Хеленик Петролеум ја заврши 2021 година со подобрени оперативни резултати 


Хеленик Петролеум ја заокружи 2021 година со подобрени оперативни и финансиски резултати, успешно корпоративно преструктуирањеи непречено спроведување на новиот стратешки план за трансформација и одржлив раст на Групацијата наречен „Визија 2025“. Оваа стратешка инцијатива, предвидува дефинирање на јасни еколошки цели, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во Групацијата, како и усогласување на корпоративната […]

Почина поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај


Во Тетово почина Томислав Стојановски-Бомбај, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија и лидер на Демократската партија на Македонија (ДПМ). Тој беше роден 1940 година во Тетово, а завршил Машински факултет. Беше избран за пратеник од редовите на ДПМ на изборите во 1994 година, а беше и кандидат за градоначалник на Тетово во неколку наврати. […]

Пари од верниците на мета на крадците во црквите во Струшко


Пари оставени од верниците биле на мета на крадците во црвките во Струга и Струшко изминатите години. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека нема драстични промени во однос на извршените кривични дела „тешка кражба“ во црквите во струшкиот регион пред почетокот на пандемијата со коронавирусот и сега. Според него, во текот на 2019 […]

Прекинато водоснабдување кај дел од корисниците во општина Центар


Поради дефект на водоводна мрежа со пречник од 300 милиметри на плоштадот „Македонија“ до кафаната Пелистер прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата „11 Октомври“ на потегот од портата „Македонија“ до плоштад „Македонија“,  како и дел од улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од […]

Во Грција од денеска маските не се задолжителни на отворено


Грција – По препорака од надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство, грчката Влада ја укина мерката за задолжително носење маска на отворено, одлука што утрово стапи во сила, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, во средата рече со укинувањето на задолжителното носење  маска на отворено започнува постепеното […]

Луѓето малку и понекогаш погрешно се информирани за теми од астрономијата


Ноќното ѕвездено небо повторно може да се набљудува во скопскиот Планетариум кој поради пандемијата беше затворен две години. Најбрзите што успеаја да купат влезница имаа можност да присуствуваат на едно од четирите предавања кои завчера и вчера ги организираше Скопското астрономско друштво. И предавачите, исто така, се задоволни од повторната средба со посетителите иако, со […]

МФ: Ја подобруваме енергетската ефикасност во здравствените објекти


Министерството за финансии (МФ) преку проектната единица МСИП реализира Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор за што се обезбедени средства во вкупна вредност од 25 милиони евра со поддршка на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка. Со средствата во оваа фаза енергетски ефикасни ќе станат 18 здравствени објекти, како и објекти […]

Џезтетика- прва книга фотографии на Татјана Ранташа


На платото пред МКЦ денеска ќе се одржи матине-промоцијата на првата книга фотографии на Татјана Ранташа, облагородена со текстуалните варијации на Александар Прокопиев, наречена – „Џезтетика“. – Книгата се состои од портрети на 50-тина македонски џез-музичари, претставени преку објективот на Татјана Ранташа, професионален фотограф што ги бележи сите позначајни музички настани во нашиот град. Оваа […]

Во февруари регистрирани рекордно високи цени на храната во светот


Италија– Светските цени на храната во февруари беа на рекордно високо ниво, зголемени за дури 24,1 отсто во однос на претходната година, а се поттикнати од растот на цените на маслата за јадење и млечните производи, соопшти Агенцијата за храна на ОН. Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), што го […]

Турски милијардер заинтересиран за Челзи


Англија – Турскиот милијардер Мухсин Бајрак е заинтересиран да го купи премиерлигашот Челзи, јавија британските медиуми, додавајќи оти веќе е испратена официјална понуда за трансфер на сопственоста. Сопственикот на актуелниот европски првак, Русинот Роман Абрамовиќ, во средата објави дека ќе го продаде лондонскиот клуб на чие чело е 19 години поради санкциите што и се наметнати на Русија како одговор на инвазијата […]

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот сектор е во добра кондиција


