УНИЦЕФ ќе купи 220 милиони дози од „Спутник V“


Русија – Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) ќе купи 220 милиони дози од руската вакцина Спутник V, соопшти рускиот фонд за директни инвестиции, што се занимава со пласман на вакцината на пазарот, јави ДПА. Потпишан е договор што ќе овозможи да се вакцинираат 110 милиони луѓе против ковид-19, соопшти Фондот. Испораките ќе бидат извршени […]

Лондонски „Сандеј Тајмс“ со блескави оценки за новото ЦД на Симон Трпчески


„Вонсериско издание“ – оценува лондонски „Сандеј Тајмс“ образложувајќи го својот избор за албум на неделата! Во издание на престижната британска етикета „Лин Рекордс“, од денеска (28 мај) официјално излегува најновиот компакт-диск на македонскиот пијанист Симон Трпчески на кој заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија, изведуваат програма […]

Стартап самит „Заеднички влијаеме“


Под мотото „Заеднички влијаеме“, денеска ќе се одржи првиот национален Стартап самит на кој над 20 претставници од македонската стартап заедница, заедно со претставниците на Владата ќе ги дефинираат чекорите кои треба да ги преземе за нашата држава да се позиционира како регионален стартап хаб. Самитот се организира со цел градење посилна стартап заедница, зајакнување […]

Панел „Патот до Преспа форум за дијалог“ во организација на МНР


Панел „Патот до Преспа форум за дијалог“ во организација на Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи во Скопје како воведен настан за претстојниот Преспа Форум дијалог кој ќе се одржи на 1 и 2 јули 2021 година. Домаќин на настанот е министерот за надворешни работи  Бујар Османи, а  панелот е замислен како дискусија […]

Скопје и Софија согласни дека е потребен конструктивен дијалог и дека европската иднина на Македонија има перспектива


Европската иднина на Северна Македонија има перспектива и двете држави треба да работат со уште поголема доверба и дијалог, кој треба да се води меѓу рамноправни соговорници, без потценување, со меѓусебна почит за да се постигне напредок и прогрес, порачаа вчера од Рим македонскиот и бугарскиот претседател Стево Пендаровски и Румен Радев. Потребата од дијалог […]

Ковид-бројките стивнуваат, од идната недела можно олабавување на мерките


Комисијата за заразни болести денеска треба да ја разгледа можноста за олабавување на КОВИД-мерките и за укинување на полицискиот час, а прва тема за дискусија на состанокот ќе биде носењето маски на отворено. Одлуката на Комисијата зависи од проценката на целокупната епидемиолошка ситуација и на параметрите, но и од предвидувањата и информациите за КОВИД-соевите како […]

Променливо облачно и посвежо 


Променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен ветер претежно од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 21 до 28 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи особено претпладне. Ќе дува […]

Лорен де Кар – првата жена на чело на Лувр


Франција– За првпат од основањето, музејот Лувр ќе го води жена – поранешната директорка на музејот Орсеј, Лорен де Кар, ќе го замени Жан-Лик Мартинез на позицијата претседател – директор на познатиот париски музеј, отворен кон крајот на 18 век. Лорен де Кар (54) беше назначена за нов претседател-директор на Лувр на 26 мај со одлука […]

Што облече првата дама на аудиенција кај папата Франциск : Црн костим како спој на традицијата со современ дизајн


Црн формален костим со долги ракави, креација на дизајнерката Лидија Георгиева, и вел со кој се покрива главата, избра првата дама, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска на официјалната посета на Ватикан, по повод чествувањето на денот на Свети Кирил и Методиј во Рим. – Со внимателен пристап за почитување на строгите протоколи за дрескод на аудиенцијата […]

„Џејмс Бонд“ ќе се прикажува во кината и откако Амазон го купи МГМ, велат продуцентите


САД- Филмовите за Џејмс Бонд ќе останат во кината и откако американската компанија за електронска трговија Амазон го купи филмското студио МГМ за 8,45 милијарди долари, кој ја поседува франшизата , велат продуцентите за „Варајати“.  „Ние сме посветени да продолжиме да снимаме филмови за Џејм Бонд за светската кино публика“, изјавија продуцентите Барбара Броколи и […]

„Манескин“ за „Варајати“: Се обидоа да ни ја расипаат победата ама излеговме со кренати глави


