Радев – Заев: Дијалогот на високо ниво е клучен за решавање на спорните прашања


Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Ова е заедничкиот став на претседателот на Бугарија Румен Радев и на премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, кои денеска остваријa телефонски разговор, соопшти вечерва кабинетот на бугарскиот претседател. Радев и Заев, […]

Нова сообраќајка на автопатот Струма, џип излетал од патот


Рано утринава се случи нова сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија, каде пред неколку дена беше опожарен македонски автобус, при што починаа 45 лица. Денеска, кај атарот на селото Бошнек, џип излетал од патот и удрил во банкина, по што десетици автомобили подолго време останале заглавени во снежната лавина. Инаку, бугарските експерти велат дека […]

Евакуирани повеќе објекти во центарот на Скопје поради дојава за поставена бомба


Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите. Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје. Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила […]

Се отвара почесен Конзулат на Македонија во Србија


Српската Влада на последната седница донесе Одлука за давање согласност за отворање Конзулат на Република Северна Македонија во Република Србија. Одлуката е објавена во „Службен весник на Република Србија“, јави дописникот на МИА од Белград. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија ќе биде во Чајетина. -Се дава согласност за отворање на Конзулат на Република […]

Вработена во Лидл убиена со нож среде маркет во Сплит


Хрватска- Жена е нападната во Лидл Маркет во Сплит, попладнево, пред 15 часот. Починала како последица на повредите со нож кои и биле нанесени од страна на маж, кој, според тамошните медиуми, и бил партнер. Медиумите објавуваат дека маж ја нападнал вработената во Лидл пред очите на купивачите. Ја уби со повеќе убоди притоа неконтролирано […]

Гебрејсус: Некои земји претерано реагираат на Омикрон


Швајцарија– Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денеска изрази загриженост поради претераната реакција на некои земји на појавата на варијантата Омикрон, велејќи дека наметнатите ограничувања можеби не се неопходни и дека со нив неправедно се казнуваат африканските земји. – Добро ја разбирам загриженоста на сите земји да ги заштитат своите граѓани од […]

Викенди со Адел- ѕвездата со концерти во Лас Вегас


САД– Адел (33), најголемата поп-ѕвезда на денешницата која заработува само од музика и актуелна со новиот албум „30“ , наскоро ќе каже „Hello”  и во градот на гревот Лас Вегас. Денес, поп-ѕвездата ги најави нејзините претстојни Weekends with Adele во Лас Вегас, кои ќе започнат по новата година во познатиот Колосеум во Палатата Цезар. 15-кратната добитничка […]

Бројот на заболени од Ковид-19 на неделно ниво намален за 6,1 отсто


Во периодот од 22 ноември до 28 ноември во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на Ковид-19 се тестирани вкупно 18.781 материјали, што е за 5,1 отсто помалку во однос на претходната недела, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Во посочениот период се регистрирани 2.751 нови позитивни […]

Баерн поради пандемијата ќе игра пред празни трибини


Германија – Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен најверојатно во периодот што следи своите домашни натпревари ќе ги игра без публика, откако таква одлука поради зголемениот број заразени со коронавирус денеска најавија властите во сојузната покраина Баварија. Баварскиот премиер Маркус Зедер посочи дека оваа германска сојузна држава ќе забрани присуство на навивачи на спортските терени, дури и […]

Воен хеликоптер се урна во Азербејџан, 14 загинати


Азербејџан – Воен хеликоптер се урна во Азербејџан, при што загинаа 14 лица, а двајца се повредени, соопшти денеска Државната гранична служба. Како што се наведува, авионот на таа служба се урнал на полигонот Гарагејбат во регионот Сизин, пренесува РИА Новости. Несреќата се случила за време на обука.

