Астрономски календар


Денеска е петок, 2 октомври 2026 година, 275-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 90 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 32 минути, а ќе зајде во 18 часот и 14 минути. Денов трае 11 часа и 42 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

РК Вардар во продажба ги пушти влезниците за дуелот со Висла


Македонскиот ракометен шампион Вардар во продажба ги пушти влезниците за вториот домашен дуел од Лигата на шампионите против полската екипа Висла Плоцк. Натпреварот се игра на 8.октомври во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот. Пред црвено-црните е уште еден голем европски предизвик на домашен терен, а поддршката од трибините повторно ќе биде важен […]

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите: Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало


Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар […]

Фон дер Лајен утре во посета на Македонија, тет-а-тет средба и работен ручек со Мицкоски


Утре, 02.10.2026 година (петок), во 12 часот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе пристигне и ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Во рамки на посетата, во 12:10 часот е предвидена тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на која пред почетокот медиумите ќе имаат […]

Легендарниот „Ориент Експрес“ по вторпат годинава се упати кон Истанбул


Истанбул, 1 октомври 2026 (МИА) – Легендарниот воз „Venice Simplon Orient Express“, што по вторпат годинава тргна од Париз, преку железничкиот премин Капикуле, пристигна во Турција, упатувајќи се кон Истанбул. Возот, во сопственост на британската компанија „Belmond“, се обраќа на релација Париз – Истанбул – Париз, а пред да стигне во Турција поминал низ Германија, […]

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Урсула фон дер Лајен


Поради официјалната посета на земјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе […]

„Дигер“ на Ињариту со Том Круз пристигна во Скопје


Долгоочекуваната драма-комедија „Дигер“ (Digger) од четирикратниот добитник на Оскар, мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалез Ињариту, каде што Том Круз ја глуми насловната улога, пристигна во Синеплекс во Скопје. Филмот ќе се прикажува ширум светот од утре, а Круз го игра Дигер Роквел – „најмоќниот човек на светот“, кој се впушта во мисија да ја спаси планетата […]

Андоновски, Пандев, Касапи и Поповски се добитници на наградата „11 Октомври“


Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе                                                              О […]

Токио на 30 октомври прв ќе го види новиот филм на Милчо Манчевски: „Варајати“ го објави трејлерот за „Сестра, брат и шахта“


Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“ ќе ја има светската премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Токио на 30 октомври. Филмот е во натпреварувачката селекција на овој фестивал од А категорија. Манчевски и дел од актерската екипа на „Сестра, брат и шахта“ ќе продефилираат по црвениот килим на отворањето на фестивалот во […]

Фелипе и Летисја домаќини на раскошен банкет во чест на Емануел и Брижит Макрон – тоалетите го привлекоа вниманието


Мадрид – Кралската палата во Мадрид стана позадина за неколкучасовниот државен банкет каде што кралот Фелипе VI (58) и кралицата Летисја (54) ги угостија своите истакнати гости, францускиот претседател Емануел Макрон (48) и неговата сопруга Брижит Макрон (73). Во центарот на вниманието, како што се очекуваше, беше кралицата, која за оваа особено свечена пригода избра […]

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“


Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста. Фестивалската програма ќе се одвива во периодот од 10:00 до 18:00 часот, а покровители, домаќини, организатори и реализатори на проектот се Веро Центар и ХОА […]

„Камерен музички десерт“ – концерт на Симон Трпчески на 2 ноември во Филхармонија


На 2 ноември 2026 година, од 20 часот, Симон Трпчески ќе настапи пред македонската публика, овојпат во Македонската филхармонија со концертната програма „Камерен музички десерт“. На програмата се дела од Шопен, Григ, Конесон, Шахов и Шостакович – автори со различни музички јазици, епохи и темпераменти, споени во внимателно избрана концертна целина која ќе ја покаже […]

Џим Кери се ожени по трет пат


Лос Анџелес – Џим Кери се ожени. Портпаролот на 64-годишниот актер потврди за „Пипл“ во среда дека тој се венчал со својата партнерка, Мин Ах. Двојката се венча седум месеци откако се појавија заедно на доделувањето на наградите „Цезар“ во Франција. Кери ја нарече Мин Ах своја „прекрасна партнерка“ во говор што го одржа целосно […]

Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за  2026 година


Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“  распиша Конкурс за доделување на државната „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ во 2026 година. Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.  Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. […]

Илон Маск ќе раководи со проект на Пентагон за иднината на војувањето


Вашингтон – Технолошкиот магнат, Илон Маск, ќе има водечка улога во новиот проект на Пентагон за истражување на иднината на војувањето, соопшти синоќа американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет. Обраќајќи се пред воениот персонал во базата на маринскиот корпус „Квантико“ во Вирџинија, Хегсет рече дека Маск ќе биде еден од раководителите на иницијативата, позната како […]

Роналдо ја напушти португалската репрезентација и отпатува во Мадрид


Копенхаген – Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, се врати во Мадрид од Копенхаген со приватен авион ноќеска околу 2 часот по локално време, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс. Претходно, селекторот на португалската репрезентација, Жорже Жесус, на прес-конференција објави дека Роналдо ќе го пропушти натпреварот против Данска закажан за вечер од 20:45 часот. […]

Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата- петти Фестивал на биодиверзитет во Скопје


Во организација на Слоу Фуд Водно, во сабота, 3 октомври, од 10 до 17 часот, во Фонтаната во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи петтиот Фестивал на биодиверзитет со мотото „Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“. Фестивалот е посветен на богатството на природата, зачувувањето на локалните сорти, традиционалното земјоделско наследство и поддршката на локалните […]

Прв академски час на УКИМ – почнува студиската 2026/2027 година


На универзитетите во земјава денеска почнува новата студиска 2026/2027 година со организирање прв академски час. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје тој ќе се одржи на платото на УКИМ каде што е најавено свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава. На првиот академски час […]

Моден викенд Скопје се „сели“ во МСУ: 33. сезона под знакот на модата и современата уметност


Fashion Weekend Skopje  ја најавува својата 33-та сезона, која ќе се одржи од 30 октомври до 1 ноември 2026 година во Музејот на современата уметност – Скопје, Галерија бр. 4. 33-то издание отвора нов простор за дијалог меѓу облеката, уметноста, телото и архитектурата, поставувајќи едно суштинско прашање: Што се случува кога модата престанува да биде […]

Вадефул во Подгорица на разговори за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан


Подгорица– Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, денеска ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи во Црна Гора, посветен на планираното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Министрите се состануваат во Подгорица во рамки на „Берлинскиот процес“ што се спроведува од 2014 година. Учесниците работат на унапредување на регионалната соработка […]