Европејците сакаат поправедна, позелена и поагилна Унијата


Фото: Б. Грданоски

Белгија – Граѓаните на Европската унија би сакале блокот од 27 нации да стане поправеден, да покаже поголема солидарност, да ја води борбата против климатските промени и да носи побрзи одлуки, дури и ако тоа значи укинување на потребата од едногласност за некои прашања, се вели во извештајот на ЕУ.

Извештајот е резултат на едногодишни консултации со граѓаните од страна на институциите на ЕУ, процес наречен Конференција за иднината на Европа, и ги наведува идеите за промени, од кои некои ќе бараат измена на договорите на ЕУ.

Доставените 49 предлози сега ќе бидат разгледани од Европскиот парламент, владите на ЕУ и Европската комисија, која е единствената која може да предложи нови закони на ЕУ.

– Веќе следниот месец ќе утврдиме што е потребно за да ги реализираме вашите предлози и да одговориме најдобро што можеме, нагласи шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен пред пратениците на ЕУ во Стразбур.