Црвениот ќилим на 93. Оскари: Експлозија на бои (галерија)


САД– Гламурот на Оскарите 2021 и во услови на пандемија не не разочара. Црвениот килим на доделувањето на најпрестижните филмски награди беше во знакот на сите бои, а речиси сите актерки за оваа најважна филмска ноќ избраа, елегантни кроеви, со дозиран сексапил. Црвениот килим на Оскарите што се пренесуваше во живо истовремено од „Долби театарот“ […]

ФИАФ му оддаде почит на Борис Ноневски


Меѓународната федерација на филмски архиви ФИАФ (International Federation of Film Archives – FIAF) на еден од онлајн настаните кои ги заменија активностите на планираниот годинешен конгрес му оддаде почит на неодамна починатиот Борис Ноневски, поранешен директор на Кинотеката на Македонија. Борис Ноневски (1948-2021) беше  долгогодишен директор во неколку мандати и за време на неговото раководење Кинотеката ја […]

Марио Драги ќе го претстави планот за обнова финансиран од Европската унија пред парламентот


Италија – Италијанскиот премиер Марио Драги ќе го претстави планот за обнова финансиран од Европската унија пред парламентот, додека во државата делумно се отвораат рестораните, кината и театрите по повеќемесечните наизменични строги затворања и мало олеснување на мерките. Огромното мнозинство од дваесетина региони сега е обележано со жолто. На баровите и рестораните им е дозволено да […]

Во Израел се испитуваат случаи на миокардитис после примена вакцина Фајзер


Израел – Израелското Министерство за здравство вчера соопшти дека истражува мал број случаи на воспаление на срцевиот мускул кај луѓе кои примиле вакцина на Фајзер против Ковид-19, но сè уште не дошло до заклучоци. Според Фајзер, не е забележана поголема стапка на ова заболување отколку што обично се очекува кај општата популација. Израелскиот координатор за одговор на пандемијата […]

Денеска 35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил


Украина– Огромната и празна зона околу нуклеарната централа во Чернобил, местото на најтешката нуклеарна несреќа во светот што се случи на денешен ден пред 35 години, е страшен споменик на човечките грешки, а сепак Украинците бараат инспирација, удобност – и приход од тоа. Реакторот број четири во електраната на 110 километри северно од главниот град Киев […]

Западот мора јасно да му покаже на Путин до каде е црвената линија


Кога руските трупи стационирани на границата со Украина во последните неколку недели ќе се вратат во своите бази, тензиите во регионот ќе се смират. Но, рано е да се смириме. Дури следната недела ќе знаеме дали овие трупи навистина ќе бидат повлечени, пишува Рајнхард Везер на страниците на Франкфуртер алгемајне цајтунг. Дополнителен фактор на неизвесноста […]

Велики Петок и вториот ден на Велигден се неработни денови


Велики Петок пред Велигден (30 април), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Неработен ден, пак, за сите граѓани на Република Северна Македонија е понеделник, вториот ден на Велигден според православниот календар. Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед […]

За шест часа 170 казни за брзо возење во Тетово и Гостивар


За шест часа при вчерашната акциска контрола, сообраќајните полицајци при СВР Тетово изрекле казни за вкупно 170 луѓе кои управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од вкупниот број прекршоци, 92 се на територијата на Тетово, а 78 на територијата на Гостивар. -Во периодот од 13:00 до 19:00 часот на подрачјето на СВР Тетово е спроведена засилена сообраќајна […]

Вакцинираните американски туристи ќе можат да патуваат во ЕУ


САД – Американските туристи ќе имаат право да ја посетат Европската унија во наредните месеци, под услов да се вакцинирани против Ковид-19, изјави за „Њујорк Тајмс“ претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен. – Колку што гледам, Американците користат вакцини одобрени од Европската агенција за лекови. Тоа ќе им овозможи слободно да се движат и слободно […]

Димитров за „То Вима“: Нашиот случај е тест за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан


Грција – Нашиот случај претставува тест за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан, вели заменик претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров во разговор за грчкиот весник „То Вима“ и објаснува дека нашата земја статусот кандидат го доби во 2005 година, а пред 12 години го имавме првиот позитивен извештај за […]

Триумф на „Номадленд“ на Оскарите: Најдобар филм, режија и главна женска улога


Најдобра режисерка е Клои Жао, најдобра актерка е Френсис Мекдорманд, а најдобар актер е Ентони Хопкинс САД– „„Номадленд“ на Клои Жао триумфираше синоќа на доделувањето на 93. Оскари во Лос Анџелес кои заради Ковид беа поинакви, но гламурозни и возбудливи. „Номадленд“ е прогласен за најдобар филм, а Жао за „Номадленд“ го освои Оскарот за најдобра […]

Шекеринска и Брнз во посета на армискиот полигон „Криволак“


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ ќе ги посетат припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“. Како што соопштија од […]

Истекуваат рестриктивните мерки, од анализата на епидемилошката состојба ќе произлезат нови


Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 истекуваат утре, а се очекува денеска Комисијата за заразни болести да ја анализира епидемиолошката состојба по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници. Во случај […]

Интерпелацијата за министерот Спасовски на дневен ред во Собранието


Во Собранието денеска треба да се одржи продолжението на 39-тата седница на која се останати уште 24 точки на дневен ред меѓу кои како последна е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Интерпелацијата во Собранието е примена на 24 […]

Почна Страстната седмица пред Велигден


За православните христијани денеска почна Страстната – Страдалната седмица, последната седма недела од чесниот пост што му претходи на Велигден. Оваа недела, од Велики понеделник до Велика сабота верниците ја поминуваат во строг пост, молитви и покајание. На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос, неговото приведување и страдањето на […]

Денот сончев, а вечер дожд и ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, попладне повремено со значителна облачност. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне долж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне […]

Фановите примија 70.000 дози од “поп-вакцината” на Дац и Александар за 24 часа


Преку 70 илјади прегледи донесе новиот хит на распеаното дуо, Драган Спасов Дац и Александар Митевски наречен “Вакцина”. Тие изненадија со нов кавер на светски познатата “Марина” од Роко Граната и ја обликуваа во химна за масовна вакцинација со позитивна енергија заедно со нивните пријатели и специјалниот гостин Денис Јанкуловски Космонаутко. Песната е веќе хит […]

Вечерва се доделуваат Оскарите, филмска ноќ која испишува историја


Миланка Рашиќ,  ТВ автор и продуцент, и оваа година ќе биде коментатор на доделувањето на филмските награди Оскар, во ексклузивниот директен пренос на Телма. Вечерва програмата “Ноќ на Оскарите“ ќе започне во 22:15 на ТВ Телма со филмот Оскаровец „Зелената книга“, во 00:30 започнува преносот од Црвената патека, а во 02 часот е почетокот на 93-те […]

Модниот свет во шок- од Ковид почина славниот дизајнер Албер Елбаз


Франција- Модниот свет е во шок- по веста дека од компликации на коронавирус почина славниот дизајнер Албер Елбаз (59) ,познат по работата кај Ив Сен-Лоран и Ланвин. Роден во Мароко, растел во Израел, а се школувал во Франција. Како пренесуваат, тој починал во една париска болница, а веста ја потврдиле од компанијата „Richemont“ со која […]

Спомен-куќата на Тоше во Крушево е најпосетуван музеј во регионот


Спомен-куќата „Тодор Проески“, на Гумење во Крушево, за десет години ја посетиле преку 700 000 гости Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево денеска одбележува 10 години откако е отворена за посетители, за обожаватели и за гости во чест на голема музичка ѕвезда. На 25 април 2011 година е отворен овој импозантен музеј, Спомен […]