Србија утре гласа на редовните претседателски, вонредните парламентарни и локални избори за Белград


Србија– Граѓаните на Србија утре на изборите ќе одлучат дали Александар Вучиќ вторпат ќе го добие претседателски мандат, со колкав број на претеници ќе влезе опозицијата во Собранието и дали ќе успее да победи во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Утре од седум до 20 часот, 6.501.689 запишани избирачи на 8.255 избирачки места […]

„Журнал ди диманш“: Зошто е важно прашањето за проширувањето на ЕУ кон Балканот


Франција – Францускиот неделник „Журнал ди диманш“ објави опширен авторски текст на Марк Небојша Вукадиновиќ, доктор на науки на Институтот за политички науки од Париз, професор на Сциенс По и програмски директор во ЕвропаНова, во кој објаснува зошто е важно да се постави прашањето за проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан, јави дописникот на МИА. […]

Мајли Сајрус позитивна на коронавирус


САД– Мајли Сајрус вели дека „се чувствува добро“ откако тестирала позитивна на Ковид-19 само неколку дена пред доделувањето на наградите Греми. „Патувајќи низ светот, играјќи за 100.000 луѓе навечер и среќавајќи стотици обожаватели на ден, шансите да заболите од Ковид се прилично големи“, твитна во петокот пејачката на „Angels Like You“ , додавајќи: „Имам Ковид […]

Папата размислува да го посети Киев


Ватикан– Папата Франциск откри дека размислува да го посети украинскиот главен град Киев. По пристигнувањето на Малта, новинарите го прашале дали ќе ја разгледа поканата на украинските политички и верски власти, на што тој одговорил потврдно. Претходно, папата Франциск во неколку наврати ја осуди руската инвазија на Украина, нарекувајќи ја срамна. Иако Русите најави повлекување […]

Косовските лекари ја осудија изјавата на вицепремиерот Бислими дека “и од Германија бегаат лекарите“


Косово– Лекарската комора на Косово ја осуди изјавата на вицепремиерот Бесник Бислими, кој вчера на собраниската Комисија за евроинтеграции го спореди иселувањето на косовските лекари во Германија со заминувањето на германските лекари од таа држава, јави дописникот на МИА од Приштина. Во реакцијата на Комората се оценува дека „да се рече дека косовските лекари се иселуваат […]

Потврдена пресудата на Максвел за помагање на Епштајн во трговијата со млади девојки


САД – Американска судијка ја потврди пресудата на Британката Гислајн Максвел за трговија со луѓе за сексуална експлоатација и го одби нејзиното барање за ново судење. Максвел побара ново судење откако се покажа дека еден член на поротата претходно не рекол дека и самиот бил жртва на сексуално насилство. Адвокатите на 60-годишната Британка тврдеа дека процесот […]

Почнува Рамазанскиот пост


Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 1 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. […]

Црвениот крст не успеал да стигне до Мариупол


Украина – Црвениот крст соопшти дека тимот што го испратил за да ја олесни евакуацијата на илјадници цивили од Мариупол денеска бил принуден да се врати во Запорожје затоа што било невозможно да се продолжи со операцијата. – Тимот на МКЦК, кој се состои од три возила и девет лица, денеска не стигна до Мариупол ниту го олесни […]

Македонија е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ


Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски се сретна со Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, се изразени честитки до премиерот Ковачевски за мандатот. Притоа е разговарано за повеќе актуелни прашања, како што е претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, предизвиците од војната […]

Од полноќ поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, цените на бензините остануваат исти


Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 2,00 денари за литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 83,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 79,50 денари за литар, одлучи […]

Фон дер Лајен во посета на Софија идниот петок


Бугарија – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 8 април доаѓа во Софија на покана на премиерот на Бугарија, Кирил Петков, соопшти прес-службата на Советот на министри. За време на нејзината посета на Бугарија, Урсула фон дер Лајен лично ќе ја претстави оценката на ЕК за бугарскиот план за закрепнување и одржливост (ДИА) […]

Чешка ги повика руските дипломати во земјата да поднесат оставка


Чешка – Во необичен потег чешкото Министерство за надворешни работи ги повика руските дипломати во земјата да поднесат оставки во знак на протест поради војната во Украина. – Ве повикуваме, морално и со добро срце, да го напуштите овој брод што тоне, гласи повикот, што денеска беше објавен на руски и на англиски јазик. Во спротивно, […]

Невреме со силен ветер, пороен дожд и грмежи попладнево во Скопската котлина


Невреме со силен ветер, пороен дожд и грмежи доцна попладнево ја зафати Скопската котлина, поизразено во нејзините источни делови, информираат од УХМР. Попладнево на повеќе места во државава времето беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме со појава на град. До крајот на денот, како што соопштија од […]

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Театрите, кои требаше да бидат терапија за нашите души, сега се засолништа


Нападот врз Украина е напад врз европските вредности, напад врз основното човеково право да живее во слобода и во демократија и да ја создава и да ја зачува својата култура. Искрена и длабока почит кон украинските културни работници и експерти кои деноноќно ги засолнуваат уметноста и културниот идентитет на овој значаен дел од словенската, но […]

Концерт на стадионот на АРМ во мај- како звучи Масимо Савиќ на отворено?


Регионалната поп-ѕвезда Масимо Савиќ , до сега настапуваше во Универзални сала,  МОБ, Македонска филхармонија и конечно пролетва ќе пее на голем концерт на отворено во Скопје, во организација на „Авалон продукција“. Вториот пост-ковид open air концерт во Македонија (само еден ден после концертот на Deep Purple), ќе се случи на на 29 мај на стадионот […]

Наградите „Греми“ во сенка на Вил Смит и Крис Рок


 САД- 64-тото доделување на Греми награди ќе се одржи в недела, на 3 април и ќе се одржи во арената MGM Grand Garden во Лас Вегас, а водител, втора година по ред, ќе биде Тревор Ноа втора година по ред.  Силк Соник, славното ретро дуо со Бруно Марс и Андерсон .Паак ќе го отвори настанот,номинирани […]

Порака на поглаварот на ИВЗ Фетаху по повод почетокот на Рамазанскиот пост


Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, […]

Заеднички историски книги на 13 земји од ЈИЕ достапни за јавноста во дигитална форма


На иницијатива на Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) заедничките историски книги на 13 земји од Југоисточна Европа, се повторно достапни за јавноста. Заедничките историски книги на 13 земји од Југоисточна Европа претставуваат уникатна збирка на историски извори создадена во периодот од 1998 до 2016 година од страна на повеќе од 100 историчари и 300 наставници […]

Викендов посвежо и променливо облачно, со локални врнежи


Времето попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени. Како што информираат од УХМР, локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град, повеќе услови ќе има во источните […]

„Златна малина“ ја поништи наградата „Брус Вилис“


САД– Организаторите на наградите „Златна малина“, коишто „му оддаваат почит“ на најлошиот филм на годината, ја поништија годинашната специјална награда посветена на Брус Вилис, откако неговото семејство соопшти дека глумецот се бори со афазија, пишува „Дејли мејл“. „По долго размислување и разговор, ’Златна малина‘ одлучи да ја укине наградата што му беше доделена на Брус Вилис, […]