Версаче ќе бидат понудени на аукција на 21 септември.  Станува збор за 350 модни парчиња од машката и женската колекција , меѓу нив и модели кои на ревиите во Милано ги носеле и Наоми Кембел и Клаудија Шифер. Колекцијата  „Генијалноста на Џани Версаче: Колекција на неговите најпознати парчиња од …

Најпознатите модни парчиња на Џани Версаче на аукција Read More »

„Бенетон“ изгуби две милијарди долари по трагедијата во Џенова


Италија– Edizione Holding, во сопственост на Benetton, поседува третина од акциите во компанијата Атлантиа чија  подружница Autostrade per l’Italia е концесионер на кобниот мост. По трагедијата и заканите од Владата дека на Аутрострада ќе и биде одземена концесијата и ќе биде казнета, акциите на Атлантиа паднаа за 26% на најниско ниво во последните четири години. …

„Бенетон“ изгуби две милијарди долари по трагедијата во Џенова Read More »

Шанел лансираше прва колекција на шминки за мажи


Франција-Култната француска куќа Шанел на пазарот ја лансираше првата, револуционерна мејк-ап колекција наменета за мажи, под името ‘Boy de Chanel’. Колекцијата содржи три есенцијални производи во минималистички пакувања, а името – ‘Boy de Chanel’ – се однесува на Бој Капело, љубовникот на легендарната Коко Шанел. ‘Boy de Chanel’ содржи течна пудра, балзам за усни и моливче …

Шанел лансираше прва колекција на шминки за мажи Read More »

Робин Тик по трет пат татко


САД– Пејачот Робин Тик (41) по трет пат ќе стане татко. Со девојката, моделот Април Лав Гери (23) го чекаат нивното второ дете, само шест месеци откако го прославија првиот роденден на ќерката Миа. Тик е познат по песната „ “Blurred Lines” заедно со Фарел Вилијамс. Гери и Тик се во врска од 2015 година, …

Робин Тик по трет пат татко Read More »

(Фото) Клаудија Шифер излезе од анонимност – се појави на јахта во бикини


Италија-Поранешниот супермодел Клаудија Шифер по долги години е фатена од папараците на јахта додека се одмора во Италија. Супермоделот Клаудија Шифер (47) е снимена на јахта во близина на италијанското одморалиште Портофино. Таа во бикини покажа зачувана линија , иако поминаа дваесетина години откако беше главна на модните писти. Шифер е  16 години во брак со …

(Фото) Клаудија Шифер излезе од анонимност – се појави на јахта во бикини Read More »

Завршува јавниот увид и пријавувањето на иселениците за референдумот


Јавниот увид во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците за гласањето на референдумот на 30 септември завршува вечер на полноќ. До вчера напладне беа пријавени вкупно 2.060 пријави граѓани за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.  Како што соопшти ДИК, од пријавите, 2019 се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка. Најголем број пријави …

Завршува јавниот увид и пријавувањето на иселениците за референдумот Read More »

„Hip Hop Made in Macedonia“ во Њујорк


Презентација на три книги, изложба на кавери на македонски артисти, проекција на документариот филм „Сложувалка“, настап во живо на групата „Клан Исток“, како и предавање за македонската урбана и хип-хоп култура од Славчо Ковилоски и Александар Ковилоски, се дел од проектот „Hip Hop Made in Macedonia“ што ќе биде претставен денеска во Македонскиот културен центар …

„Hip Hop Made in Macedonia“ во Њујорк Read More »

Електромобилите иднината во светот, Македонија се обидува да фати чекор


Електричните автомобили полека, но сигурно, ги освојуваат светските пазари. Се повеќе автомобилската индустрија се насочува кон производството на овој тип автомобили како поекономични и поеколошки, а се зголемува и интересот кај потрошувачите. Податоците со кои располага Меѓународната агенција за енергетика покажуваат дека минатата година бројот на електрични превозни средства на светско ниво пораснал на рекордни …

Електромобилите иднината во светот, Македонија се обидува да фати чекор Read More »

На Табановце и Богородица се чека до 20 минути


На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возило и чекање околу 15 до 20 минути, а на останатите гранични премини премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните …

На Табановце и Богородица се чека до 20 минути Read More »

Книжевна вечер со писателката Габриела Бабник


Романот „Сушен период“ ќе биде во фокусот на вечерашниот книжевен разговор со словенечката писателка Габриела Бабник што го организира издавачката куќа „Готен“. Разговорот ќе се одржи во книжарницата „Антолог“, а ќе го води Владимир Јанковски. Габриела Бабник овој месец е гостин на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи на издавачката куќа „Готен“, која е дел …

Книжевна вечер со писателката Габриела Бабник Read More »

„Рибја чорба“ во Крива Паланка на седмото издание на „Џојфест“


На седмото издание на музичкиот фетивал „Џојфест“ во Крива Паланка кое ќе се одржи на 25 август ќе настапи Српскиот рок-состав „Рибја чорба“. Фестивалската програма на „Џојфест 2018“ ќе започне во 20 часот и 30 минути, а настанот ќе се одржи на централниот градски плоштад во Крива Паланка. Уметничкиот директор на фестивалот, Александар Михајловски, најави …

„Рибја чорба“ во Крива Паланка на седмото издание на „Џојфест“ Read More »

Сончево и топло, од викендот локален дожд


Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а  дневната од 25 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и утринска температура до …

Сончево и топло, од викендот локален дожд Read More »

Хороскоп: Што советуваат ѕвездите денес


ОВЕН: Што и да започнете денес, има шанси да биде успешно – колку повеќе резултати ќе добиете, толку поповолни ситуации ќе доаѓаат во ваш правец. Пред вас е екстремно успешен период на повеќе полиња. Бидете храбри, но и внимателни да не навредите некој близок. БИК: Ова е транзиција, како и завршување на еден кармички чекор во кој …

Хороскоп: Што советуваат ѕвездите денес Read More »

Адам Загајевски: Кој е добитникот на „Златен венец 2018 “?


Утре во Струга, во рамките на СВП, прес-конференција ќе одржи годинешниот добитник на „Златниот венец“, полскиот поет Адам Загајевски (73), а в сабота ќе се одржат поетско кафе и поетскиот портрет со добитникот. Загајевски, зад себе има интересна семејна историја и творештво кое било забранувано во неговата татковина. На младите поети им советува интелектуална љубопитност, …

Адам Загајевски: Кој е добитникот на „Златен венец 2018 “? Read More »

Еди Марфи на 57 години по десетти пат татко


САД– Актерот Еди Марфи е татко на девет деца од пет различни жени, а како пренесуваат светските медиуми, во 57-та година ќе стане татко по десетти пат. Тој е во врска со Пејџ Батчер, 39-годишен австралиски модел, а таа неодамна е видена во Лос Анџелес во блажена состојба. Пејџ и Еди веќе имаат двегодишна ќерка …

Еди Марфи на 57 години по десетти пат татко Read More »