Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради натпреварот Македонија – Шкотска


Во Скопје утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска, кој ќе се одигра на арената „Тодор Проески“. Натпреварот е закажан за 3 октомври 2026 година, со почеток во 20:45 часот, во рамки на Лигата на нации.  Од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на […]

Меган на Хари претстави луксузен чоколаден календар инспириран од нејзиниот дом во Монтесито


Лондон – Инспириран од вилата во Монтесито, сопругата на британскиот принц Хари, Меган, претстави луксузен празничен шоколаден календар по цена од 112 фунти“, напиша британскиот дневен весник „Стандард“. Новиот производ на брендот „As ever“ содржи илустрација од нејзиниот дом во Калифорнија, кој започнува со продажба по еден месец од нивното враќање во Обединетото Кралство. На […]

Македонската книжевност пак во Франкфурт: повеќе автори, повеќе книги и нови можности за преводи


Македонската книжевност и годинава ќе биде претставена на Саемот на книгата во Франкфурт, еден од најзначајните светски собири на издавачката индустрија, кој од 7 до 11 октомври ќе ги собере издавачите, авторите, литературните агенти, преведувачите и професионалците од книжевниот и креативниот сектор од целиот свет. Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) го продолжува континуираното присуство на […]

Хајди го шета кучето на македонските радио-станици!


Секој барем еднаш во животот посакал да отпатува со временска машина во некоја друга димензија, а тоа им се оствари и на членовите на групата Heidi šeće psa (Хајди го шета кучето), преку новиот сингл и спот „Fluid“. Опкружена со футуристички и постапокалиптичен свет, Хајди е во потрага по нешто што не може да се опише, […]

Ерзинџан, неоткриеното лице на Турција: Кањони, езера и природа далеку од туристичкиот метеж


Дури 43 отсто од патниците во 2026 година би избрале одмор во природа, додека 25 отсто планираат за време на патувањата да се посветат на помирни активности. Желбата за побавни патувања го насочува вниманието кон дестинации каде што природата и тишината се дел од самото искуство, а меѓу нив е и Ерзинџан во Турција. Сместен […]

Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра за Дејан Јованов, утре му истекува едногодишниот притвор


Обвинителскиот тим кој постапува во предметот со пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани денеска достави негативно мислење и барање да се одбие предлогот за определување на гаранција, поднесен од обвинетиот Дејан Јованов од Кочани како неоснован. Со предлогот, како што информираат од Обвинителство, се бараше од судот спрема обвинетиот да биде определена мерка гаранција во […]

Бившиот маж ја обвини Хали Бери дека го давела синот, судот и ги ограничи средбите


Лос Анџелес – Суд во Лос Анџелес му одобри на Оливие Мартинез привремена забрана за пристап против поранешната сопруга Хали Бери откако тој ја обвини за физички напад врз нивниот 12-годишен син Мејс. Судијата го прифати барањето на Мартинез во четврток, а актерката го ограничува времето што може да го помине со својот син до […]

Колекцијата Zara на Џон Галијано е тука: Изгледа спектакуларно, но цените можеби ќе ве изненадат


Една од најочекуваните модни соработки на годината конечно се појави на полиците. Zara денес ја претстави првата колекција за шпанскиот моден бренд од Џон Галијано, еден од највлијателните, но и контроверзни дизајнери во последните децении. Колекцијата, насловена како Re{form} Zara, чиј автор е кутуриерот Џон Галијано, исто така го означува почетокот на неговото ново професионално […]

Промоција на „Јас сум Живка“ од Ирена Павлова Де Одорико


Во НУ Библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечер ќе биде промовирано најновото дело „Јас сум Живка“ од македонската поетеса, писателка, книжевна критичарка, есеистка и преведувачка Ирена Павлова Де Одорико. „Јас сум Живка“ е книжевно дело кое ги спојува поезијата, прозата и драмско-сатиричните дијалози, со силен биографски и автобиографски предзнак. Делото е посветено на Живко Павлов, […]

ЕУ: Обезбедени средства за буџетските и одбранбените потреби на Украина во 2026 година


Брисел – Европската комисија и Украина соопштија синоќа дека ги обезбедиле средствата потребни за покривање на буџетските и одбранбените потреби на Украина во 2026 година и се договорија за забрзување на издвојувањето пари за 2027 година. „Со заеднички напори ги идентификувавме средствата за покривање на буџетските и одбранбените потреби на Украина за 2026 година. Ги […]

Македонските домаќинства фрлаат 86 кг храна годишно по жител, 17 кг над европскиот просек


Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86 килограми храна годишно по жител, што е за 17 килограми повеќе од просекот во Европската Унија. Освен во домаќинствата, отпадот од храна во Македонија е над европскиот просек и во рестораните и малопродажбата. Европските домаќинства во просек создаваат по 69 килограми по човек отпад од храна годишно, додека […]

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен


 Поради официјалната посета на земјава на Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе […]

Со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ ќе биде отворен Првиот фестивал на кинески филмови


Со проекцијата на филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ на режисерот Цаи Шангџун, вечерва од 20 часот во Кинотеката на Северна Македонија ќе биде отворен Првиот фестивал на кинески филмови кој до 13 октомври ќе се одржува во Скопје, Битола, Куманово, Велес и Кочани. Фестивалот ќе понуди избор од современи кинески играни, документарни, анимирани и […]

Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ 2026 година


 Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, вечер во 19 часот, ќе се одржи централниот настан од деветото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Програмата ќе ја води Александра Јуруковска, која ќе ги претстави најважните карактеристики на годинешниот конкурс, посветен на одбележувањето на 95 години од раѓањето на македонскиот […]

Награда „Вавилон – нова генерација“ 2026 за најдобар студентски превод


Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија во партнерство со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, ја додели наградата „Вавилон – нова генерација“ за најдобар студентски превод. Настанот се одржа во Јуроп Хаус во Скопје, по повод Европскиот ден на јазиците. Целта на наградата Вавилон е да им даде поддршка на младите преведувачи во […]

Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче пред денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен порача дека нема да седи мирен „кога е загрозена државата“ и обвини дека премиерот и Владата се однесуваат крајно незаинтересирано кон европскиот пат на државата. Тој посочи дека Македонија ризикува да остане изолирана во момент кога други земји […]

Македонија нема да испраќа војници во Украина, рече министерот Мисајловски


Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела таква обврска и дека во моментов фокусот е ставен на поддршка на мировните напори и можната обнова на земјата по завршувањето на војната. Одговарајќи на прашања поврзани со иницијативите за поддршка на Украина и состаноците […]

Грлиќ Радман : Имотот од 2,7 милијарди долари и заштитата на Хрватите се услов за ЕУ-интеграцијата на Црна Гора


Морињ – Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, вчера изјави дека училишниот брод „Јадран“ не е единствениот имот што Хрватска го бара од Црна Гора и додаде дека официјален Загреб располага со комплетна документација со која се докажува дека станува збор за имот вреден повеќе од 2,7 милијарди долари. Грлиќ Радман учествуваше […]

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца, Судот ќе одлучува денес


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов, под сомнение за кривичното дело давање поткуп, а до Основниот кривичен суд Скопје е доставен и предлог за определување мерка притвор за кој Кривичен соопшти дека ќе одлучува денес. Според Обвинителството, Јованов е […]

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро


Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со […]