Трошоците на живот во октомври зголемени за 0,5 отсто во однос на септември


Трошоците на живот во октомври биле зголемени за 0,5 проценти во однос на септември, а за 4,1 процент во споредба со октомври лани. Цените на мало, пак, во октомври биле на исто ниво како и во септември, а во однос на октомври лани се зголемени за 6,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст […]

Извозот зголемен за 33,8 отсто, а увозот за 38,5


Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – септември годинава изнесува 6 133 253 000 долари и бележи пораст од 33,8  проценти во однос на истиот период од претходната година.  Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 341 164 000 долари, што е за 38,5  проценти повеќе во споредба […]

Тужби за раперите Тревис Скот и Дрејк по трагедијата на фестивалот „Астроворлд“ во Хјустон


САД– Раперите Тревис Скот и Дрејк се тужени за „поттикнување хаос“ откако осум лица загинаа, а десетици беа повредени за време на концертот во Тексас, потврди вчера адвокатската канцеларија. Адвокатската фирма од Тексас Томас Џеј Хенри Ло објави на Твитер приказна објавена од Дејли Мејл за тужбата, потврдувајќи дека поднела „една од првите тужби во […]

Газпром ќе испорачува повеќе гас за Европа


Русија– Извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер вети дека компанијата ќе почне да испумпува гас во Европа веднаш штом ќе ги наполни руските магацини. – „Газпром“ има подземни складишта за гас во Европа, вклучувајќи ги Австрија и Германија. Во моментот обемот на гас во овие подземни складишта е незначителен, многу, многу мал, нешто помалку од […]

Творецот на Спутник V: 300 антитела штитат од делта сојот


Русија- Директорот на Националниот истражувачки центар  за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург, изјави дека истражувањето на тој институт покажало дека се потребни 300 неутрализирачки единици на антитела за целосна заштита од делта соеви на коронавирус, пренесува Танјуг. Гинзбург за весникот „Известија“ изјави дека ако некое лице има 500 единици антитела или повеќе, тоа е идеално […]

Иван Џолев в.д. претседател на Кривичниот суд Скопје


Досегашниот претседател на скопскиот Основен кривичен суд, Иван Џолев, со одлука на Судскиот совет денеска е определен за вршител на должност претседател на Кривичниот суд Скопје. Судијата Џолев, како што изјави портпаролот на Судскиот Совет, Љубиша Арсиќ, е определен на оваа должност заради континуитетот во работата и затоа што Судот под негово водство спаѓа во […]

Гастро воведува нова процедура за третман на заболување на хранопровод


На Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија денес за прв пат беа изведени три интервенции на Радиофреквентна аблација кај пациенти кои страдаат од Баретов езофагус. Ова заболување се карактеризира со измена на нормалната лигавица во долната третина на хранопроводот која доколку соодветно не се третира може во одреден процент да доведе до карцином  на хранопровод. Со Радиофреквентна […]

Сара Џесика Паркер се врати… на насловницата на „модната библија“ Вог


САД- И токму така, Сара Џесика Паркер се врати! Ѕвездата на Сексот и градот ја краси насловната страница на изданието на Vogue од декември 2021 година. Модната икона изгледа неверојатно во драматична тоалета на Долче и Габана , нараквици од Диор и прстен од Харвел Годфри. За „модната библија“ Паркер позира и во Шанел, Александар […]

Незгодната страна на патувањето во Вселената и назад


Франција– Четворица астронаути треба да пристигнат на Земјата утре, по престојот на Меѓународната вселенска станица, а патувањето што ќе трае околу 20 часа ќе има и свои ризични моменти, пишуваат медиумите во Франција кои го следат настанот. Французинот Томас Песке е меѓу космонаутите. Патувањето започнува кога капсулата во којашто се наоѓаат астронаутите ќе се одвои […]

Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, досега 43.376 примиле трета доза


Во изминатите четири дена аплицирани се вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 се аплицирани како прва доза, 1.899 се ревакцинирани, а 4.590 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, ревакцинирани се 780.456, а трета доза примиле 43.376 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Педесет и четири отсто од граѓаните […]

