Задолжителен „зелен пасош“ за 23 милиони вработени Италијанци


Италија– Новите мерки против Ковид-19 од денеска ќе стапат во сила во Италија, каде што секој вработен ќе мора да има сертификат за вакцинација, доказ дека прележал коронавирус или негативен ПЦР тест. Новите мерки, кои опфаќаат околу 23 милиони вработени во приватниот или јавниот сектор низ Италија, според критичарите се контроверзни и наидоа на голем отпор, …

Задолжителен „зелен пасош“ за 23 милиони вработени Италијанци Read More »

САД ја повикаа Русија да обезбеди енергетска сигурност во Европа 


САД- Заменик државниот секретар Венди Шерман и потсекретарот за економски прашања, Хозе Фернандез, се сретнаа со рускиот вицепремиер Алексеј Оверчук, кој е во посета на Вашингтон, за да ги истакнат заложбите на САД за стабилни и предвидливи билатерални односи, соопшти портпаролот Нед Прајс.  Шерман ја повикала Русија да обезбеди енергетска безбедност во Европа. Цените на природниот гас …

САД ја повикаа Русија да обезбеди енергетска сигурност во Европа  Read More »

Бајден го потпиша Законот за привремено зголемување на лимитот на задолжување на државата, избегнат банкрот


САД– Американскиот претседател Џо Бајден вчера го потпиша Законот за привремено зголемување на лимитот на задолжување на владата на 28,9 трилиони долари, што овозможува да се зголеми долгот за да може државата да ги плати своите задоцнети обврски и да избегне банкрот. Без зголемување на плафонот за долгови, американското Министерство за финансии процени дека на …

Бајден го потпиша Законот за привремено зголемување на лимитот на задолжување на државата, избегнат банкрот Read More »

„Интерактивни рефлексии“ –  изложба на скулптури на Слободан Милошески


Во ликовниот салон на ДЛУБ во Битола денеска ќе биде отворена изложбата „Интерактивни рефлексии“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од скулпторски дела од галериски формат, создадени со примена на техника на заварување на метал. Битолската публика изложбата ќе може да ја погледне до 22 октомври. Слободан Милошески работи методички низ концентрирана перцепција и …

„Интерактивни рефлексии“ –  изложба на скулптури на Слободан Милошески Read More »

Вечер на руска класична музика во Битола


Здружението на уметници и педагози Арс Ад Астра, во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола вечер организираат концерт со руска класична музика. Според програмата, во битолскиот Музеј ќе настапат пијано дуо Билјана Димовска и Татјана Божиновска и пијано дуо Маја Божиновска и Горјана Стојановска. -Акцентот …

Вечер на руска класична музика во Битола Read More »

Фотографска изложба на Милчо Манчевски во Бургас


По успешното претставување на изложбата „Таму“ на Милчо Манчевски во Софија, денеска таа ќе биде поставена и во Бургас, во Центарот за современа уметност и библиотека. Колор делата на тема улична фотографија, на светски познатиот режисер Милчо Манчевски, ќе бидат достапни за публиката до 31 октомври. Реализацијата на оваа изложба е плод на успешна соработка …

Фотографска изложба на Милчо Манчевски во Бургас Read More »

„Предизвиците на компаративната книжевност во 21 век“- Меѓународна конференција на УКИМ


По повод јубилејот 40 години од основањето на Катедрата за општа и компаративна книжевност денес и утре ќе се одржи Меѓународна научната конференција „Предизвиците на компаративната книжевност во 21 век“. Основана во учебната 1980/1981 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на оваа Катедра изминатите четири децении дипломирале …

„Предизвиците на компаративната книжевност во 21 век“- Меѓународна конференција на УКИМ Read More »

За Заев шансите за договор меѓу Скопје и Софија ќе се зголемат по изборите, Димитров ја повика Бугарија на одговорност, за Османи спорот нема ништо со процесот на евроинтеграција


Прашањето меѓу Скопје и Софија и шансите за отстранување на блокадата на Бугарија за почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ до крајот на годинава, беа во фокусот на вториот Самит за Западен Балкан на лондонски „Економист“ што вчера се одржа во Скопје. Премиерот Зоран Заев смета дека земјава ги исполни сите услови за …

За Заев шансите за договор меѓу Скопје и Софија ќе се зголемат по изборите, Димитров ја повика Бугарија на одговорност, за Османи спорот нема ништо со процесот на евроинтеграција Read More »

Природен чекор Западен Балкан да биде дел од ЕУ, Брисел мора да ги исполни ветувањата кон регионот, пораки од Самитот на „Економист“


Природен чекор е Западниот Балкан да биде дел од Европската Унија, која пак мора да покаже повеќе ентузијазам за процесот на проширување. Ако Европа сака сериозно да биде сфатена како глобален играч, мора сериозно да размисли за одлуките кои претстојат. Потребно е повторно да се поттикне динамиката на процесот на проширување и нов почеток на …

Природен чекор Западен Балкан да биде дел од ЕУ, Брисел мора да ги исполни ветувањата кон регионот, пораки од Самитот на „Економист“ Read More »

Скрининг за Ковид-19 во 364 основни и 109 средни училишта, благ раст на новозаразени, ревакцинирани 45 отсто полнолетни


Со скринингот за КОВИД-19 ќе бидат опфатени 364 основни и 109 средни училишта, информираа вчера од Министерството за здравство, од каде потенцираа дека е многу важно родителите да го поддржат тестирањето. По претходно добиена писмена согласност од страна на родителите или старателите на учениците, како што се посочува, тестирањата кои ќе започнат од следната недела. …