Победничката на Евросонг “Zitti e Buoni”  влезе во Топ 10 на глобалната листа на Spotify и е прогласена за најследена италијанска песна досега во текот на еден ден САД/Италија– На секој изведувач што ќе победи на Евросонг му е загарантиран успех- но италијанската глам-рок група „Менескин“, која го освои 65. издание на престижниот музички настан […]

11. Филозофски филмски фестивал – прв годинава со проекции во Кинотека


Со џез концерт на отворено и еден од најголемите класици на немиот филм „Толпата“ (THE CROWD) вечерва, со почеток од 20 часот, во летното кино „Мирно лето“, стартува 11-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал. -Вљубениците на добриот звук ќе имаат можност, од 20 часот,  да уживаат во музичкиот  перформанс на YORDAN KOSTOV QUINTET, маркантна и […]

„Златен објектив“ за Коле Манев и Спасе Тасевски


Режисерот Коле Манев и монтажерот Спасе Тасевски се добитници на годинашните „Златни објективи“. Манев и Тасевски добија пригодни плакети и стилизирани значки, а доделувањето се одржа вчера во дворот на на кинотечното летно кино „Мирно лето“. -Признанието „Златен објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на […]

Трет концерт од серијалот „Филхармонија за Филхармонија“


Вечерва, во 20 часот ќе се одржи третиот концерт од серијалот „Филхармонија за Филхармонија“ на кој ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија во различни камерни формации. На програмата се дела од Бетовен, Моцарт, Гајдош, Лотер, Глиер, Стравински, Хофмајстер и Менделсон. Во рамки на концертот ќе настапат Квартет „Филхармонија“ (Ана Кондратенко – виолина Бојан Илкоски – виолина, […]

Брнабиќ: Досега во Србија вакцинирани 45,3 отсто од полнолетните, но недоволно за колективен имунитет


Србија– Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека 45,3 проценти од возрасната популација во Србија досега е вакцинирана против Ковид-19, но таа цифра не е доволна за колективен имунитет. Таа ги повика младите што побрзо да се вакцинираат. – Со приемот на контингентот кинески вакцини, што пристигна утрово на аеродромот „Никола Тесла“, пристигнаа сите вакцини договорени […]

Евростат: Раст на трговијата со електро и хибридни возила


Белгија- Во 2020 година, Европската унија извезла речиси 5,2 милиони автомобили (бензин, дизел, електрични и хибридни електрични автомобили), додека три милиони автомобили биле увезени, соопшти Евростат. Бензинските автомобили го сочинуваат најголемиот дел од извезените автомобили (64 отсто од извозот на автомобили надвор од ЕУ), проследено со дизел автомобили (22 отсто) и електрични и хибридни електрични […]

Бранот на коронавирусот е скршен во поголемиот дел од ЕУ, има се помалку заразени


Бранот на коронавирусот е скршен во голем дел од ЕУ. Вакцинацијата напредува, па сега забрзано се расправа за ковид пасошот и олеснетото патување. Секако, и тука може да се случи членките да влечат секоја на своја страна. Бројот на нови инфекции се намалува, па шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската унија […]

Бугарските медиуми информираат за потпишувањето на договорот помеѓу МИА и БТА во Рим


Бугарија– Сите бугарски електронски медиуми известуваат за заедничката посета на претседателите на Северна Македонија Стево Пендаровски и на Бугарија Румен Радев на Рим. Тие обрнуваат внимание на очекувањата од нивната посета на Ватикан и на Италија. Како што известува дописникот на МИА во Софија, медиумите во Бугарија информираат дека директорите на Медумската информативна агенција – […]

Од Ковид во Македонија починале 5356 лица, а се заразиле 155117 лица


Бројот на новозаболени со Ковид-19 се намалува.  Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а кај граѓаните интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.   Во текот на вчерашниот ден почна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести. Вакцинацијата ќе […]

Во австралиската држава Викторија се воведува еднонеделен карантин


Австрлија– Околу седум милиони жители на австралиската држава Викторија од денеска ќе бидат во еденонеделен карантин со цел да се спречи ширење на Ковид-19. – Граѓаните на втората најнаселена австралиска сојузна држава ќе можат да ги напуштат домовите само за важни работа, од здравствени причини, за пазарување или вежбање, изјави вршителот на должноста премиерот на […]