Принцезата Шарлин се врати во Монако по шест месеци во Јужна Африка


Монако– Принцезата од Монако Шарлин (43) се врати дома! Извори за „Пипл“ велат дека Шарлин пристигнала рано наутро по ноќниот лет од Дурбан, Јужна Африка. Мајката на две деца слета на југот на Франција во 8:30 часот по локално време. Враќањето на Шарлин става крај на месечните шпекулации за нејзиното ненадејно и продолжено исчезнување од […]

Статуи на Афродита и Дионис откриени во Турција


Турција– На подрачјето на древниот град Ајзаној, кој се наоѓа во западниот дел на Турција, археолозите откриле солидно извајани глави на древните богови Афродита и Дионис. Истражувачите сметаат оти статуите пронајдени при археолошки ископувања се направени од варовник пред околу 5.000 години. Според координаторот на ископувањата, археологот Гохан Косќун од турскиот универзитет „Думлупинар“, овие наоди […]

Нова необична книга за деца: Што има во шапката на волшебникот?


Во книжарниците на ТРИ книга по книга се комплетира едицијата „Читаме заедно“, проект поддржан од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ чија едногласна идеја за квалитетна литература ги освојува читателите. Со „Шапката на Волшебникот“ од Туве Јансон, во превод на Ивица Челиковиќ, литературата за деца се збогатува со уште едно, култно светско дело. Туве Јансон е […]

Пијанистката Јеол Еум Сон од Јужна Кореја со концерт во Филхармонија


В четврток во 20 часот, со оркестарот на Филхармонија ќе настапи една од најдобрите млади пијанистки на светската музичка сцена – Јеол Еум Сон од Јужна Кореја. Концертот е насловен „Фрески“ според истоименото музичко дело на македонскиот композитор Благоја Ивановски кое ќе биде изведено на овој концерт, заедно со Концертот за пијано и оркестар бр.2 […]

Арбен Тачи доби награда за најдобар дебитантски режисер на Фестивал во Монтреал


Режисерот Арбен Тачи ја доби наградата за најдобар дебитантски режисер за филмот „Исчезнатиот” на Фестивалот на независен филм што се одржува во Монтреал, Канада. Ова е втора меѓународна награда за овој филм, по наградата за најдобра фотографија која му беше доделена на директорот на фотографија Владимир Самоиловски на Филмскиот фестивал во Анадолија. Инаку, филмот „Исчезнатиот“ […]

Концерт на Стинг во Сараево на 19 март


„Авалон Продукција“ го носи Стинг во Сараево, на 19 март, следната година, како свој  прв голем календарски проект во 2022 година.  Концертот е закажан во олимписката сала „Зетра“, во 20 часот. Концертот ќе биде во рамки на неговата „My Songs“ турнеја, која беше прекината поради Ковид, а истовремено ќе биде и промоција на неговиот нов […]

Судскиот совет денеска ќе избира ВД претседател на скопскиот Кривичен суд


Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница треба да донесе одлукa за определување вршител на должност  – претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Судскиот совет треба да изберат ВД претседател на скопскиот Кривичен суд, бидејќи минатата недела на актуелниот претседател на Судот, судијата Иван Џолев, му заврши мандатот. На дневен ред […]

Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари


САД – Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност. Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина […]

Аеродромот во Сиднеј се продава за 17,5 милијарди долари


Австралија– Аеродромот во Сиднеј денеска соопшти дека се согласил на понуда за преземање од 17,5 милијарди долари од австралиски инвестициски конзорциум само неколку дена по повторното воспоставување меѓународни патувања. Одборот на директори на аеродромот едногласно ја одобри продажбата на Сиднеј Авиејшн Алијанс (Sydney Aviation Alliance) – конзорциум од инфраструктурни инвеститори и австралиски пензиски фондови – и препорача акционерите да […]

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација


Германија – Генерацијата „Ипсилон“ Y (тн. „милениумци“) веќе градат семејства, а оние од генерацијата „Зет“ (Z) (интернет-генерацијата) не страдаат од недостаток од самоувереност… Но, што знаеме за генерацијата „Алфа“? Се работи за генерацијата луѓе родени меѓу 2010 и 2025 година, односно некои нејзини претставници сѐ уште не ни се родени. Генерацијата „Алфа“ е првата родена во […]