Скрининг за Ковид-19 во 364 основни и 109 средни училишта, благ раст на новозаразени, ревакцинирани 45 отсто полнолетни Read More »

Студено со дожд


Времето во земјава ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови, а во останатите делови ќе бидат со послаб интензитет. Поради затоплување на висина, на планините врнежите повторно ќе преминуваат во дожд. Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а максималната ќе достигне од …

Студено со дожд Read More »

ИКОМ официјално ја објави својата осумнаесетта Црвена листа, опфатени 119 предмети во 10 земји


ИКОМ официјално ја објави својата осумнаесетта Црвена листа, која содржи 119 предмети од 45 музеи од 10 земји во Југоисточна Европа, од кои Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Словенија. Црвената листа за културни објекти од Југоисточна Европа во ризик, е фокусирана на европскиот континент и истата …

ИКОМ официјално ја објави својата осумнаесетта Црвена листа, опфатени 119 предмети во 10 земји Read More »

СЗО: Повторно расте бројот на смртни случаи од туберкулоза поради ковид


Швајцарија– Бројот на смртни случаи од туберкулоза повторно почна да расте, првпат по десет години, најмногу затоа што пандемијата на Ковид-19 го наруши пристапот до здравствени услуги, соопшти денеска Светската здравствена организација. – Ова е алармантна вест што треба да послужи како знак за тревога во светот за итна потреба од инвестиции и иновации за да се пополнат празнините …

СЗО: Повторно расте бројот на смртни случаи од туберкулоза поради ковид Read More »

Поради дождот, Скопски Градски Фестивал се сели во Домот на АРМ


Заради најавеното врнежливо време второто издание на Скопскиот Градски Фестивал ќе се одржи во Домот на АРМ, во сабота на 16 октомври, во 19 часот, а во организација на Баги Комуникации.  За оваа година се најавени настапите на македонската fusion група Zulu 3.4, потоа на словенечко-српското дуо со македонски корени Атанасовски-Хаџиманов дуо и грчкиот виртуоз на хармоника со неговата …

Поради дождот, Скопски Градски Фестивал се сели во Домот на АРМ Read More »

„Деловен појадок“- во Струга се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат работодавачите


Предизвиците со кои се соочуваат работодавачите со дефицитот на работна сила и образовните реформи прилагодени кон потребите на стопанството беа главна тема на новиот состанок од серијата консултации со претставници на бизнисот,кои во рамки на проектот „Деловен појадок“  во Струга ги организира Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), со цел размена на мислења и идеи …

„Деловен појадок“- во Струга се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат работодавачите Read More »

Во македонската амбасада во Париз отворена изложба на цртежи на Тони Васиќ


Франција – Во рамките на чествувањата на 11 Октомври во амбасадата на Република Северна Македонија во Париз отворена е изложбата на „Омеѓени приказ(н)и“ од проф.д-р Тони Васиќ, јави дописникот на МИА. Изложбата ја отвори амбасадорката Јадранка Чаушевска-Димов, која не го криеше задоволството што по прв пат од почетокот на пандемијата со Кавид-19, амбасадата е повторно домаќин …

Во македонската амбасада во Париз отворена изложба на цртежи на Тони Васиќ Read More »

Над 300 авторски бајки пристигнале на конкурсот на „Феникс“


Издавачката куќа „Феникс“ соопшти дека веќе се пристигнати повеќе од 300 авторски бајки на конкурсот за Меѓународниот фестивал на бајката, иако тој се уште не е завршен и ќе трае до 15 ноември 2021. – На Конкурсот се пријавуваат и учествуваат автори од цел свет. Така, меѓу пријавените се и: Милутин Ѓуричковиќ (Србија), Аида Сечиќ …

Над 300 авторски бајки пристигнале на конкурсот на „Феникс“ Read More »

МЗ: Со скринингот за Ковид-19 ќе бидат опфатени 364 основни и 109 средни училишта, важно е родителите да го поддржат тестирањето


Министерството за здравство соопшти дека ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во 80 општини и градот Скопје, во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од КОВИД-19 во основните и средни училишта. По претходно добиена писмена согласност од страна на родителите или …

МЗ: Со скринингот за Ковид-19 ќе бидат опфатени 364 основни и 109 средни училишта, важно е родителите да го поддржат тестирањето Read More »

Командата за операции го одбележа Денот на единицата


Припадниците на Командата за операции (КО), со воена свеченост што денеска се одржа во касарната „Боро Менков“ во Куманово, го одбележаа Денот на единицата. Пред присутните се обратија началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини. Генералот Ѓурчиновски во обраќањето оддаде признание на …

Командата за операции го одбележа Денот на единицата Read More »

„Булгари“ го шири италијанскиот луксуз во САД и со хотелите-ги отвара два


САД– „Булгари“ и додава уште еден скапоцен камен во својата преполна колекција хотели и одморалишта. Самоопишаниот „златар на гостопримството“ штотуку потпиша договор со сопственикот и инвеститорот Гери Сафади за ново луксузно одморалиште во Лос Анџелес. Лоциран на 33 хектари во живописните планини Санта Моника, Булгари Ресорт Лос Анџелес треба да се отвори во 2025 година и …

„Булгари“ го шири италијанскиот луксуз во САД и со хотелите-ги отвара два Read More »