Банкарскиот сектор според последните расположливи податоци има капацитет за справување со евентуални шокови и за обезбедување солидна кредитна поддршка за закрепнувањето на економијата. Адекватноста на капиталот забележува една од највисоките стапки што сме ги имале последните десетина година, банките се ликвидни, а нефункционалните кредити на ниско ниво, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Во […]

Британски новинар ранет во близина на Киев


Украина – Главниот дописник на британски „Скај њуз“ од украинската криза, Стјуарт Ремзи, бил застрелан во долниот дел на грбот додека во понеделникот било пукано врз автомобилот што ја превезувал неговата екипа во Киев. Во нападот , исто така, бил погоден и снимателот Ричи Моклер, но двата куршума завршиле во неговиот заштитен елек,  пред тимот да […]

Мичел Рајан, омилениот актер во холивудски филмови и серии, почина на 88 години


САД- Почина Мичел Рајан, ликот со четириаголна вилица, кој играше пензиониран генерал за шверц на хероин во првиот филм Смртоносно оружје, поранешен измамник на Dark Shadows и непријатен татко на Dharma & Greg. Тој имаше 88 години. Рајан почина во петокот од конгестивна срцева слабост во неговиот дом во Лос Анџелес, изјави неговата поќерка Дениз […]

Привремен прекин на огнот во Мариупол и Волноваха за отворање хуманитарен коридор


Украина – Руските сили денеска во 10 часот по московско време ќе го прекинат огнот за да овозможат хуманитарни коридори од украинските градови Мариупол и Волноваха, соопшти руското Министерство за одбрана. Русија и Украина на разговорите во четвртокот се согласија дека треба да се воспостават хуманитарни коридори и прекин на огнот. Мариупол, стратешко пристаниште во источна […]

Митрополит пловдивски Николај: Македонската црква треба да добие афтокефалност


Според древното канонско правило, Македонската православа црква има право на афтокефалност и Српската црква тоа треба да го допушти, смета митрополитот пловдивски Николај. Тоа право, според еден од највлијателните митрополити на Бугарската православна црква, го има и црквата во Украина. Во пресрет на Великиот пост, кој започнува в понеделник, митрополитот Николај повика на смирение, скротување […]

По Вилнус, и Рига во знак на протест ја преименува улицата во која се наоѓа руската Амбасада


Градската управа на Рига одлучи да го смени името на улицата на која се наоѓа руската Амбасада во знак на протест поради нападот врз Украина. Отсега улицата ќе се вика „Улица на украинската независност“ со цел да се изрази „поддршка за херојската борба на украинскиот народ“, објави вчера градската управа на Твитер. Одлуката на градската […]

Северна Кореја тестираше уште еден, деветти по ред, проектил во 2022 година


Северна Кореја – Северна Кореја тестираше уште една ракета, соопштија рано утринава јапонската Влада во Токио и јужнокорејската војска во Сеул. ДПА јавува дека проектилот најверојатно повторно е балистичка ракета. Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала неидентификуван проектил кон Источното Море, пренесе агенцијата Јонхап од Сеул. Началникот на здружениот Генералштаб на Јужна Кореја преку СМС […]

Карневалските празнувања во Струмица вечер кулминираат со дефилето на карневалските групи


Вечер во Струмица, кога кралот на карневалот на своите поданици ќе им соопшти дека вековната традиција на струмичани може да почне, низ улиците на градот ќе потече река од маски. Дваесетина домашни карневалски групи и три од Србија и Грција ќе ги претстават своите маски и со настап пред жири комисијата на плоштадот ќе се […]

Слаб снег на Попова Шапка, Ќафасан, Ѓавато и Железнец


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег со слаб интезитет врне на Попова Шапка, Ќафасан, Ѓавато и Железнец. Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од наша страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. […]

Харис ќе ги посети Полска и Романија поради руската инвазија врз Украина


САД – Американската потпретседателка, Камала Харис, ќе отпатува во Полска и Романија во знак на поддршка за Украина, се наведува во соопштението на Белата куќа, пренесено од ДПА. Харис ќе ги посети Варшава и Букурешт на 9 март, се наведува во соопштението на нејзината канцеларија. „Нејзината посета ќе ја демонстрира силата и единството на НАТО и […]