Пронајдено мртво тело на украински олигарх во англиска палата


Англија–  Телото за кое се верува дека е на олигархот со украинско потекло Михаил Ватфорд е пронајдено на имот во Сари, Англија, објави Тајмс. Во соопштението испратено до Инсајдер, полицијата во Сари вели дека истрагата за околностите на смртта е во тек, но дека се уште не ја третираат како сомнителна. Полицијата не можеше да […]

Без вода вечерва дел од населба Тафталиџе


Поради уличен дефект ф100 милиметри на улица „Софиска“ број  27б во населбата Тафталиџе, вечерва прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Бриселска”, „Копенхагенска”, „Стокхолмска”, „Петар Драганов” и „Његошева”, информираат од ЈП „Водовод и Канализација”. Прекинато водоснабдување во наведените улици ќе почне  од 19:00 часот и ќе трае до санирање на дефектот. 

И Молдавија аплицира за влез во ЕУ


Молдавија– Молдавските власти ќе испратат барање за членство во Европската унија, изјави претседателката Маја Санду на брифинг.   – Ќе ја потпишеме денеска апликацијата за пристапување на Молдавија во Европската унија. Таа ќе биде испратена до францускиот претседател Емануел Макрон, истакна Санду.   Претседателката на Молдавија потоа го потпиша документот заедно со претседателот на Парламентот […]

Канада воведува царини од 35 отсто за извозот од Русија и Белорусија


Канада – Канадските власти одлучија да ги тргнат Русија и Белорусија од нивниот трговски статус на најповолни нации и да воведат царини од 35 отсто за извозот од тие земји, изјави канадската вицепремиерка Кристија Фриланд изјави за новинарите. „Канада ќе биде првата земја што ќе ги лиши Русија и Белорусија од нивниот статус на најомилени нации […]

ИКЕА и Фолксваген ја прекинуваат работата во Русија и Белорусија


Русија – Шведската компанија ИКЕА и германскиот производител на автомобили Фолксваген  денеска соопштија дека ќе ја прекинат работата во Русија, поради нападот на таа земја врз Украина. ИКЕА соопшти дека привремено ги напушта пазарите на Русија и Белорусија и дека ќе одвои околу 41 милион долари за помош на бегалците од Украина. „ИКЕА ја прекинува работата […]

Нови 467 случаи со Ковид-19, вкупно 14 починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.533 тестови, а регистрирани се 467 нови случаи со КОВИД-19, десет починати и 414 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 467 случаи од Скопје се 245, Куманово – 34, Велес – 22, Битола – 20, Прилеп – 19, Кавадарци – […]

Самостојна изложба на Ангел Димовски-Чауш


На 4.3.2022 година (петок) во ликовниот салон на МАНУ во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на скулпторот Ангел Димовски-Чауш. На изложбата ќе бидат претставени 60 дела – скулптури, цртежи, слики – објекти, изработени во разни материјали, бронза, дрво, алуминиум, мермер, што авторот ги работел во изминатите 50 години, вклучително и дела што се […]

УНЕСКО длабоко загрижен за случувањата во Украина


Франција – УНЕСКО е длабоко загрижен за случувањата во Украина и работи на проценка на штетата во сите области од својата надлежност, особено во областа на образованието, културата, наследството и информациите и спроведување на итни мерки за помош, јави дописникот на МИА. Резолуцијата на Генералното собрание на ОН го потврдува огромното значење на Повелбата на […]

Фадил Зендели разрешен од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата


Со 61 гласа „за“, без ниту еден против и без воздржани, Собранието ја донесе одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Движењето „Беса“ од член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во собраниската сала и не гласаа. Откако работата по  64-та седница  продолжи со расправа […]

Шестмина бегалци од Украина повредени при превртување на автобус во Полска


Полска– Пет деца и едно возрасно лице се повредени со сообраќајна несреќа што денеска се случи во Полска, кога се превртел автобус што превезувал бегалци од воените зони во Украина. Несреќата се случила на националниот пат 17 на делница од патот Лублин – Краснистав, кај местото Колонија Сидлски. Бегалците патувале од граничниот премин Хребене кон […]

„Процут кон женственоста“ – изложба посветена на Меѓународен ден на жената


По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Националната галерија веќе петта година по ред организира тематска изложба со посвета. Изложбата насловена „Процут кон женственоста“ од колекцијата на Националната галерија“, ќе биде поставена во просторот на Чифте амам од 3 до 15 март. Изложбата прикажува селектиран избор на македонски и странски автори, кои претежно […]

Дали среде војна модата треба да биде бегство?


Ниту еден од дизајнерите со колекции за сезона не можеше да предвиди дека ќе ја презентира својата облека среде руската инвазија на Украина. Некои се прилагодија на ситуацијата со давање изјави. Џорџо Армани го одржа своето шоу во Милано во неделата без музика, на пример, а Баленсијага, чиј дизајнер Демна е од поранешната конститутивна република […]

Богатите Руси панично купуваат накит и луксузни стоки додека рубљата тоне


Русија– Богатите Руси купуваат луксузен накит и часовници додека рубљата се задржува на рекордно ниско ниво по големите санкции од Западот по инвазијата на Украина. Продажбата во италијанскиот Булгари во сопственост на LVMH порасна во последните денови, изјави за Bloomberg извршниот директор на куќата за накит Жан-Кристоф Бабин. „На краток рок тоа веројатно го поттикна […]

Која е Олена Зеленска, првата дама на Украина и сопруга на Володимир Зеленски?


Украина- Кога украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Москва го поставила „цел бр. 1“, во, како што рече, нејзиниот напор „политички да ја уништи Украина со уништување на шефот на државата“, тој исто така истакна дека неговото семејство е „цел бр. 2. .“ Мрачната објава го привлече вниманието на маките на неговото семејство, првата дама […]

Унгарија нема да стави вето на санкциите против Русија


Унгарија– Унгарија нема да стави вето на санкциите на Европската унија против Русија, а единството на 27-члениот блок е најважно со оглед на војната во Украина, која Унгарија недвосмислено ја осудува, изјави премиерот Виктор Орбан. – Не можеме и нема да носиме никакви одлуки кои би ги претвориле унгарските населби или луѓе – без разлика дали […]

Каде е Људмила Путина – кого Путин преселил во сибирскиот бункер поради нападот во Украина ?


Русија– Додека руската инвазија на Украина продолжува, се погласни се прашањата за здравјето на рускиот претседател Владимир Путин. Има гласини дека одлуката за напад на Украина и продолжување на војната и покрај широката меѓународна осуда доаѓа додека Путин се бори со здравјето. Плашејќи се дека работите би можеле да ескалираат, тој наводно го преселил своето […]

Најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка


Најниска температура во државава изутрина во седум часот е измерена во Маврови Анови, – 13 степени, по што следуваат Попова Шапка со – 10, Крушево -8, Битола и Претор – 7, Берово  и Охрид – 6, Прилеп и Тетово – 5, Крива Паланка и Струмица – 2, …информира Управата за хидрометеоролошки работи. На Попова Шапка […]

Руските експерти го напуштија вселенскиот центар во Француска Гвајана


Русија– Сите руски експерти го напуштија вселенскиот центар во Француска Гвајана, каде се наоѓа космодромот Куру, соопшти Роскосмос. Генералниот директор на Роскосмос Дмитриј Рогозин на 26 февруари соопшти дека соработката со европските партнери на космодромот Куру е прекината како одговор на санкциите против Русија.

Десет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“


Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) избра десет романи што ја продолжуваат трката за престижната награда. Се очекува следната недела жири-комисијата […]

Анонимус: Од руската служба за безбедност протекоа информации за атентат на Зеленски


САД– Информациите за планиран атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски протекоа од руската Федерална служба за безбедност, објави хакерскиот колектив Анонимус. Тие исто така соопштија дека сега започнува борбата за моќ во Кремљ за соборување на режимот на Путин. „Во меѓувреме, да продолжиме со нападите“, вели хактивистичката група.   Анонимус ја презедоа и одговорноста за […]