Хари: Мојот живот е спој на „Шоуто на Труман“ и зоолошка градина


САД – Принцот Хари изјави дека сака „да го прекине кругот на болка и страдање“ од неговото растење и да не им го пренесува на сопствените деца. – Не мислам дека треба да покажеме со прст и да обвинуваме некого. Но, секако, кога станува збор за родителството, ако доживеав некаква болка или страдање поради болката […]

Умерено облачно време со изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Локално ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните подрачја, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени. Во Скопје времето […]

Околу 40.000 дози од „Астра зенека“ пристигнуваат денес, утре 100.000 од „Синофарм“


Околу 40 илјади дози од вакцината „Астра зенека“ обезбедени преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во земјава, а веќе утре 100 илјади вакцини од кинески „Синофарм“ кои се донација од кинеската Армија. Од новите дози на „Астра Зенека“, 24 илјади ќе бидат наменети за ревакцинација, а со останатите ќе се вакцинираат оние граѓани […]

Астероид поголем од Кеопсовата пирамида ќе мине крај Земјата


САД– Астероидот „2015 KJ-19“, кој е поголем од Кеопсовата пирамида во висина, ќе се приближи до Земјата денеска, на 14 мај, според официјалната страна на НАСА. Најблиската точка на патеката на вселенското тело се наоѓа на растојание 15 пати поголемо од она меѓу Земјата и Месечината. Тоа го прави астероидот безбеден за нашата планета. Астероидот […]

„Пријатели“ се враќаат на 27 мај


САД– Долгоочекуваниот повторен собир на „Пријатели“ конечно доби термин за првото свое прикажување, по одложувањето на снимањето предизвикано од пандемијата на коронавирусот. „Пријатели“ беше една од најпопуларните хумористична серија во 1990-тите, а последната сезона заврши 2004 година. Специјалната епизода ќе биде достапна на стрим-сервисот „Ејч-би-оу макс“ од 27 мај. Оригиналната актерска екипа на серијата успеа […]

Слика на Пикасо продадена за 85 милиони евра


САД– „Жената што седи покрај прозорецот“ на Пабло Пикасоко, која претставува портрет на неговата млада љубовница, од 1932 година, беше продадена на аукција во „Кристи“ за повеќе од 103 милиони долари (85 милиони евра). Конечната цена на платното беше 90 милиони долари, но со оглед на сите дополнителни плаќања, идниот сопственик на сликата ќе треба […]

Биенале на млади уметници во МСУ – „Страст за лутање“


Под наслов „Страст за лутање“ на 19 мај започнува 13. Меѓународно биенале на млади уметници, во организација на Музејот на современа уметност во Скопје. Ќе бидат изложени дела на повеќе од 30 локални, регионални и меѓународни уметници. Селектирани се дела на уметници од Северна Македонија, Аргентина, Босна и Херцеговина, Италија, Косово, Србија, Турција, Хрватска, а […]

Премиера на краткиот филм „Прашливи цвеќиња“ во МКЦ


Во МКЦ (кино Фросина) вечерва со почеток од 19:30 и 20:30 часот ќе се одржи премиера на краткиот филм „Прашливи цвеќиња“ во режија на Мирослав Илиќ. – „Прашливи цвеќиња“ (Dust flowers) е дебитантски и самофинансиран краткометражен филм на Мирослав Илиќ. Досега има добиено 2 награди за најдобар краткометражен филм и веќе е во 4 официјални […]

Молња уби стадо од 18 индиски слонови


Индија – Гром уби 18 слонови одеднаш во Индија. Ова е најголемиот број слонови кои угинале во една несреќа, во областа Асам последниве 20 години. Владини претставници соопштија дека слоновите биле усмртени кога громот удрил во заштитениот шумски резерват Кандоли. Жители на селото во близина ги известиле надлежните веднаш откако пронашле неколку трупа на животни во шумата. […]

Израел демантира дека почнал копнена операција во Појасот Газа


Израел– Израел отвори артилериски оган и изврши повеќе воздушни напади врз палестинските милитанти во Појасот Газа, по ракетирањето на израелска територија, но израелската војска наведува дека немало копнена инвазија. Судирите влегоа во петтиот ден, без знаци на олеснување, соопшти израелската армија по полноќ, откако копнени сили претходно ја нападнаа таа област. Потоа следуваше ракетирање од Газа […]

