Хус за Аки: Тој беше нашата локомотива и сега душата ми е празна како станица затоа што нема патници


Хрватска-  Море од тага и емоции вчера ги обзеде сите што дојдоа на загрепски Мирогој на последното збогување на прерано починатиот фронтмен на Парни ваљак, Аки Рахимовски. Покрај најтесното семејство, од омилениот музичар се збогуваа и колегите кои со децении блескаа и ја палеа хрватската музичка сцена со Аки, како што рече Хус, со кој […]

Оскаровецoт Мекдоналд го снима документарецот за Галијано


САД- Неодамна беше откриено дека режисерот на „Последниот крал на Шкотска“ Кевин Мекдоналд снима документарец за контроверзниот британски моден дизајнер Џон Галијано. Она што не беше споменато е вклученоста на Конде Наст во проектот. Секторот задолжен за шоубизнисот на издавачот на Vogue, Condé Nast Entertainment, која ја води поранешната извршна директорка на Disney, Агнес Чу, […]

Џиџи и Бела Хадид во новата кампања на Версаче: Силата е во семејството


Италија- Италијанската модна дизајнерка Донатела Версаче лично ги избра сестрите Хадид да позираат за сезоната пролет-лето 2022 како начин да ја оживее нејзината визија. „Семејството е секогаш во срцето на сè што правам, па затоа ги сакам Бела и Џиџи толку многу“, рече Версаче. „Тие совршено ја прикажуваат силата меѓу сестрите и ја споделуваат таа […]

По Лондон и Њујорк- концертите на Трпчески и Венгеров со завршница во Париз


Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески ја заокружи мини-турнејата што опфати настапи со една од најголемите музички ѕвезди, легендарниот виолинист Максим Венгеров на најпрестижните светски музички сцени. По исклучителните концерти во лондонската сала „Барбикан“ и њујоршката „Карнеги хол“, синоќа двајцата уметници ја одушевија и француската публика на концертот во салата на Париската филхармонија, изведувајќи […]

Ти благодарам тато што ме научи дека човекот е мал само под ѕвездите- погребан Аки Рахимовски


Хрватска-Последното збогување на Аки Рахимовски се одржа во Алејата на великаните на загрепски Мирогој, објави index.hr.Пред ковчегот беше поставена посвета за музичарот. „Нашата улица е тажна откако не си тука… Затоа што тажната песна ја пеат оние што остануваат“, пишува на плакатот до фотографијата на Аки. Ова се стиховите од песната на  „Парни ваљак“ – […]

Чакаровски: Прекинат бојкотот, се нормализира железничкиот сообраќај


Исплатен е вториот дел од платата за декември лани во Железници на РСМ Транспорт со што машинскиот и извршниот персинал го прекина бојкотот поради кој од вчера не сообраќаа патничките и товарните возови во државава, информира за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот и извршниот персонал. Чакаровски најави дека со исплатата на платата е исполнето […]

Џад Лоу и неговиот син Раф Лоу – нови амбасадори на „Бриони“


Италија– Италијанскиот луксузен бренд за машка облека „Бриони“ ги избра Џад Лоу и неговиот син Раф Лоу за нови амбасадори. И двајцата ќе дебитираат во оваа улога со кампањата за пролет- лето 2022 фотографирана од Крег МекДин. Татко то и синот Лоу го наследуваат Бред Пит, кој беше амбасадор на брендот од 2019 година. Минатиот […]

Кралскиот накит на Италија во државен трезор-наследниците го бараат заради историската вредност


Италија– Поранешното кралско семејство на Италија бара да им се врати накитот од круната, кое го загубија откако земјата ја укина монархијата по Втората светска војна. Оттогаш, колекцијата се чува во трезор во Банката на Италија. Наследниците на последниот крал на Италија, кралот Умберто Втори, го упатија своето прво официјално барање да го вратат накитот […]

Бекам и Пелц: Се раѓа нова династија за убавина


САД- Нелсон Пелц, активистот инвеститор за кој нашироко се пишува дека гради удел во загрозениот Унилевер, не е никој друг туку идниот тест на Бруклин Бекам. Пелц е милијардер, основач и главен извршен директор на Триан Фонд Менаџмент, активистички хеџ-фонд, а неговата пријавена инвестиција и даде на цената на акцијата на Унилевер неопходен поттик на […]

Барти стигна до првото Грен слем финале на тврда подлога


Австралија– Светскиот рекет број 1 Ешли Барти претпладнево ја победи Медисон Киз во полуфиналето на Австралија Опен (6:1, 6:3). Австралијката ја извојува 10-та победа во низа и ја прекина серијата од 10 победи на Американката. Во шест натпревари на Грен слемот во Мелбурн, Барти на теренот мина 6 часа и 6 минути. Таа не загуби сет […]

Кејт Мидлтон во леопард дизајн – ретко, ама ефектно


Англија– Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (40) посетила волонтерска служба за поддршка на менталното здравје за да одбележи повеќе од милион успешни интервјуа со сиромашните и решила да облече фустан од каки леопард од американскиот бренд Дерек Лам. Сопругата на принцот Вилијам за оваа пригода реши да го истакне својот струк и витка линија, а […]

Гучи: Легендарната бамбус чанта 1947 во девет нови верзии


Италија– Бамбус чантата 1947 со потпис доби нов изглед од Алесандро Микеле. Презентирајќи го новиот дизајн, креативниот директор на куќата ангажираше девет меѓународни креатори за да ја споделат сопствената визија за Gucci Bamboo 1947 година. Значењето на 1947 година беше кога Гучио Гучи и фирентинските занаетчии на брендот решија да направат рачка на чанта од бамбус. […]

„Зад завесите’’ – Бојана со нова балада и спот


 Бојана Скендеровски повторно чекори цврсто на македонската естрада, со нова и моќна приказна трансформирана во емотивна мелодија. Спотот на новата песна на Бојана, насловена „Зад завесите“ денес премиерно ја добива својата онлајн промоција. Приказната за отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди е дел од новиот проект на Бојана, со којшто започнува низата на дополнителни изненадувања, коишто Бојана ќе […]

„Аџибадем Систина“ отвора педијатриски ковид-центар


Петтиот бран на пандемијата со Ковид-19 предизвикан од омикрон-сојот, кој се карактеризира со голема инфективност и многу лесна преносливост, доведе до зголемување на бројот на позитивни и болни деца и адолесценти. За таа цел Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од утре, петок, 28 јануари, отвора комплетно нов педијатриски ковид-центар.   Новиот ковид-центар за деца има посебен […]

Гаро за Аки: Двајцата нѐ одбија од Музичка академија зашто „сме немале слух“


  Гарабет Тавитјан, најдобриот македонски тапанар за „Јутарњи“ зборува за починатиот пејач на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски, со кого се пријатели уште од раното детство, а првите сериозни музички чекори ги направија заедно свирејќи во бендот „Тор“. „Се запознавме во 1968 година. Го формиравме тој рок бенд, свиревме различна музика, странска, домашна… Аки пееше и свиреше […]

Во затвор почина Реџеп Ќерими, осуден на доживотна казна во случајот „Алфа“


Во затворска ќелија е најден починат Реџаил Ќерими, осуден на доживотна затворска казна за напад на полициски „алфи“ во 2008 година кај Природно математичкиот  факултет во Скопје, во кој загина полицаец, а двајца негови колеги беа ранети. За смртта на Ќамили објави неговото семејство од селото Опае.  За нападот на полицајците на паркингот пред Факултетот, […]

Принцот Ендрју бара да му се суди пред порота


САД – Принцот Ендрју, војводата од Јорк, побара судење пред порота по обвинението од Вирџинија Џуфре, која тврди дека сексуално ја искористил. Според Џуфре, позната и како Вирџинија Робертс, принцот сексуално ја нападнал на три различни места во периодот од 2000 до 2002 година. Војводата даде 11 причини зошто случајот треба да биде отфрлен. Една […]

„Поново“- шест македонски радио-станици во 15 часот ќе го емитуваат новиот сингл на „Парни ваљак“


Во чест на Аки Рахимовски, денес (четврток, 27-ми јануари во 15 часот), во време кога во Загреб ќе се одвива церемонијата на испраќањето на Аки, шест македонски радио станици во исто време ќе го емитуваат последниот сингл на „Парни ваљак“ – песната „Поново“, последната песна на Аки Рахимовски. Песната „Поново“ во Македонија ексклузивно ќе се […]

Ниту еден бугарски војник нема да учествува во воените дејствија во Украина, вели Јанев


Бугарија – Бугарскиот министер за одбрана, Стефан Јанев, на денешната вонредна седница на Националното собрание посветена на тензиите меѓу Русија и НАТО, изјави дека без одлука на парламентот или Советот на министри ниту еден бугарски војник нема да учествува во Украина, доколку во неа дојде до воени дејствија од страна на Русија. Јанев ги предупреди сите […]

И во третиот обид Италија не избра нов претседател


Италија– И третиот круг гласање за изборот на нов италијански претседател денеска не донесе победник, а блоковите од десниот и левиот центар очигледно не се ни блиску до договор за взаемно прифатлив кандидат. За еден кандидат да биде успешно избран во првите три круга од гласањето му е потребно двотретинско мнозинство. Од четвртиот круг гласање, […]