Во најава законски измени со кои напад врз медиумски работник ќе се третира како напад врз службено лице
Закани по живот, физички напади, вербални злоупотреби и навреди преку социјалните мрежи, полека но сигурно стануваат секојдневие на новинарите и медиумските работници ширум државата. Соочувањето со вакви напади не само што претставува сериозен предизвик, туку во голема мера го загрозува и нивниот интегритет и личното достоинство. Културата на неказнивост останува длабоко вкоренета во нашето општество, …