(Фото) Трудната Меган: Белиот фустан распродаден за пет минути


Австралија– Белиот фустан на војвотката од Сасекс што го носи на турнејата низ Австралија е распродаден за пет минути, потврди дизајнерката Карен Гри од Австралија. Меган Маркл позираше со едноставниот фустан и пред Операта во Сиднеј, а го искомбинира со крем салонки од брушена кожа на Стјуарт Вајцман и златна алка што и припаѓаше на …

(Фото) Трудната Меган: Белиот фустан распродаден за пет минути Read More »

Си Ен Ен: Кашоги бил убиен, а потоа исечен на парчиња


САД– Телото на исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги е исечено на парчиња откако претходно бил убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се  на неименуван турски официјален претставник. Тоа  тврдење, првично објавено од „Њујорк тајмс”, следуваше по девет часовниот претрес на турските истражители во саудискиот Конзулат во Истанбул. Неименуван турски официјален претставник не …

Си Ен Ен: Кашоги бил убиен, а потоа исечен на парчиња Read More »

Топло време до недела, од понеделник пад на температурите и дожд


Стабилното и топло време ќе се задржи до недела, а од понеделник се најавува опаѓање на температурите за неколку степени. Времето до крајот на оваа недела ќе се задржи суво, стабилно и релативно топло време. Утринската температура ќе се движи околу два, а дневната максимална до 28 степени. Од понеделник, метеролозите најавуваат опаѓање на температурите …

Топло време до недела, од понеделник пад на температурите и дожд Read More »

Се породи Пипа, сестрата на Кејт Мидлтон


Англија- Пипа Мидлтон, сестрата на Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејмс, станаа родители на момче. Пипа се породи во понеделникот во болницата Линдо Винг, во западен Лондон. Медиумите вчера ја придружувале во болницата. Со неа бил и нејзиниот сопруг, кој носел две големи торби. Сестрата на војвотката од Кембриџ носела син капут, бели чевли и …

Се породи Пипа, сестрата на Кејт Мидлтон Read More »

Пратениците решаваат за НАТО и ЕУ


Во Собранието на Република Македонија и денеска ќе продолжи седницата на која пратениците расправаат за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Пратениците од парламентарното мнозинство и опозицијата и вчера, на вториот ден од расправата, останаа на своите ставови „за“ и „против“ уставните …

Пратениците решаваат за НАТО и ЕУ Read More »

Слаб интерес кај скопјани за вдомување куче


Од приближно шеесет кучиња што го поминале целокупниот медицински третман во стационарот „Вардариште“, во рамки на акцијата „Вдоми – не купувај“, беа вдомени десет. Ваквиот слаб одѕив се должи на фактот дека чипирањето на домашните миленици се воведе како законска обврска за сопствениците и во моментов бесплатно се реализира преку Агенцијата за храна и ветеринарство. …

Слаб интерес кај скопјани за вдомување куче Read More »

Почнува Белградскиот безбедносен форум – најпрестижен во овој дел од Европа


Србија-Белградскиот безбедносен форум, осми по ред, најпрестижен форум во овој дел од Европа, ќе почне денеска во Белград, каде ќе зборуваат претседатели, премиери и државни функционери. Ќе се дискутира на вкупно 20 панели и сесии, со 111 говорници и повеќе од 700 учесници од Србија, регионот и други делови од Европа и светот. На тридневниот …

Почнува Белградскиот безбедносен форум – најпрестижен во овој дел од Европа Read More »

Ликовни дела од југословенската збирка на НГМ на изложба во Чифте амам


Националната галерија на Македонија (НГМ) вечер од 19 часот во објектот Чифте амам ќе отвори изложба на околу 110 ликовни дела од југословенската збирка, на автори од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Формирањето на југословенската збирка почнало во првите години од основањето на галеријата, а делата се создадени во периодот од …

Ликовни дела од југословенската збирка на НГМ на изложба во Чифте амам Read More »

Помпео: Саудијците нема да исклучат никој од истрагата за исчезнувањето на новинарот Кашоги


Саудиска Арабија – Саудиските лидери нема да исклучат никого од истрагата за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео по разговорите во Ријад. Саудиските лидери ветија дека ќе бараат сметка од секој кој, според истрагата, должи објаснувања. Тоа го нагласи Помпео пред новинари пред да замине од Ријад за Анкара. Запрашан дали …

Помпео: Саудијците нема да исклучат никој од истрагата за исчезнувањето на новинарот Кашоги Read More »

Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за „27 април“


Со сведочење на загрозениот сведок С1 денеска треба да продолжи рочиштето за случајот „27 април“ на Основното јавно обвинителство во кое се обвинети вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На вчерашното рочиште кое започна во новата зграда на Кривичниот суд, јавноста беше исклучена, …

Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за „27 април“ Read More »

