Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига


Шпанија– Поради голем број заразени играчи во дел од клубовите одложени се три од четирите натпревари што беа закажани за утре во кошаркарската Евролига. Последните информации говорат дека се појавиле многу позитивни тестови на коронавирус во редовите на Олимпијакос, кој поради тоа нема на располагање најмалку осум здрави играчи и не може да го одигра […]

Каролина стана заштитно лице на бренд кој ја почитува природата


Поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин стана заштитно лице на германски бренд за здравје и убавина. -Навистина е пријатно чувството кога ќе се пронајдете со бренд со кој ги делите вашите животни вредности и погледи, а пред сѐ вербата во моќта на природата. Драго ми е што овој празничен период започнавме едно ново пријателство и годината ја заокружуваме […]

Мадрид, еден од ретките градови во Европа, ќе организира голема прослава за дочек на Нова година


Шпанија – Шпанската престолнина Мадрид ќе организира голема прослава за дочек на Новата година, со што ќе биде единствениот голем град во Шпанија и еден од ретките во Европа што, во услови на пандемија, на овој начин ќе го прослави влегувањето во 2022 година. Ваквата одлука на Мадрид доаѓа откако Берлин, Лондон, Париз и Рим ги […]

Пети Смит го доби клучот од градот Њујорк


САД– Американската музичарка и поетеса Пети Смит имаше чест да го добие од градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, клучот од градот. Како што соопштува порталот „Consequence Of Sound“ свечената церемонија се оддржала синоќа. – Во светот постојат многу уметници и многу музичари, но Пети Смит е единствена, изјави градоначалникот, давајќи ѝ го епитетот „кума […]

На 52 години почина братот на Марадона


Италија– Семејството Марадона остана без уште еден член, 52-годишниот Уго кој починал во својот дом во Неапол. Поранешниот младински репрезентативец на Аргентина и воедно брат на легендарниот Диего Армандо доживеал срцев удар, информираат светските медиуми. Ова е нова трагедија во славното семејство со оглед на тоа што пред 13 месеци својот живот го загуби славниот […]

Епл ќе претстави паметни телефони без користење СИМ картичка


САД– Американската корпорација Епл се подготвува да лансира паметни телефони без физичка поддршка за СИМ картичка, објави популарниот веб-сајт за информации од мобилната технологија 9to5mac. Епл преговара со мобилните оператори во САД, советувајќи ги да се подготват за лансирање на паметни телефони опремени само со виртуелна СИМ картичка (еСИМ). Тоа треба да се случи во […]

СЗО нема да ја исполни глобалната цел од 40 проценти вакцинирани во секоја земја


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) нема да ја исполни својата цел за вакцинација на 40 отсто од населението во секоја земја до крајот на годината, а недостатоците во Африка се особено сериозни, за што голем дел од вината се припишува на акумулацијата на вакцините меѓу богатите земји. Од 194 земји-членки на СЗО, приближно половина нема […]

Од јануари ќе се вклучи втор котел во ТЕЦ Неготино и трет блок во РЕК Битола


Во јануари 2022 година ќе се вклучи и вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола, информира директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Ковачевски посочи дека со максимално ангажирање на сите производни капацитети, ќе се обезбеди снабдување за грејната сезона, а од енергетската криза ќе излеземе без рестрикции, вложувајќи напори да се […]

Крвопролевање во Германија: Албанец ги убил двете деца, ја ранил нивната мајка и се самоубил


Германија- Голема семејна трагедија се случи во Глинде кај Хамбург на Божиќ, кога маж убил две деца, ја ранил нивната мајка и се самоубил, пренесуваат германските гласила. Медиумите јавуваат дека се работи за албанско семејство. Фламур Р. ги убил неговите две деца, а потоа си пукал во глава и починал додека неговата сопруга била во […]