Книжевна вечер со словенечката писателка Весна Лемаиќ на фестивалот „АртАреа“


Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ организира претставување на словенечката писателка Весна Лемаиќ. Претставувањето и разговорот ќе се одржи во петок, 14 мај, во 19:15 часот. Настанот е дел од четврото издание на фестивалот „АртАреа“, кој оваа година се одржува во кафе-книжарницата „Буква“. Модератор на разговорот и претставувањето ќе биде писателот […]

Традиција со машки наследник: Леди Кити Спенсер нема да го наследи Алторп


Англија- Леди Кити Спенсер изјави дека ставовите кон примогеност се менуваат, и покрај инсистирањето на нејзиниот татко дека нема да го наследи Алторп. Ерл Спенсер, брат на Дајана, принцезата од Велс, планира да го остави имотот на неговиот син Луис, кој ќе ја наследи титулата и покрај тоа што има три постари сестри. Најстарата е […]

Концерт „Музичко патување“ во Филхармонија


Концерт насловен „Музичко патување“ ќе се одржи вечер во Филхармонија. На програмата е концертот за кларинет и виола оп.88 од Брух и Симфонијата бр.4 –„Италијанска“ од Менделсон. Солисти се Здравко Ангелов (кларинет) и Илза Бафтиари (виола), а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. Макс Брух (1838 – 1920) е познат по неговите опери, […]

Стартува летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката


Со проекција на документарниот филм „Форте“ (Forte) од програмата на фестивалот „Вечери на женски права“ на режисерот Дејвид Донели (David Donnelly) вечер во дворот на Кинотеката почнува летното кино „Мирно лето“. Во рамки на фестивалот „Вечери на женски права“ ќе бидат прикажани документарните филмови: „Денот на жената“ (Women’s Day) на Долја Гавански и „Тоа е […]

Борел: ЕУ не може да го запре Израел


Израел – Високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел синоќа изјави дека Европската унија не е во состојба да посредува во израелско-палестинскиот конфликт. – Повикавме да се стави крај на конфликтот, но кој може да изврши притисок врз Израел? Само САД. Европа веќе подолг период не е способна за тоа, рече Борел […]

Скратен полициски час и олабавени мерки до вторник


Полицискиот час од синоќа почна од полноќ и траеше до четири часот изутринава согласно новиот предлог на Комисијата за заразни болести за олабавување на рестриктивните мерки. Олабавувањето на рестриктивните мерки уследи по намалувањето на бројот на новозаболени и хоспитализирани на корона вирусот во изминатиот период и намалувањето на притисокот врз болничките капацитети. Новите мерки, што […]

Зголемен бројот на оздравени од Ковид-19, намален бројот на хоспитализирани


Според вчера објавениот извештај на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се 3803 оздравени пациенти. Тоа е најголем број регистирирани оздравени пациенти од Ковид-19 за еден ден досега. Регистрирани се и 123 нови случаи со Ковид-19 и 17 починати. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројот […]

На „Криволак“ брифинг за претстојната вежба „Одлучен удар 21“


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски денеска на Криволак ќе учествуваат на брифинг за новинари за претстојната вежба „Одлучен удар 21“. Вежбата „Одлучен удар – 21“ ќе се реализира во периодот од 17  мај до 2 јуни 2021 година на АП „Криволак“ со учество на околу 1500 […]

„Стоиме заедно“ – акција за помош и поддршка на 1.620 семејства


Банка за храна Македонија денеска ја започнува акцијата насловена, #СтоимеЗаедно! #WeStandTogether! #Qëndrojmësëbashku!, во рамки на која ќе бидат подготвени пакети за помош и поддршка на 1620 семејства во 20 општини со што ќе биде заокружена реализацијата на повеќегодишниот проект „ВСС Ефект“ финансиран од ЕУ. Според организаторите, учество и помош во акцијата, која велат е најголема […]

Сончево со мала до умерена облачност, на планините со услови за дожд


Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од пет до 10, а максималната ќе достигне од 20 […]