Горивата поскапуваат за денар


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76,50 денари, а 78,50 денари  на […]

Плаќање сметки за режиски трошоци во националната Пошта


Вкупно 324 активни поштенски единици на Пошта на РСМ со 470 шалтерски места им стојат на располагање на граѓаните за реализирање на сите безготовински и плаќања во готово, вклучително и за плаќање на сметки за комунални услуги. Овие услуги во единиците на Пошта се достапни преку платниот промет на Халкбанк АД Скопје. -Отсега на шалтерите […]

Новиот спот на Адел за “Easy on Me” им оддава почит на претходните хитови „Rolling in the Deep“ и „Hello“


САД- Адел конечно го претстави музичкото видео за „Easy on Me“, нејзината прва нова песна по шест години и главен сингл за нејзиниот четврти албум „30“. Видеото им оддава почит на некои од минатите хитови на пејачката: „Rolling in the Deep“, објавен во 2010 година како главен сингл за „21“ и „Hello“, објавен во 2015 […]

„Контемплација со Перт и Шнитке“ со Кондратенко и Богоевска во Филхармонија


Овој четврток во 20 часот на програмата е концертот насловен „Контемплација со Перт и Шнитке“ на кој како солисти ќе настапат виолинистките Анна Кондратенко и Ева Богоевска. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата се Кончерто гросо бр.1 од А.Шнитке, Трисагион од А.Перт и „Малата Данелиада“ од Г.Канчели. Анна Кондратенко е родена […]

Роберт Патинсон е новиот Бетмен


САД– „Ворнер брос“ објави трејлер за новиот филм за Бетмен, во кој Роберт Патинсон по првпат го глуми суперхеројот. Студиото го објави видеото на својот интернет-простор. Видеото дава дистописка, мрачна слика. Покрај Бетмен, во трејлерот се прикажани ликовите на Селина Кајл (Жената-мачка), Пингвинот и Енигма. Покрај Патинсон, во „Бетмен“ (2022) глумат и Зои Кравиц, Пол […]

Меркел на крајот од месецов во посета на Грција


Грција– За 29 октомври, според грчките медиуми, е договорена посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина, што ќе биде и проштално патување во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Засега, нема официјална потврда за посета, а минатата седмица, грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори, пишуваше дека на Самитот во Словенија грчкиот […]

Културен настан „80 години од првиот истрел – култура и уметност =непокор”


По повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, Министерството за култура организира прослава „80 години од првиот истрел – култура и уметност =непокор”. Настанот ќе се одржи на 18 октомври (понеделник) во 20 часот во дворот на Министерството за култура. Настанот и бројот на гостите ќе биде во согласност со протоколите за заштита од Ковид 19.

Ана Брнабиќ ја прими третата доза вакцина


Србија– Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која денеска ја прими третата доза од вакцината против коронавирус, изјави дека во моментов се бараат модалитети за воведување на ковид пропусници, на начин што нема да биде можно злоупотреба и фалсификување, и додаде дека размислува за владина одлука која тоа би го овозможила, јави дописникот на МИА од […]

Клинтон излезе од болница


САД– Поранешниот американски претседател Бил Клинтон денеска беше пуштен од болница во Јужна Калифорнија, придружуван од неговата сопруга, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Клинтон (75), кој беше претседател на САД од 1993 до 2001 година, беше примен во Универзитетската болница Ирвин во Калифорнија, јужно од Лос Анџелес, во вторникот вечерта поради инфекција на крвта. Неговиот […]

329 нови случаи на Ковид-19, 13 починати лица


Нови 329 позитивни случаи на Ковид-19 од 3.045 тестирања, 200 оздравени и 13 починати се регистрирани во изминатите 24 часа. Дополнително, има пријавено уште пет починати со дијагноза Ковид-19 од системот „Мој термин“ во периодот од 20 септември до 2 октомври 2021. Како што соопшти Министерството за здравство од новодијагностицираните 329,  во Скопје се 178, […]

