Скопје синоќа не спиеше, пулсираше во ритамот на „Бела ноќ“
Скопје синоќа живееше во знакот на 22. издание на „Бела ноќ“, кое на повеќе локации низ градот понуди музика, уметност, изложба, театар и забава до раните утрински часови. Плоштадите, улиците, музеите, галериите и Старата скопска чаршија беа претворени во голема отворена сцена. Еден од главните настани беше концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ […]