Кејт Мидлтон во леопард дизајн – ретко, ама ефектно


Англија– Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (40) посетила волонтерска служба за поддршка на менталното здравје за да одбележи повеќе од милион успешни интервјуа со сиромашните и решила да облече фустан од каки леопард од американскиот бренд Дерек Лам.

Сопругата на принцот Вилијам за оваа пригода реши да го истакне својот струк и витка линија, а за тоа избра црн ремен кој го спои со црни  кожени чизми на потпетица.
Инспиративниот публицитет на Кејт Мидлтон со нејзиниот префинет стил не стивнува со години, а војвотката смислено вградува адекватна фризура и шминка во секоја комбинација, а овој пат се одлучи за опуштени локни и пристојна дневна шминка.

Кејт е исклучително важна за поместување на границите и нормите кога е во прашање модниот израз на кралското семејство кое мора да се придржува до строг кодекс на облекување, а во оваа прилика покажа дека животинските дезени не се резервирани само за обичните луѓе. Сепак, војвотката со својот стил учи дека не е важно што носи, туку како го носи, па за оваа пригода стави ефективни обетки од Асос кои не се скапи.

Мидлтон и претходно покажа дека скапите парчиња не се услов за софистицирана комбинација, па имавме можност многупати да ја видиме во прифатлива облека од хај-стрит понудата, неколку пати носеше исти фустани, што ја воодушеви јавноста, а таа е одговорна за многу трендови кои слепо се следат во последните години.