Учесниците на СВП пишуваа поезија на шишиња вино- „Тиквеш“ со специјална колекција „Луда Мара“


Шишиња од виното „Вранец“, со празна етикета, им беа поделени синоќа на поетите-гости на „Струшките вечери на поезијата“, непосредно по свеченото затворање на фестивалот. Поетите ги испишаа своите стихови, а шишињата со стихови станаа дел од специјална колекција на винарската визба „Тиквеш“. Вината се дел од нивната нова колекција „Луда Мара“.

– Ова вино ќе го добиете како подарок, за да можете да се потсетите на ноќите поминати во Струга. Но вечерва ќе имате прилика да пробате и нешто различно, вина кои се дел од колекцијата на „Тиквеш“, „Луда Мара“. Приказната за Луда Мара е возбудлива. Реката во Тиквешко позната по својата непревидливост и сила не случајно е име на добропозната бренд-линија. Секое вино од оваа линија раскажува своја сопствена автентична приказна и е посебно доживување што води до нови хоризонти. Пушти нека те води…Овде можеме да повлечеме споредба со поетската инспирација којашто тлее во секој од вас, но во мигови на инспирација станува поетска буица, која носи силни емоции и на која треба да ѝ се препуштиме. Оттука доаѓа и мотото „Пушти нека те води“… Луда Мара  – рече актерката Софија Насевска Трифуновска.

Од винарската визба „Тиквеш“ велат дека ја креирале оваа линија за да ја зајакнат автентичноста на своите вина.

– Новиот бренд го поврзавме со името на реката Луда Мара, која поминува низ тиквешкиот регион и Кавадарци и која со својата уникатна природа и карактер, како и со бројните приказни и митови поврзани со неа, по многу нешта потсетува на единствениот карактер на нашите вина.

Поетите од „Струшките вечери“ вечерва ќе ја читаат својата поезија во „Даутпашиниот амам“ со во 20:30 часот со што ќе се заокружи 61. фестивалско издание.