Сончево со мала облачност, температура до 28 степени


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 23 до 28 степени. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од источен правец.  Утринската темптература ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до …

Сончево со мала облачност, температура до 28 степени Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Можеби чувствувате дека е тешко да продолжите и да го оставите познатото и сигурното зад вас. Сепак, нема потреба од такви размислувања. Во текот на денот ќе се уверите дека пријателите се тука кога ви требаат и заеднички ќе ѝ се препуштите на некоја авантура. БИК: Денес се враќате на сцена, со нови и иновативни идеи. …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Карл Лагерфелд дизајнираше патики за „Пума“


САД– Во чест на 50 годишниот јубилеј на „Пума“, креативниот директор на „Шанел“ и на „Фенди“ Карл Лагерфелд дизајнираше капсулна колекција патики, за славната спортска компанија. Првата соработка ќе резултира со патики за мажи, жени и унисекс од превртена кожа, во бела и во црна боја. Имиџот на Лагерфелд со темни очила и црна вратоврска …

Карл Лагерфелд дизајнираше патики за „Пума“ Read More »

Словенечкиот уметник Дарко Брлек доаѓа на 59.„Охридско лето“


Директорката на Националната установа Фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и  претседателката на Управниот одбор на фестивалот Нина Момировска вчера во Љубљана, Словенија, на покана од директорот на Љубљански фестивал,  Дарко Брлек остварија работна и мошне конструктивна средба. На средбата беа разменети искуства и идни планови и проекти на двата фестивали. Директорите Поповиќ и Брлек  договорија …

Словенечкиот уметник Дарко Брлек доаѓа на 59.„Охридско лето“ Read More »

Моника Црнокрак со титула на првиот избор на убавина: Мајка ми имаше повеќе трема од мене


Моника Црнокрак (19) на првиот избор на убавина „Мис самер интернационал 2018“, во Кирениа, Кипар ја освои титулата Мис фотогеничност, во конкуренција на над 35 убавици од целиот свет. – Имав трема, ама не многу. Повеќе трема имаше мајка ми која има завидно портфолио од меѓународни избори. Горда сум дека за прв пат ја претставував …

Моника Црнокрак со титула на првиот избор на убавина: Мајка ми имаше повеќе трема од мене Read More »

Антонијо Милошоски на распит во СЈО за случајот „Моќник“


Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски денеска е повикан на распит во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Моќник“. Милошоски е првообвинет во случајот „Моќник“, што СЈО го најави во март годинава против вкупно 13 лица, меѓу кои се и неговиот татко и тогашниот градоначалник на општина Македонски Брод, како и поранешниот прв …

Антонијо Милошоски на распит во СЈО за случајот „Моќник“ Read More »

Почина Пол Ален, соосновачот на „Мајкрософт“


САД– Соосновачот на компанијата “Мајкрософт” Пол Ален, 34 најбогат човек на светот, починал вчера на 65 години, соопштила неговата компанија “Вулкан”. На почетокот на овој месец Ален соопштил дека Хочкинсовата болест, од која се лечел од 2009. година, се вратила и планира да со неа да се бори поагресивно. Ален го напуштил “Мајкрософт” во 1983. …

Почина Пол Ален, соосновачот на „Мајкрософт“ Read More »

Брегзит, главна тема на разговори на претстојниот ЕУ Самит


Белгија – Преговорите за напуштањето на ЕУ од страна на Велика Британија ќе бидат главна тема на разговорите на шефовите на држави и влади на ЕУ на самитот в четврток и петок. Британската премиерка е поканета на вечера со останатите 27 лидери и претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск во среда вечер. Преговорите стануваат сѐ помакотрпни и …

Брегзит, главна тема на разговори на претстојниот ЕУ Самит Read More »

Марија Спасовска ќе не претставува на „Детска Евровизија“ во Белорусија


Скопјанката Марија Спасовска (13) ќе ја претставува Македонија на Детскиот Евросонг закажан на 25 ноември во Минск, Белорусија. Композицијата „Дома“ е дело на долгогодишните соработници, хитмејкерот Дарко Димитров (музика и аранжман) и поп-ѕвездата Елена Ристеска (текст). Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија …

Марија Спасовска ќе не претставува на „Детска Евровизија“ во Белорусија Read More »

Сенаторка го докажа потеклото, Трамп должи еден милион долари


САД- Американската демократска сенаторка Елизабет Ворен направила ДНК анализа, со која докажала дека има индијанско потекло, откако претседателот на САД Доналд Трамп повеќе пати ја обвинувал дека лаже. Трамп всушност долги години ја обвинува Ворен дека лаже оти има индијанско потекло, а на неговите митинзи ја нарекуваше и „лажна Покахонтас“. Американскиот претседател во јули оваа година …

Сенаторка го докажа потеклото, Трамп должи еден милион долари Read More »