Анонимус: Од руската служба за безбедност протекоа информации за атентат на Зеленски


САД– Информациите за планиран атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски протекоа од руската Федерална служба за безбедност, објави хакерскиот колектив Анонимус.

Тие исто така соопштија дека сега започнува борбата за моќ во Кремљ за соборување на режимот на Путин. „Во меѓувреме, да продолжиме со нападите“, вели хактивистичката група.

 

Анонимус ја презедоа и одговорноста за уривањето на веб-страницата на Руската вселенска агенција, и тоа по вторпат.