Кина очекува успешни зимски Игри и покрај стравот од Омикрон


Кина– Кина денеска призна дека новиот сој на коронавирус наречен Омикрон е синоним за дополнителни проблеми при организацијата на зимската Олимпијада, која ќе се одржи во Пекинг од 4 до 20 февруари, но истакна оти верува дека Игрите, сепак, ќе бидат успешни. – Тоа со сигурност ќе донесе нови предизвици, што се однесува до борбата против пандемијата. […]

Бесими: Поефикасен и праведен даночен систем за одржлив и забрзан раст


Министерството за финансии, заедно со Управата за јавни приходи (УЈП) продолжува да работи на градење поефикасен и праведен даночен систем преку јасно дефинирани правила и принципи, што придонесува кон подобри јавни услуги, забрзан, инклузивен и одржлив раст на нашата економија, а со тоа и позадоволни даночни обврзници, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на одбележувањето […]

Талат Џафери ја доби јубилејната награда на Филозофскиот факултет во Скопје


По повод 100-годишнината од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје денеска беше доделена јубилејна награда на поединци, органи, организации и институции кои дале придонес за развојот и унапредувањето на Филозофскиот факултет, како и на организации со кои факултетот има остварено успешна и исклучителна соработка. – Денеска доделуваме награди постхумно на наши професори, големи имиња, да […]

Пад на индустриското производство во октомври


Индустриското производство во октомври годинава, во однос на октомври лани е намалено за 6,5 отсто. Во периодот јануари – октомври, пак, во споредба со минатата година е поголемо за 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 […]

Писториус префрлен во друг затвор


Јужна Африка – Поранешниот параолимпискиот шампион Оскар Писториус е префрлен во затворот во Порт Елизабет каде ќе ги запознае родителите на Рив Стинкамп, неговата девојка, која ја уби во 2013 година. Средбата, како што објави Би-Би-Си, би можел да придонесе 35-годишниот Писториус да биде пуштен на условна слобода. Писториус првично беше осуден на петгодишна затворска казна поради убиство од […]

Бесплатно паркирање за лицата со оштетен слух на сите паркинзи на ПОЦ


Лицата со оштетен слух ќе добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) на целата територија на Општина Центар. Од Општината инфомираат дека оваа привилегија на сите паркинзи на ПОЦ ќе може да ја користат сите лица кои поседуваат лекарска потврда за оштетен слух од над 90 отсто и сите […]

Роналдо демантира ривалство со Меси во освојувањето награди


Франција– Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо се осврна на коментарот на Паскал Фере, главниот уредник на списанието „Франс фудбал“, кое ја доделува „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот, истакнувајќи дека новинарот лаже кога е во прашање неговото наводно ривалство со Лионел Меси. Фере за весникот „Њујорк Тајмс“ изјави дека единствената амбиција на Роналдо е да замине […]

Британските модни награди во знакот на Вирџил Абло (галерија)


Ким Џонс беше прогласен за дизајнер на годината , а Хилфигер ја доби наградата за извонредно достигнување синоќа на гала доделувањето во Лондон   Англија– Дизајнерите и славните личности му оддадоа почит на Вирџил Абло, синоќа,  на Британските модни награди во студениот Лондон , каде што починатата креативна сила на Луј Витон и Оф-Вајт беше […]

Астрологија: 30 ноември е најнесреќниот ден во годинава


САД – Астролози велат дека овој турбулентен 30 ноември речиси на никого нема да му донесе пријатни нешта. Доколку владее чувство дека ништо не оди на добро, вината е во влијанието на планетите, пишува „Мондо“. Емоциите ќе се загреат до крајност – овој 30 ноември е најопасниот ден оваа година и затоа е многу важно да се […]

„Света Злата слави“ – концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ по повод јубилејот 25 години


Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска – Полизова вечер во рамки на Есенските  музички свечености ќе одржи концерт насловен „Света Злата слави“ по повод 25-годишниот јубилеј од своето постоење. Концертот ќе се одржи  во терминот од 20:00 часот во Фоајето на Национална Опера и Балет. На концертот како гости ќе […]