„Спејс Икс“ лансира ракета носач со 60 микросателити


САД– Спејс Икс (SpaceX) лансираше ракета носач Фалкон 9 со 60 микросателити Старлинк. Лансирањето беше пренесувано во живо на веб-страницата на приватната американска компанија на Илон Маск. Ракетата беше лансирана пред 23 часот по локално време вчера од космодромот Кејп Канаверал, на Флорида. Фалкон 9 беше користен во пет претходни лансирања за да се намалат трошоците, …

„Спејс Икс“ лансира ракета носач со 60 микросателити Read More »

Студен бран остави најмалку осум милиони луѓе без струја во Тексас и Мексико


САД– Невообичаено студен атмосферски бран остави повеќе од осум милиони клиенти во Тексас и Мексико без електрична енергија. Во јужната американска држава има четири милиони претплатници без електрична енергија. Поради зголемената потрошувачка, локалниот оператор на електрична енергија е принуден да ја исклучува електричната енергија на ротациска основа. Цената на пазарот на електрична енергија во Тексас …

Студен бран остави најмалку осум милиони луѓе без струја во Тексас и Мексико Read More »

Идната недела средба Османи – Захариева, Германија не отстапува од проширувањето и старт на преговорите со С Македонија


Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија идната недела треба да се состанат со цел да го договорат терминот на одржување на втората меѓувладина конференција на која треба да биде усвоен Акцискиот план, најави вчера премиерот Зоран Заев. Акцискиот план, односно секторскиот план за соработка со Бугарија е дефиниран од двете земји …

Идната недела средба Османи – Захариева, Германија не отстапува од проширувањето и старт на преговорите со С Македонија Read More »

Конгресот на САД ќе формира независна комисија за нападот врз Капитол од 6 јануари


САД– Конгресот на САД ќе формира независна комисија, како онаа формирана по нападите од 11.09.2001., за да го испита смртоносниот напад врз Капитол минатиот месец. Претседателката на Претставничкиот дом контролиран од Демократската партија, Ненси Пелоси, го наведе тоа во писмото до нејзините сопартијци. Пелоси пишува дека Комисијата „ќе ги испита и известува за фактите и …

Конгресот на САД ќе формира независна комисија за нападот врз Капитол од 6 јануари Read More »

Утре почнува вакцинацијата против Ковид-19, до крајот на месецот се очекуваат и кинеските вакцини


Вакцинацијата против Ковид-19 во земјава почнува утре, и тоа најпрвин со вакцинирање на зравствените работници од Инфективната клиника во Скопје. Надлежните потврдија дека подготовките за масовното вакцинирање се во тек, а до крајот на месецов се очекува да пристигнат и кинеските вакцини. Вакцинацијата ќе почне во среда во 10 часот, во модуларната болница на Клиниката …

Утре почнува вакцинацијата против Ковид-19, до крајот на месецот се очекуваат и кинеските вакцини Read More »

Телефонски разговор Камала Харис-Емануел Макрон


САД – Потпретседателката на САД Камала Харис и францускиот претседател Емануел Макрон вчера имаа телефонски разговор во кој ја изразија својата посветеност за зајакнување на билатералните врски меѓу двете земји, соопшти кабинетот на Харис. Во соопштението се вели дека Харис и Макрон се согласиле за потребата од тесна билатерална и мултилатерална соработка во борбата против Ковид-19 и климатските промени, како и со …

Телефонски разговор Камала Харис-Емануел Макрон Read More »

ЕК почнува програма за анализа на мутациите на новиот коронавирус


Франција– Европската комисија утре почнува програма за проучување на мутациите во новиот коронавирус, јавија француски медиуми повикувајќи се на нејзиниот претседател Урсула фон дер Лајен. Таа ј објави информацијата во интервју за денешниот број на весникот Ле-з-еко. Наречена „ХЕРА инкубатор“ (Health Emergency Response Authority Incubator), програмата „ќе обедини лаборатории, здравствени власти, научници и Европската комисија“, …

ЕК почнува програма за анализа на мутациите на новиот коронавирус Read More »

Финализираниот петти пакет економски мерки на усвојување пред Владата


На денешната редовна владина седница се очекува да биде усвоена инфорацијата за петтиот пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните поради ковид пандемијата. Финалниот предлог на петиот пакет мерки викендот беше презентиран пред претставници на коморите, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог и билатералните комори во државава. Премиерот Зоран Заев вчера истакна дека …

Финализираниот петти пакет економски мерки на усвојување пред Владата Read More »

Декларација за соработка меѓу Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за сојузни, европски и меѓународни прашања на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Штефан Холтхоф-Фертнер, денеска ќе потпишат Заедничка декларација за намери за соработка меѓу владите на Република Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, потпишувањето ќе се одржи преку видео врска, …

Декларација за соработка меѓу Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија Read More »

Земјава во жолта фаза – ниски температури до минус 18 степени


Северна Македонија денеска, според најавите од синоптичарите, ќе биде зафатена од поларен студ од жолта фаза со ниски тепратури кои ќе се спушат до минус 18 степени. Управата за хидрометеоролошки рабoти соопшти дека времето ќе биде претежно ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната …

Земјава во жолта фаза – ниски температури до минус 18 степени Read More »

Меѓу чевли и чанти Ненси Пелоси избира заштитни маски: Не ги купува ниту во Вашингтон, ниту во Њујорк (галерија)


