Прослава по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“


Денот на Армијата 18 Август и јубилејот „30 години Армија“ ќе бидат одбележани со целовечерен настан организиран под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.   На настанот, што ќе започне во 19:00 часот, ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко […]

Комеморација за поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева


  Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. Митрева почина на 31 јули годинава на 72 години. – Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија. Голем е придонесот на […]

Сончево со слаб ветер и температура до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 19 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, сончево и топло со мала локална облачност и […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 17 август 2022 година, 224-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 141 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 42 минути, а ќе зајде во 19 часот и 33 минути. Денов трае 13 часа и 51 минута. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Легендарниот Радивој Корач постхумно во „Куќата на славни“


  САД– Еден од најдобрите кошаркари на поранешна Југославија, Радивој Корач, официјално ќе биде примен во „Куќата на славни“ во Спрингфилд на 10 септември, објави организацијата на својот официјален сајт. Покрај Корач, кој загина во 1969 година на 30-годишна возраст, во „Куќата на славни“ во септемвриската класа ќе бидат примени Тим Хардавеј, Ману Џинобили, Боб […]

Австралија без Кирјос на Дејвис купот


  Австралија– Финалистот на годинешниот Вимблдон, Ник Кирјос, нема да настапи за репрезентацијата на Австралија на претстојните дуели во Дејвис купот, соопшти денеска австралиската Тениска федерација. – Ќе беше прекрасно да го имавме Ник во тимот, но за жал тој не е достапен за овие натпревари, изјави селекторот на Австралија, Лејтон Хјуит. Австралија во Хамбург […]

Од први септември започнува ловот на дивите свињи


  Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска донесе решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита. Со ова решение започнува итна максимална депопулација на дивите свињи според акционен план дефиниран помеѓу Министерството и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Ловната сезона започнува на 1 септември на сите ловишта на територија на […]

Ајде да ја менуваме модата- во Ист гејт мол се отвора првата продавница на H&M


  Шведскиот моден бренд H&M ги отвора вратите на својата прва продавница во Македонија, во Ист Гејт Мол, во Скопје, на 18 август во 10 часот наутро. Посетителите на Ист Гејт Мол ќе имаат можност да доживеат едно сосема ново потрошувачко искуство во продавницата дизајнирана согласно најновиот концепт на H&M. На површина од над 2.300м2 […]

Џил Бајден позитивна на Ковид-19


  САД– Првата дама Џил Бајден е позитивна на тестот за Ковид-19, изјави нејзината портпаролка во вторникот. „Откако тестот беше негативен за Ковид-19 во понеделникот за време на нејзината редовна каденца на тестирање, првата дама почна да развива симптоми слични на настинка доцна навечер“, рече во изјавата Елизабет Александар, директорката за комуникации на Џил Бајден. […]

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија


Основниот суд во Тетово денеска соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија, кој во наредниот период по разгледување на обвинителниот предлог треба да ја закаже главната расправа. Предметот е распределен согласно Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС). -Предметот поврзан со модуларната болница во Тетово по поднесен обвинителен предлог од […]

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција


  Грција– За 27 отсто се намалил бројот на позитивни случаи на Ковид-19 и на починати лица во Грција во периодот од 8 до 14 август со регистрирани 73.710 позитивни и 258 смртни случаи, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Муареми се повлече од функцијата директор на Управата за финансиска полиција


Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, информира дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма […]

„Тиквеш“ и годинава договори откуп на најголеми количини грозје, по највисоки цени


  Винарската визба „Тиквеш“ од утре, 17 август 2022, започнува со годинешниот прием на винско грозје. И оваа година, „Тиквеш“ ќе откупи најголема количина грозје, по највисоки цени. Планирано е оваа година „Тиквеш“ да прими и обработинад 30 милиони килограми квалитетно грозје. Во досегашниот процес на дефинирање на соработката со своите партнери – лозарите, кој […]

Во Тирана ќе се гради облакодер висок 85 метри, дизајниран според ликот на Скендербег


Албанија– Во центарот на Тирана ќе се гради облакодер моделиран според ликот на албанскиот национален херој Ѓерѓ Кастриот-Скендербег, што е дизајниран од холандското архитектонско студио „МВРДВ”. Зградата ќе биде висока 85 метри и ќе се гради на плоштадот „Скендербег”, каде се наоѓа и неговата статуа што на архитектите им послужила како инспирација за зградата. Ќе […]

Кустурица во „Олимпија“ во декември


  Франција– Режисерот Емир Кустурица ќе го одржи својот последен концерт на чело на Но смокинг оркестра“ на 21 декември во париската „Олимпија“, се наведува на сајтот на познатата сала, пренесува Танјуг. „По повеќе од 20 години концерти ширум светот, Кустурица одлучи да ја закачи гитарата и да ја заврши кариерата на чело на „Но […]

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин по втор пат заразен со Ковид


  САД- Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска соопшти дека по втор пат е позитивен на коронавирусот. Остин во изјавата рече дека денеска бил тестиран и дека има благи симптоми на инфекција. Тој најави дека пет дена ќе биде во самоизолација дома, јавуваат американските медиуми. – Ги задржувам сите компетенции и планирам да го […]

Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието


  Условни казни за уште шестмина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог изрече Судот, откако тие признаа вина на денешното судење во Основниот кривичен суд во Скопје за настаните пред Собранието на 5 јули годинава. Во Основниот кривичен суд Скопје, како што информираат од Судот, денеска се одржа главната […]

Фестивалот „Литера“ почна со Летен креативен камп во Богданци


Со летен креативен камп вчера во Богданци почна четвртиот Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Летниот креативен камп е најава за годинашниот патувачки карактер на „Литера“, како и за идејата за децентрализација на фестивалските настани, низ повеќе градови и населени места во земјава. Летниот камп се одржува во просториите на Графичката работилница во […]

Јакимовски најави инвестиции од 1,5 милијарди евра во Карпош


По речиси пет години, Општина Карпош од 10 август има деблокирана сметка, соопшти денеска градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски во обраќање во живо на Фејсбук. Првиот човек на Карпош информираше дека за овие девет месеци откако е повторно на функцијата, исплатени се 154.235.000 денари блокади, како и 2 милиони евра друг долг. – Во моментов […]

Регистрирани 590 случаи на Ковид-19, починати две лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на КОВИД-19: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, […]