Ковачевски ја уверил Брнз дека ќе има нулта толеранција за корупцијата


Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со амбасадорката на САД  Кејт Брнз. Ковачевски, според соопштението од партијата, ја уверувал Брнз дека негов став и принцип е нула толеранција за корупција на секое ниво, особено за носителите на високи, јавни функции.   На средбата […]

„Тенис Австралија“ негира дека Ѓоковиќ се повлече од АТП купот


Владиното тело „Тенис Австралија“ објави дека Новак Ѓоковиќ не се повлекол од АТП купот и покрај последните информации дека ќе го пропушти турнирот. – Нема откажувања од страна на српскиот тим. Ѓоковиќ сега е во Белград. За патување во Австралија е потребна вакцина против корона вирус. Првиот светски рекет неколку пати одби да каже дали […]

Ракописот „Цветко“ добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2021 година


Авторскиот труд „Цветко“ на авторот под шифра „Когито“ е добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2021 година што традиционално ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид. Одлуката поемата „Цветко“ да ја добие наградата била донесена едногласно од страна на тричленото жири во состав проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, проф. д-р […]

Се воведуваат ноќни линии на ЈСП во Скопје


Од вторник се ставени во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и тоа со 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на […]

„Животот е…” – ново кабаре на режисерката Поплавска


По две години пауза, режисерката Наташа Поплавска повторно за македонската публика подготви музичко-сценска претстава, по успешните мјузикли „Чикаго”, „Мама миа” и „Боливуд”. Во Националната опера и балет в четврток од 20 часот премиерно ќе биде изведено нејзиното ново кабаре „Животот е…” Поплавска ја поставува претставата заедно со кореографката Олга Панго, нејзина долгогодишна соработничка, а новата […]

Џафери: Беспредметно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ в четврток да има седница на пратенички прашања


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ в четврток, на 30 декември, да се одржи седница на пратенички прашања е беспредметно. Џафери потсети дека на ова прашање одговорил уште на 23. овој месец, по нивното процедуралното интервенирање. -Според договореното на координација претходно, консензуално беше определно 23 декември да биде денот на одржување […]

„Канал 103“ го промовира „The Rising Sound Of Skopje” за одбележување на 30-годишнината


Одбележувањето на големиот јубилеј за 30 години постоење на култното независно радио „Канал 103“ ќе биде заокружено вечерва со неколку свечености. „Стотројка“ ќе ја претстави компилацијата „The Rising Sound Of Skopje“ – пресек на разновидната локална електронска сцена. Целовечерна прослава ќе се случува на две локации. Најпрво, во кафе-филм „Котур“ од 21 часот ќе има […]

Зоо Скопје ја доби првата инклузивна сликовница за деца и млади печатена со видно и Брајово писмо


„Другарите од Зоолошка градина“ е авторско дело на Гордана Симоновска Момировска и преку оваа сликовница дечињата со оштетен вид ќе имаат можност да читаат сами, а другите дечиња да се запознаат со Брајовото писмо и начинот на кој се описменуваат слабовидните и слепи лица, соопштија од Зоо Скопје на промоцијата на првата зоо инклузивна сликовница. Пристутните на промоцијата заедно […]

Калиопи го прослави 55-иот роденден: „Себеси се гледам како времето да не постои“


„Го славиме роденденот на жената што е синоним за љубов“ – коментираат следбениците на нашата поп-ѕвезда Калиопи Букле која по повод овој ден објави ретки фотографии од детството на својот Инстаграм профил, објави црнобело.мк

НБА го скратува времето за карантин за вакцинирани, асимптоматски играчи


САД– Вакцинираните НБА играчи и тренери без симптоми, по одобрените измени на правилата во лигата, ќе можат да го напуштат карантинот по шест дена, доколку тестовите покажат дека тие повеќе не се опасни во однос на ширењето на СОВИД-19. Според официјалниот сајт на НБА, измените стапуваат на сила од понеделник, кога лигата го испратила соодветниот документ […]