Шолц повторно ја отфрли можноста за интервенција на НАТО во Украина


Германија – Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно ја отфрли можноста за воена интервенција на НАТО во Украина. – Западот се уште се надева на ефикасност на санкциите против Русија, изјави Шолц на собирот организиран од дневниот весник „Велт“ во Берлин. – Нема да воспоставиме зони за забранети летови над Украина. Тоа би довело до директен воен […]

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка


Најстудено утрово е во Берово со -3 степени, на Попова Шапка, Претор и Битола се измерени -1, а во Маврови Анови и Охрид нула степени. Максималани три степени се регистрирани во Скопје, кај Зајчев Рид и во Демир Капија, соопшти УХМР. На Попова Шапка има најмногу снег 49 сантиметри, во Крушево 47, а во Маврови […]

Повторно раст на заразените со Ковид-19 во светот


Швајцарија – Неделниот број на заразени со Ковид-19 во светот, порасна за првпат, од крајот на јануари, соопшти вчера Светската здравствена организација. Во втората недела од март, бројот на новозаразени е за осум отсто поголем, отколку во претходната седмица. Oд 7 до 13 март, евидентирани се над 11 милиони нови случаи на Ковид-19 и 43.000 смртни […]

Украина претрпе штета над 500 милијарди долари


Украина– Премиерот на Украина, Денис Шмигал на изјави дека неговата земја од почетокот на руската инвазија претрпе штета од над 500 милијарди долари. Тој, на  вчерашната средба со лидерите на трите земји од ЕУ – Чешка, Полска и Словенија во Киев, истакна дека Русија по војната треба да плати за обновата на Украина. Шмигал додаде […]

Скопје танцов театар со три изведби на првото гостување во Париз


Скопје танцовиот театар првпат ќе настапува во Франција со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин.  Таа ќе има три изведби на сцената на Националниот театар за современ танц Шајо, на 16, 17 и 18 март. Станува збор за претстава со една поинаква естетика. Кореографката која е на чело на Скопје […]

ЕУ и порача на Турција да не потпаѓа на пропагандата на Путин


Tурција– Турција која во моментов има улога на „балансер“ треба да биде внимателна за да не потпадне на пропагандата на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска амбасадорот на ЕУ во Анкара, Николаус Меер-Ландрут. Таквата изјава на амбсадорот е во контекст на очекувањата на Брисел Турција да ги забрани, како што рече, „руските пропагандни канали“, притоа […]

Убиен директор на мексикански медиум, осма новинарска жртва во Мексико годинава


Мексико – Директорот на мексиканскиот медиум Монитор Мичоакан, Армандо Линарес, е пронајден мртов, месец дена откако еден од неговите новинари беше убиен, јави ДПА. Линарес имал прострелни рани, а според Државното обвинителство, неговото тело е пронајдено вчера попладне во приватен стан во градот Зитакуаро. Тој е осмиот убиен новинар од почетокот на годинава во Мексико. Властите […]

Во Скопје идната недела продолжуваат разговорите со Бугарија, македонската страна со јасни усогласени ставови


Разговорите со Бугарија за отворените политички прашања продолжуваат следната недела, со посетата на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на Скопје на 23 и 24 март. Северна Македонија во процесот на разговори настапува со јасни усогласени ставови во однос на отворените прашања. Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера на средба со новинарите, најавувајќи ја […]

Премиерот Ковачевски на увид во процесот на чистење на линданот од малата депонија во „ОХИС“


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир денеска во кругот на фабриката „ОХИС“ ќе направат увид во активностите за отпочнување на процесот на чистење на линданот од малата депонија. На настанот ќе присуствуваат и шефот на канцеларијата […]

Не се очекува зголемен прилив на бегалци од Украина во државава, Владата подготвена за можен бегалски бран


Северна Македонија не очекува зголемен прилив на бегалци од Украина, но и покрај тоа, Владата е подготвена за можен бегалски бран. Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера кажа дека во државава нема поголема динамика на влез на украински државјани како што имало пред војната и оти не очекува голем наплив украински бегалци во земјава, но, […]

Засега не се размислува за целосно укинување на ковид мерките, четвртиот бран во стагнација


Надлежните остануваат на ставот дека се уште е рано за целосно укинување на ковид мерките. Сметаат дека се додека нема доволно имунизирано население, не може да се зборува за укинување на мерките. Засега останува и носењето маски во училиштата. Од Министерството за образование велат дека ќе чекаат на проценката од Комисијата за заразни болести. Министерот […]

Рафинериите на Грција и Саудиска Арабија со првичен договор за дополнително снабдување со сурова нафта


Грција – Првичен договор, Грција да добива дополнителни резерви на сурова нафта од Саудиска Арабија, постигнале рафинериите од двете земји ЕЛПЕ и Арамко, објавија грчките медиуми. Како што јави дописничката на МИА од Атина, медиумите во Грција пишуваат дека првичниот договор бил постигнат за време на првиот бизнис форум меѓу двете земји одржан во Ријад, […]

Нов Зеланд од 12 април ќе ги отвори границите за вакцинираните Австралијци


Нов Зеланд– Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн рече дека земјата повторно ќе ги отвори границите многу порано од очекуваното, при што на вакцинираните Австралијци ќе им биде дозволено да патуваат таму од 12 април. „Патниците од некои други земји, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, можат да дојдат во Нов Зеланд од 1 мај“, […]

Сончево и релативно топло, од утре повторно дожд


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, особено во западните делови. Во текот на ноќта во североисточните и источните делови ќе има слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 16 март 2022 година, 75-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 290 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 46 минути, а ќе зајде во 17 часот и 39 минути. Денов трае 11 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

„CAS“ ја потврди забраната на УЕФА за учество на руски тимови на турнирите на организацијата


Швајцарија – Судот за спортска арбитража (CAS) ја потврди забраната на УЕФА за учество на руски клубови на турнири под покровителство на организацијата. Иако ова е привремена пресуда, целосното рочиште треба да се одржи во наредните недели. Рускиот фудбалски сојуз (РФС) реагираше на одлуката на CAS да ја потврди забраната на УЕФА за отстранување на руските […]

ЕУ воведе санкции за Роман Абрамович


Белгија– Европската унија воведе санкции за сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, рускиот олигарх Роман Абрамович, како дел од новиот пакет казнени мерки против Русија. ЕУ го додаде 55-годишниот Абрамович на ажурираната листа на поединци чии средства се замрзнати и забранети за патување поради нивната улога во руската инвазија на Украина. Унијата објави дека Абрамович […]

Кејт Хадсон и Голди Хоун – ќерка и мајка во славните чевли на Стјуарт Вајцман


САД- Кејт Хадсон повторно се соединува со кралот на чевлите Стјуарт Вајцман за својата кампања за пролет 2022 година, заедно со специјален гостин: нејзината мајка, Голди Хоун. Легендарните актерки позираа за брендот како дел од неговата кампања „Живеј го секој момент“, која ја слави радоста и оптимизмот од секојдневните моменти. Холивудското дуо, препознатлив по својот […]

Од полноќ поевтинува дизелот и Екстра лесното масло, бензините остануваат со иста цена


Од полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари. Цената на бензините останува иста, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука на РКЕ, дизелот ќе се продава по цена од 85 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 81 […]

Пленковиќ го демантира шефот на НАТО и тврди дека дронот бил вооружен


Хрватска– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Загреб го демантираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој изјави дека дронот што падна во главниот град на Хрватска немал експлозив. – Не беше „unarmed“ (невооружена), туку беше со експлозив, изјави Пленковиќ на прес-конференција во Загреб, а како доказ на новинарите им покажа фотографии на кои, како […]