Поп и фолк за дочекот на Новата 2022 во Скопје


Три општествено одговорни компании, се одважија во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година. Со настап на домашни музички изведувачи, скопјани на плоштадот „Македонија“ ќе ја дочекаат Новата 2022 година, објави Град Скопје.  Програма на 31.12.2021 година:   21:00-22:00 – Пука Козметика 22:10-23:10 – ДНК 23:20-00:20 […]

СЗО: Омикрон и Делта создаваат „цунами од случаи“ на новозаразени


Швајцарија –  Истовременото ширење на сојот Делта и на сојот Омикрон на коронавирусот создава „цунами од случаи“, нагласи на прес-конференција денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. – Многу сум загрижен што Омикрон, што лесно се пренесува и се шири во исто време со Делта, води до цунами од случаи, изјави […]

„Чудна случка со кучето во ноќта“- Драмски театар со премиера против предрасудите кон лицата со аутизам


Драмскиот театар вечерва во 20 часот ќе ја изведе премиерата на претставата „ Чудна случка со кучето во ноќта“. Урбаната драма која режисерката Зоја Бузалковска ја постави по текстот на Сајмон Стивенс, базиран на романот на Марк Хадон, е театар во театар против предрасудите кон лицата со аутизам. -Тоа е претстава за различноста, за перцепцијата […]

Били Ајлиш, Роналдо и Меси со највеќе лајкови на Истаграм годинава


Били Ајлиш и Лионел Меси доминираат во првите 10 најлајкувани фотографии на Инстаграм во 2021 година со пет објави, додека веста за близнаците на Кристијано Роналдо го зазема првото место. Ајлиш e популарна славна личност на Инстаграм оваа година. 20-годишната пејачка има две од топ-10 најлајкувани фотографии на социјалната мрежа во 2021 година. Откривањето на […]

Јовески: Кадровските капацитети – клучен предизвик за Јавното обвинителство во 2022 година


Кадровските капацитети – клучен предизвик за Јавното обвинителство во 2022 година, оцени државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на традиционалната предновогодишна средба со шефовите на јавните обвинителства во државата. На средбата, која поради КОВИД пандемијата и оваа година се одржа онлајн, од ЈОРСМ соопштија дека обвинителите ја анализирале годината што изминува и разговарале за идните […]

Хју Џекман позитивен на Ковид-19


САД- Хју Џекман има проблеми и тоа не е само во Ривер Сити. Актерот во вторникот објави дека е позитивен на тестот за Ковид-19, принудувајќи го откажувањето на неговото шоу на Бродвеј „Музичкиот човек“ до следниот месец. 53-годишната ѕвезда на X-Men ја сподели веста за неговата дијагноза на социјалните мрежи, истовремено охрабрувајќи ги своите следбеници […]

Францускиот „Л`Екип“ го избра Ѓоковиќ за најдобар спортист во 2021 година


Франција– Францускиот весник „Л`Екип“ го прогласи првиот светски рекет за најдобар спортист на светот во 2021 година. Новак Ѓоковиќ освои трофеи на три грен слем турнири, „Австралија опен“, „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“. Српскиот тенисер играше и финале на „УС Опен“, каде што ја пропушти шансата да дојде до календарскиот грен слем и рекордна 21 грен слем […]

„Навезени спомени“ – изложба во чест на Блаже Конески во Музеј на Македонија


53 најкарактеристични народни везови, од различни етногеографски области на нашата земја ќе бидат презентирани на изложбата „Навезени спомени“ која ќе биде отворена на 29 декември (среда), во 13 часот, во Музејот на Република Северна Македонија. Везовите коишто се поставени во 30 рамки претставуваат значајно сведоштво за креативноста, оригиналноста и вештината на жената – везилка, но […]

Северина ја завршува годината со модна лекција: Изглед за празниците


Од флуоресцентно зелена до „флуоресцентна“  сина – регионалната поп-ѕвезда знае да блесне во впечатливи бои каде и да се појави, што очекувано никогаш не поминува без коментари и пофалби. Линк до целиот текст на Глориа.хр тука  

Поранешниот гувернер на Њујорк нема да биде гонет за сексуално вознемирување


САД–  Поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, нема да биде кривично гонет по обвиненијата од две жени – од кои едната е припадничка на војската – за сексуално вознемирување, соопшти окружната обвинителка. Според окружната обвинителка на Вестчестер, Мими Рока, иако постојат докази дека настаните опишани од жените навистина се случиле, таа не може да почне […]

Маричиќ: Трагикомично е да ме напаѓаат за влијание врз судството луѓе кои беа симбол за заробено судство


Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека целта на неговото повикување на судиите да ја образложат одлуката за пуштање на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков од притвор била да ги повика судската и обвинителската фела на отченост пред јавноста бидејќи, како што посочува, јавноста секогаш ја обвинува извршната власт за добрите, но почесто за […]

По десет години официјализиран разводот на Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер


САД- Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер не биле двојка повеќе од една деценија, но нивниот развод дури сега е официјален, според повеќе извештаи. Двојката првично објави дека се разделува во мај 2011 година, откако тој откри дека со семејната куќна помошничка добил дете, Џозеф Баена, до тогаш на 14 години. Шрајвер поднесе барање за развод […]

Американски медиумски компании ќе потрошат 115 милијарди долари за филмска продукција во 2022 година


САД – Осум водечки медиумски групи во САД планираат да потрошат околу 115 милијарди долари за филмска продукција во 2022 година. Овие проценки ги направи Фајненшл тајмс врз основа на информации и извештаи од аналитичарите. Меѓу нив се корпорации како Волт Дизни, Комкаст, Варнер Медиа и Амазон. Ако се земат предвид правата за пренос на спортски […]

Ѓоковиќ по седми пат најдобар спортист на Балканот


Бугарија– Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ е прогласен за спортист на Балканот за 2021 година во изборот организиран од Бугарската новинска агенција (БТА). Србинот, по рекорден седми пат се најде на првото место во 48-от избор на најдобар балкански спортист. Претходно Ѓоковиќ ја освои наградата пет пати во низа 2011 до 2015 година и во 2019 […]

Се продава имотот на Бинг Крозби во кој се среќаваа Мерилин Монро и Џек Кенеди


САД- Еден од најистакнатите американски забавувачи на сите времиња, Бинг Крозби беше легенда на радио брановите и сребрениот екран, а неговиот поранешен имот во Ранчо Мираж, Калифорнија засекогаш ќе го почитува неговото наследство како прва мултимедијална ѕвезда во земјата. Истоимениот имот што се наоѓа веднаш надвор од Палм Спрингс го олицетворува гламурот од средината на […]

Сара Џесика Паркер го затвори луксузниот бутик во Њујорк поради страв од Омикрон


САД– Сара Џесика Паркер ја затвори својата  продавница во Њујорк поради Ковид-19 и зголемената загриженост околу варијантата Omicron, објави компанијата во вторникот. Бутикот SJP Collection се наоѓа на 54-та улица во центарот на Менхетен и ќе остане затворен до понатамошно известување. „Наш главен приоритет е да ги одржуваме и нашите клиенти и персоналот безбедни и […]

Ковач пред отказ во Монако


Монако– Хрватскиот фудбалски стручњак, Нико Ковач може да го напушти Монако оваа зима. Според „Л’Екип“, причина за евентуалниот отказ може да биде недостатокот на напредок во тимот, како и се позаладениот однос помеѓу тренерот и играчите. Сепак, одлуката може да биде одложена до крајот на сезоната. Оваа сезона Монако има постигнато 29 поени на 19 првенствени […]

ФДА: Брзите антигенски тестови за Ковид-19 се помалку чувствителни на омикрон


САД– Брзите домашни антигенски тестови за Ковид-19, кои имаат предност да даваат резултати за само неколку минути, се помалку чувствителни на омикрон отколку на претходните варијанти на коронавирусот и се со поголема веројатност да покажат лажно-негативен резултат и покрај инфекцијата во споредба со претходните соеви, соопшти Американската агенција за храна и лекови (ФДА). – Прелиминарните податоци покажуваат дека антигенските […]

Бритни Спирс не е подготвена да ѝ се врати на музиката


САД- Бритни Спирс сигнализираше дека сè уште не е подготвена да ѝ се врати на музиката по 13 години поминати под т.н. конзерваторски надзор што ѝ ја одзеде контролата врз личните и деловни работи и ѝ влеа страв од забавната индустрија. Спирс (40), која минатиот месец беше ослободена од надзорот наложен од судот во 2008 […]

Гислејн Максвел прогласена за виновна за помагање на Епштајн во сексуална злоупотреба


САД –  Британката Гислејн Максвел, поранешна соработничка на починатиот финансиер Џефри Епштајн, обвинет за сексуална злоупотреба, е прогласена за виновна од судот во Њујорк за местење и помагање на Епштајн при експлоатација на малолетни девојчиња и се соочува со „децениски затвор“. Судењето траеше еден месец, а четири жени дадоа детали за сексуалната злоупотреба на девојки, […]