САД- На демократката Ненси Пелоси (80), претседателката на Претставничкиот дом на САД, годинава и почна напорно, во најмала рака. Не поминува ни ден без да се појави на ТВ екраните. И, додека проблемите со кои таа се занимаваше само оваа година се движеа од упад во Капитол до импичмент, една работа останува конзистентна – таа …

Меѓу чевли и чанти Ненси Пелоси избира заштитни маски: Не ги купува ниту во Вашингтон, ниту во Њујорк (галерија) Read More »

Болсонаро бара израелско лек-чудо против Ковид-19 за Бразил


Бразил– Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека неговата Влада ќе побара дозвола за итна употреба на спреј за нос против Ковид-19, развиен во Израел, што премиерот Бенјамин Нетанјаху го опиша како „лек – чудо“. „EXO-CD24 е спреј за нос развиен од медицинскиот центар „Ичилов“ во Израел, со речиси 100-процентна ефикасност против Ковид-19 во сериозни случаи“, …

Болсонаро бара израелско лек-чудо против Ковид-19 за Бразил Read More »

Бочварски – Макрадули: Пошта воведува нови конкурентски услуги на пазарот


Подобрувањето на технолошкиот процес, нова ценовна политика и поволни услови за корисниците на поштенските услуги, се дел од темите на кои разговарале на денешната средба министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  и генералниот директор на АД Пошти на Северна Македонија, Јани Макрадули. Од Министерсвото за транспорт и врски информираат дека на средбата се разговарало …

Бочварски – Макрадули: Пошта воведува нови конкурентски услуги на пазарот Read More »

Зајберт: Германија не го исклучува затворањето на границата со Франција


Германија – Германија не ја исклучува опцијата за проширување на контролите на границата со Франција, бидејќи новите варијанти на коронавирусот почнаа брзо да се шират во источниот регион Мозел, откако претходно официјален Париз повика да не се затвораат границите. Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефен Зајберт, за ова прашање денеска изјави дека Берлин „продолжува да ја …

Зајберт: Германија не го исклучува затворањето на границата со Франција Read More »

Песков: Понудата на Маск за разговор со Путин е интересна


Русија– Кремљ смета дека е интересна понудата на Елон Маск, основачот на компаниите „Спејсекс“ и „Тесла“, да разговара со рускиот претседател Владимир Путин на социјалната мрежа Клабхаус, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Оваа понуда, како што наведе, треба детално да се разгледа, пренесе агенцијата ТАСС. – Прво сакаме да ја разбереме понудата, рече Песков. …

Песков: Понудата на Маск за разговор со Путин е интересна Read More »

Австриецот Шварц светски првак во алпска комбинација


Италија– Австриецот Марко Шварц ја освои денеска титулата во алпска комбинација на Светското првенство во скијање што се одржува во италијанскиот зимски центар Кортина д “Ампецо. Шварц (25) до својата прва светска титула во кариерата стигна со најдобро возење во слалом, дисциплината во која е доминантен во Светскиот куп. -Супервелеслаломот беше многу интересен и заврши подобро отколку што се надевав, додека …

Австриецот Шварц светски првак во алпска комбинација Read More »

Недела да биде ден за одмор – тема на состанокот на Шахпаска со Синдикатот на Клинички центар


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оддржа онлајн состанок со претставници на Синдикатот на Клинички центар, на кој се разговараше за законското решение недела да биде ден за неделен одмор. Од страна на Синдикатот, како што соопшти Министерството, биле посочени предлог решенија кои би одговарале на здравството како особено комплексна дејност каде …

Недела да биде ден за одмор – тема на состанокот на Шахпаска со Синдикатот на Клинички центар Read More »

ГП Евзони во среда и четврток ќе биде затворен поради штрајк на грчките цариници


Поради штрајк на грчките цариници, граничниот премин Евзони од 05:00 часот на 17 февруари до 08:00 часот на 18 февруари 2021 година ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи по добиената информација од колегите од Република Грција.   Исто така, информираат дека товарниот сообраќај на граничните премини Деве …

ГП Евзони во среда и четврток ќе биде затворен поради штрајк на грчките цариници Read More »

Регистрирани само 51 нови случаи со Ковид-19, девет починати и 308 оздравени пациенти


Во последните 24 часа се направени 755 тестирања, а регистрирани се 51 нов случаj со Ковид-19, што изнесува само 6,7 отсто. Малиот број на тестирања веројатно се должи и на многу лошото време и снегот во текот на вчерашниот ден. Новите инфекции според градови: Скопје – 25, Прилеп – 9, Кавадарци – 7, Струмица и …

Регистрирани само 51 нови случаи со Ковид-19, девет починати и 308 оздравени пациенти Read More »

Вучиќ ги одликува Бреговиќ, Чорба и Бајага со Караѓорѓева ѕвезда


Србија– Легендарниот музичар и композитор кој живее и работи во Париз, Горан Бреговиќ е еден од уметниците кој денеска е одликуван од претседателот на Србија Александар Вучиќ за придонес во музичката уметност. Тој добил орден Караѓорѓева ѕвезда од прв ред заедно со славниот режисер Емир Кустурица, легендарниот актер Александар Берчек, музичарот Бора Ѓорѓевиќ, виолинистот Стефан …

Вучиќ ги одликува Бреговиќ, Чорба и Бајага со Караѓорѓева ѕвезда Read More »