Модриќ по поразот од Англија: За прв пат по 20 години со репрезентацијата се чувствувам засрамен


Риека – Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ им се извини на навивачите за поразот од Англија со 0:7 синоќа во третото коло од Лигата на нации.

-Без предизвици, без агресија, без фаули, без единство. Тука сум 20 години и морам да кажам дека за прв пат по натпревар се чувствувам засрамен. Може да се изгуби, тие се посилни, но да изгубите вака и да го трошите вашиот углед вака… Тоа е неприфатливо. За прв пат по 20 години, навистина се чувствувам засрамен.
Не треба да покажуваме со прст, мора да го надминеме ова заедно, како што секогаш сме правеле. Губевме големи натпревари, но чувството по ваков натпревар е сосема поинакво. Никогаш порано не сум се чувствувал вака. Се извинувам, изјави хрватскиот капитен за новинарите по натпреварот.

Хрватска го претрпе најтешкиот пораз во својата историја. Претходниот рекорден пораз беше поразот од 6:0 против Шпанија во Лигата на нации во 2018 година.