Тана де Зулуета од ОБСЕ: Го набљудуваме гласањето и примената на новата технологија


Kанцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР ги мониторира локалните избори на покана на Владата. Имаме тим од 165 набљудувачи, од кои 126 се краткорочни набљудувачи, кои се распоредени низ земјата. Ова ќе ни овозможи систематско набљудување на гласачките места, што минатата година не бевме во можност да го спроведеме, изјави […]

Амбасада на САД: Слободни, фер и транспарентни избори суштински за демократијата


Слободни, фер и транспарентни избори се суштински за секоја силна демократија, објави Амбасадата на САД на својата Фејсбук страница. – Денеска им аплаудираме на граѓаните на Северна Македонија, кои своето право на овој витален демократски принцип го остваруваат на локалните избори ширум земјата, стои во објавата на американската Амбасада. Во Северна Македонија денеска се одржуваат […]

Изложба на Пабло Пикасо во Домот на културата во Ѓорче Петров


Изложбата на Пабло Пикасо- керамики, цртежи и графики од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж, ќе биде поставена во Домот на културата во Ѓорче Петров само еден ден:на 20 октомври 2021 од 12 – 22 часот | официјално отворање 19 часот. Влезот е бесплатен. Во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж се наоѓаат 83 оригинални дела на Пабло Пикасо од кои […]

Утре локален дожд и температури до 21 степен


Следува период на стабилно и потопло време, освен утре кога ќе има услови за локален краткотраен дожд. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Врнежи од дожд се очекуваат во сабота, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури утре ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните од 12 до 21 […]

ЗОИ: Утре ќе биде запален олимпискиот оган


Грција– Олимпискиот оган за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, кои ќе се одржат од 4 до 20 февруари, ќе биде запален утре на античкиот стадион во грчката Олимпија без присуство на гледачи поради пандемијата на коронавирус, како што беше случај и за летните Игри во Токио. Трет пат во трите децении на традиционалното палење на олимпискиот оган во […]

Џенифер Гејтс се омажи со Најел Насар на нејзиниот ранч од 16 милиони долари


САД- Џенифер Гејтс (25) , ќерката на еден од најбогатите луѓе во светот, ко-основачот на „Мајкрософт“ и филантроп, Бил Гејтс- се омажи со егиептскиот професионален јавач на коњи Најел Насар на нејзиниот ранч во Норт Салем вреден 16 милиони долари долари. Џенифер беше фотографирана како позира со деверуши во венчаница вчера на нејзиниот ранч од […]

Отворена линија кај Народниот правобранител за повреда на избирачкото право


Граѓаните на првиот круг од Локалните избори денеска можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија 0800-54321, која ќе функционира во периодот од од 7:00 до 19:00 часот во канцеларијата на Народниoт правобранител. Од Омбудсманот, исто така, информираат дека отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител […]

Мистериозна болест во американските амбасади. Што знаеме за неа?


Во Колумбија се регистрирани пет случаи на таканареченот „Хавански синдром”. Кон крајот на август, потпретседателката на САД, Камала Харис ја одложи посетата на Виетнам заради случаите кои се појавија таму. Во американската амбсада во Богота се појавија случаи на таканаречениот „Хавански синдром”. Претседателот на Колумбија Иван Дуке за новинската агенцина АФП, ја потврди информацијата првично […]

Тифани свадба во Венеција: Бијонсе и Џеј-Зи на втората венчавка на синот на Бернар Арно


Италија– Бијонсе (40), 28-кратната добитничка на Греми и нејзиниот сопруг Џеј-Зи (51) беа фотографирани како пристигнуваат вчера на втората венчавка на Александар Арно со невестата Жералд Гајо во Венеција, Италија. Арно, извршен потпретседател на Тифани за производи и комуникации, е син на извршниот директор на LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton, Бернард Арно ( еден од […]

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти Автомото сојузот Сообраќајот на регионалниот пат 1202 Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти Хотел „Дебарски Бањи“, како што се посочува, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските […]