Рурална мартовска акција „Ги нема жените, го нема напредокот“


Под мотото „Ги нема жените, го нема напредокот!“, тимот на Руралната Коалиција, но и локалните чинители од општините во пет различни плански региони Југозападен, Југоисточен, Полошки регион, овој месец ја почнаа руралната мартовска акција. Акцијата почна вчера во Општина Радовиш, каде што беше испратена пораката дека ако ги нема жените ќе го нема ниту напредокот […]

Храна, гориво и енергенси има доволно, инспекторите проверуваат дали има трговски злоупотреби


Граѓаните да бидат смирени и да не се грижат зошто во земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, уверуваат надлежните. Државата, како што тврдат од Владата, има доволна количина на житарици во стоковните резерви, во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини […]

Препораките за олеснување на ковид-рестрикциите чекаат зелено светло од Главниот штаб и Владата


Продолжува трендот на намалување на бројот на позитивни случаи и на хоспитализирани од КОВИД-19. Главниот координативен кризен штаб и Владата треба да се произнесат околу мерките кои беа предложени во насока на олеснување на рестрикциите, а од Комисијата за заразни болести се оптимисти дека во скоро време би можело да се разговара и за ограничување […]

Светска банка: До крајот на март 700 милиони долари за Украина


САД– Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас му соопшти на претседателот на Украина, Володимир Зеленски дека оваа меѓународна финансиска институција работи на кредитни програми во вредност од околу 700 милиони долари за Украина, кои ќе бидат исплатени до крајот на март. Малпас истакна дека пред одборот на директори бил даден предлог за зголемување на износот […]

Облачно и студено со дожд и снег


Времето ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а вдолж Повардарието со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во […]

Aстрономски календар


Денеска е сабота, 5 март 2022 година, 64-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 301 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 5 минути, а ќе зајде во 17 часот и 27 минути. Денов трае 11 часа и 22 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Си-Ен-Ен и Блумберг ја прекинуваат работата во Русија


САД – Американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен престана да емитува програма во Русија откако претседателот Владимир Путин потпиша декрет според кој луѓето можат да бидат осудени на 15 години затвор доколку шират „лажни вести“ за руските вооружени сили. Портпарол на Си-Ен-Ен истакна дека „медиумот ќе престане да емитува програма во Русија. Ние продолжуваме да ја проценуваме ситуацијата […]

Италија ја заплени јахтата на рускиот олигарх Мордашов вредна 65 милиони евра


Италија– Италијанската полиција ја заплени јахтата Лејди М, вредна 65 милиони евра, која му припаѓа на рускиот олигарх Алексеј Александрович Мордашов, а се наоѓала во регионот Лигурија. Запленувањето е извршено согласно новите санкции на Европската унија против Русија поради инвазијата врз Украина. Во Хрватска замрзнувањето на имотот на руските олигарси ќе се одвива на тој […]

„Блу Ориџин“ ќе го лансира комичарот Пит Дејвидсон во вселената


САД- Ѕвездата на „Saturday Night Live“ Пит Дејвидсон, наводно, оди на нови височини – во вселената, со милијардерот Џеф Безос. „Њујорк пост“ во четвртокот објави дека комичарот бил блиску до потпишување договор за придружување на Безос на вселенскиот лет на Blue Origin најверојатно подоцна оваа година. „Пит е возбуден“, изјави неименуван извор за „Post’s Page […]

Велосипедистот Сиваков се откажа од руското државјанство


Франција– Меѓународната велосипедска федерација (УЦИ) му дозволи денеска на 24-годишниот Павел Сиваков да го смени државјанството од руско во француско, објави неговиот тим „ИНЕОС Гренадин“ (INEOS Grenadiers). – Веќе некое време сакав да станам Французин и поднесов барање до УЦИ, но имајќи ги предвид случувањата во Украина, сакав да ги забрзам работите, изјави Сиваков, кој […]

Пензискиот систем е стабилен и одржлив


Советот за следење на состојбите во пензискиот систем, денеска ја оддржа првата седница од изборот на оваа Влада, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како новa претседателка на ова тело, информира МТСП. На денешната седница, членовите на Советот биле информирани за работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на […]

Украина има четири големи нуклеарни централи


Украина– Борбите и пожарот околу најголемата нуклеарна централа во Европа, во Запорожје, Украина предизвика лавина реакции и осуда од сите страни, а утринава ги потресе и европските берзи. Украина има четири големи нуклеарни централи или 15 активни реактори. Освен „пензионираната“ Чернобил и сега контролираната од Русија Запорожје, тука се и Електрани на југот на Украина, Ривна […]

Костадиновска-Стојчевска во работна посета на културните институции во Прилеп


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска беше во работна посета на институциите од областа на културата во Прилеп, соопшти Министерството за култура. Во Центарот за култура „Марко Цепенков“, како што се наведува во соопштението, Костадиновска-Стојчевска се запозна состојбата и планираните активности на оваа институција, а беше информирана и за текот на работите за изработката на […]

Од Украина во Бугарија досега влегле 20.000 бегалци 


Бугарија– Од почетокот на руско-украинската војна во Бугарија пристигнаа 20.000 бегалци од Украина, денеска  соопшти бугарската гранична полиција. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во последните два дена има зголемување за 3.000 бегалци од Украина во Бугарија. Волонтери од Русе му помагаат на бугарскиот Црвен крст да ги пречека бегалците на мостот Дунав. […]

Памела Андерсон не е жртва, туку преживеанa, тврди новиот документарец на Нетфликс


САД– Во средата, Нетфликс го објави претстојниот документарен филм за „професионалниот пат и нејзиното лично патување“ на Памела Андерсон, директно од нејзина перспектива. Актерката од Baywatch – која неодамна беше актуелна со биографската серија на Hulu Пем и Томи – работи на филмот „неколку години“, според Нетфликс. „Мојот живот: Илјада несовршености, милион погрешни перцепции“, напиша […]

Амбасадата на Србија евакуирана од Украина


Србија – Србија привремено ја затвори својата амбасада во Киев и својата активност ќе продолжи да ја обавува од Белград, јави дописникот на МИА од Белград. – Амбасадата на Република Србија во Украина денеска е привремено затворена поради заштита на безбедноста на нашиот персонал, а персоналот на тоа дипломатско-конзуларно претставништво ќе продолжи да работи од Белград […]

Што е руски олигарх?


Американското Министерство за правда создаде работна група која ќе ги следи имотите на руските олигарси, при што администрацијата на Бајден вети дека ќе ги заплени нивните јахти, луксузни апартмани и приватни авиони. Но, што се олигарсите? И како нивното богатство е поврзано со руската инвазија на Украина?   Што е руски олигарх?   Олигарсите – […]

Пријателот на Путин, Жерар Депардје, жали за „братоубиствената војна“


Франција– Францускиот актер и близок пријател на рускиот претседател Владимир Путин, Жерар Депардје, во интервју изјави дека се противи на „братоубиствената војна“ меѓу Русија и Украина, објаснувајќи дека двете „отсекогаш биле братски земји“. Во телефонско интервју за АФП, Депардје рече: „Јас сум против оваа братоубиствена војна. Велам „запрете го оружјето и преговарајте“, според Франс 24. […]

Нобеловци повикаа на мир во Украина


Германија – Повеќе од сто добитници на Нобеловата награда потпишаа повик за мир во Украина и ја повикаа Русија да ја повлече војската, објави германската новинска агенција ДПА. Научниците, во декларацијата објавена синоќа, велат дека науката ставила моќно оружје во рацете на политичарите, но дека тоа мора да се користи за мирољубиви цели. „Откривањето на нуклеарната физија […]