Пулицерова награда за Вашингтон пост и Ројтерс


САД– „Вашингтон пост“ доби Пулицерова награда за известување од јавен интерес за опсадата на американскиот Капитол, додека Ројтерс победи во категоријата фото-репортажа за известување за пандемијата на коронавирус во Индија. Украински новинари добија специјално признание за покривање на руската инвазија, соопшти менаџерката на Пулицеровата награда Марџори Милер. Според неа, овогодишната награда за известување од јавен […]

Макрон и Шолц со поддршка за Украина пред Бранденбуршката порта


Германија– Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц и дадоа „целосна поддршка“ на Украина кога синоќа заедно пристигнаа пред Бранденбуршката порта во Берлин, симболот на Студената војна, осветлена во оваа прилика во боите на земјата нападната од Русија.   „Целосна поддршка за Украина“, рече францускиот претседател кој пешки пристигна со  германскиот канцелар до […]

Голема победа на синот на Фердинанд Маркос на претседателските избори на Филипините


Фердинанд Маркос јуниор, синот на диктаторот Маркос кој побегна од земјата во 1986 година, денеска победи на претседателските избори на Филипините, враќајќи го семејниот клан на власт, 36 години откако со народен бунт беше соборен од власта. Резултатите по пребројувањето на гласовите на повеќе од 90 отсто од избирачките места покажуваат дека Маркос јуниор, познат […]

Бројот на жртви во експлозијата во луксузниот хотел во Хавана достигна 40


Куба– На 40 се зголеми бројот на жртви во експлозијата, што одекна во хотелот Саратога во Хавана во петокот, соопшти кубанското Министерство за здравство. Се верува дека експлозијата ја предизвикало истекување на гас. Осумнаесет лица се на болничко лекување, 40 се загинати, меѓу кои и четири деца, како и млади лица и туристка од Шпанија. Од […]

Ѕвоната на катедралата во Вашингтон ѕвонеа во чест на милион смртни случаи од Ковид


САД– Ѕвоната на Националната катедрала во Вашингтон во понеделникот ѕвонеа илјада пати во чест на жртвите од Ковид, бидејќи Соединетите Американски Држави имаат околу милион смртни случаи.   САД официјално објавија најголем број смртни случаи во светот, повеќе од Бразил, Индија и Русија, а во понеделникот имаа повеќе од 995.000 смртни случаи од Ковид-19, според […]

Презентација на првата Мијаваки шума на Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина


Презентација на првата Мијаваки шума во државата (мали урбани шуми кои даваат три пати повеќе зеленило од вообичаените насади) ќе се одржи денеска во дворот на Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина (ИПНМ). Како што соопшти Институтот, таа е донација на невладината организација „Зелена планета за сите“. Во посета на Институтот за патофизиологија и нуклеарна […]

Меѓународниот фестивал за филмови отвора 24-часовен светски маратон за снимање едноминутни филмови


Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“ ги повикува сите заинтересирани студенти на филмските универзитети во земјава, основци и средношколци, филмски аматери и ентузијасти да се пријават за учество на најголемиот светски натпревар за правење кратки филмови во живо на тема „Еколошко размислување“. -Натпреварот ќе биде отворен во Унгарија, на Универзитет во […]

Ношпал за Евросонг: Класичниот квалитет секогаш го победува невкусниот микс


-Вистинскиот рецепт за успешен пласман ми се сѐуште непознати, но од моето евровизиско искуство можам слободно да кажам дека „цело е кога има сé“. Тоа значи дека  добрата песна и композиција изведувана од вистински одбраниот вокал и интерпретатор, сето тоа спакувано на соодветен начин односно стејџинг е секогаш добра и вистинска формула за успех. Погледнете […]

Шефот на австриската дипломатија во посета на Македонија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија. Покрај средбата со Османи, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како […]

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата почнуваат активна блокада на Собранието, за власта тоа е неодговорно и за политички цели


Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ од денеска почнуваат со активна блокада на Собранието која ќе трае сè до договорот за датум за предвремени парламентарни избори. Власта, сепак смета дека овој чекор е за политички цели и потенцира дека лидерска средба заснована на уцени и закани нема да има. Доколку евентуално се […]

Сончево и топло, попладне пороен дожд и ветер


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а веќе попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје слично време со минимална […]

Американците со своја Евровизија – Снуп Дог и Кели Кларксон домаќини на American Song Contest


САД – Раперот Снуп Дог и рок-пејачката Кели Кларксон ќе бидат вечерва домаќини на финалето на  „Натпреварот за песна на Америка“ (American Song Contest), по теркот на Евровизија.Натпреварот ќе биде прикажан на американската мрежа Ен-Би-Си. До финалето од шоуто кое почна во март, стигнаа десет изведувачи меѓу кои и поп-ѕвездата и ветеран Мајкл Болтон, а […]

Ник Кејв изгуби уште еден син


САД– Фронтменот на Bad Seeds, Ник Кејв, потврди во изјава за NME дека неговиот 31-годишен син Џетро починал овој викенд. „Со тага потврдувам дека мојот син Џетро почина. Ќе бидеме благодарни ако ја почитувате нашата приватност во овие моменти“, изјави Кејв за NME. Во 2015 година, Кејв изгуби уште еден син, тогаш 15-годишниот Артур, кој […]

Алкараз го пропушта турнирот во Рим


Шпанија– Шпанецот Карлос Алкараз, кој по вчерашниот триумф на АТП турнирот од серијата Мастерс 1000 во Мадрид од денеска е шести тенисер во светот, објави дека ќе пропушти турнирот од истата категорија, што оваа недела ќе се одржи во Рим. Алкараз како причина за откажувањето на настапот во Рим ја наведе желбата што подобро да се подготви за вториот грен-слем сезонава, […]

Шалемберг утре во посета на земјава


Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој е ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија. Покрај средбата со Османи, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Димитар […]

Европејците сакаат поправедна, позелена и поагилна Унијата


Белгија – Граѓаните на Европската унија би сакале блокот од 27 нации да стане поправеден, да покаже поголема солидарност, да ја води борбата против климатските промени и да носи побрзи одлуки, дури и ако тоа значи укинување на потребата од едногласност за некои прашања, се вели во извештајот на ЕУ. Извештајот е резултат на едногодишни консултации […]

Владата ги објави платите на премиерот и на министрите


Владата ги објави платите на премиерот и на министрите. Според објавените податоци, премиерот Димитар Ковачевски зема плата од вкупно 88.260 денари, при што основицата е 78.896 денари, додека, пак, за минат труд претседателот на Владата добива 9.364 денари, а има стаж 23 години. Според висината на платата, по премиерот следува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, […]

Почина Видое Ристовиќ, сопругот на Николина Пишек


Сопругот на хрватската позната водителка и модна икона Никола Пишек (46), историчарот Видое Ристовиќ, ненадејно почина на 44-годишна возраст, а тажната вест ја потврдила и водителката. Само неколку часа пред смртта, тој споделил фотографија од ќеркичката на Инстаграм.   Ристовиќ живеел и работел на релација Белград-Загреб, а починал во Белград, според срспките медиуми во тек […]

Повик за современи драмски текстови кои ќе бидат објавени во е-антологија


Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/Продукција соопшти дека до крајот на јуни е отворен Повик за електронска Антологија на современи драмски текстови. Повикот е насловен „Јас не сум мртов, болен и славен“ и е дел од промотивниот проект „Драмски инверзии“ поддржан од Министерството за култура. -Повикот е афирмативен, поттикнувачки и ги повикува сите драмски, театарски […]

Утре попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер


 УХМР најавува дека утре попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните утрински температури ќе се движат од 3 до 8 степени, а максималните дневни од 16 до 27. Следните денови ќе преовладува сончево и топло време, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен пороен дожд и […]