Михаел Рот во Скопје на средби со државниот врв


  Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот, денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија. Рот ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а треба да има средби и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што најавија од […]

Променливо и нестабилно време, попладне дожд, грмежи и ветер


  Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 31 август 2022 година, 238-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 127 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 56 минути, а ќе зајде во 19 часот и 11 минути. Денов трае 13 часа и 15 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Полициски службеници извлекуваат заглавени возила во Скопје


Полициски службеници во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме. Се извлекуваат заглавените возила од подвозниците кај хотелот Александар палас, кај Континентал и кај стоковна куќа Мост.   Интервенира и службата за итна медицинска помош. За МИА информираа дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се […]

Скопје цело поплавено – градоначалничката Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб


По невремето кое го зафати Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје. Ова го соопштија од Град Скопје. Има информации од Скопско за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати покриви од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето… Од […]

Невремето го одложи доделувањето на наградата „Роман на годината“


Силното невреме во Скопје проследено со обилни врнежи и грмежи кој ги блокираше улиците во главниот град, го одложи вечерашното доделување на наградата „Роман на годината“ од 20 часот во кафе барот „Филхармонија“ (во зградата на Филхармонија на РСМ).  Годинашен лауреат на наградата е Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ („Или-или“, 2021).   Фондацијата […]

Северина уапсена по тепачката со сестра ѝ Маријана во домот на мајка им


  Хрватска – Регионалната поп-ѕвезда  Северина денеска беше уапсена на аеродромот во Загреб на барање на сплитската полиција. Како што објави „Jutarnji list“, причината за приведувањето е жестоката караница во домот на мајката на пејачката, каде што се тепала со сестра ѝ Маријана.   Според пријавата на Маријана, Северина ѝ се нафрлила пред нивната мајка […]

Во Берово наврнати 11 литри на м2, во Крушево девет, а три во Маврово


Во изминатите девет часа до 17 часот во Берово наврнаа 11 литри на метар квадратен, во Крушево девет, а три во Маврово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи од каде посочуваат дека за врнежите во Скопје ќе информираат после 20 часот. До крајот на денот, како што информираат, во Скопско и Тетовско се уште времето ќе […]

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на фестивали во Венеција и во Торонто


„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска во петок ја има светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција. По две децении, ова е прво учество на Македонија со мнозински проект во една од официјалните натпреварувачки програми на еден од трите најголеми фестивали во светот – Венеција. „Најсреќниот човек на светот“ е филм кој всушност […]

Регистрирани 240 нови случаи на Ковид-19, починати се четири лица


  Во последните 24 часа од направени 1.084 тестови, регистрирани се 240 нови случаи на КОВИД-19. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новорегистрираните од Скопје се 119, Битола – 23, Куманово – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Кавадарци – 9, Тетово – 7, Кочани – 5, Велес, Гостивар, Струмица, Крива Паланка […]

Луан Мулиќи со „Ерос“ во Чифте амам на 6 септември


На 6 септември 2022 г., во објектот Чифте амам, во 19 ч. ќе биде отворена изложба на скулптури на Луан Мулиќи, професор и член на Косовската академија на науките и уметностите. Еротската уметност е широко поле во визуелните уметности, вклучително и скулптурата како уметничко дело, но и усната и пишаната култура воопшто. Еросот како тема, […]

Со џез и поезија официјално ќе биде отворен „Скопскиот поетски фестивал“


  Скопската публика вечерва ќе може да ужива во поезија и џез на официјалното отворање на второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“, што ќе се одржи во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Се работи за тематско поетско читање „Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“ на кое во придружба на […]

СЗО: Можеме да го спречиме ширењето на мајмунските сипаници во Европа


Швајцарија– Епидемијата на мајмунски сипаници во Европа може да се елиминира, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација (СЗО), со докази дека бројот на нови случаи се намалува во неколку земји. Со оглед на малата понуда на вакцини и времето што е потребно за вакцините да се администрираат и да почнат да дејствуваат, факторите како раното откривање, порано самоизолирање и одговорното однесување на […]

Скопје Лајт Фестивал викендов во Градски Парк


Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации и видеопроекции поставени на различни локации низ централното подрачје на градот од 2 до 3 септември со своите светлосни перформанси им се промовираат на посетителите. Светлината е форма на енергија која патува и е во интеракција со материјата. […]

Брнз: Северна Македонија да продолжи со реформите дури и кога тие предизвикуваат политички поделби 


  Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денеска порача земјава да продолжи со реформите дури и кога тие, како што нагласи, предизвикуваат одредени политички поделби. Според амбасадорката, еден од најголемите предизвици со кои се соочува Северна Македонија е корупцијата која го поткопува доброто владеење и ја саботира економската конкурентност. Владините претставници, напомена Брнз, мора да одговорат […]

Нова собраниска седница најверојатно на 14 септември, опозицијата да делува конструктивно


  Новата седница најверојатно ќе биде на 14 септември, а во тој период комисиите треба да ги разгледаат законите кои ќе бидат на таа седница, информира координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески на денешната прес-конференција во Собранието по координацијата со спикерот Талат Џафери. Тој посочи дека најверојатно пред тоа ќе има уште една […]

Укината пресудата за поранешниот австриски вицеканцелар Штрахе


  Австрија – Судот во Виена ја укина пресудата на поранешниот австриски вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе во случајот за корупција. Штрахе беше осуден на 15-месечна условна казна минатата година, откако беше обвинет за промена на законодавството во корист на сопственик на приватна болница. Вишиот регионален суд во Виена утврди дека претходното судење не ги земало доволно предвид […]

Билетите за бесплатен превоз средношколците од прва година ќе ги добијат во училиштата


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ соопшти дека  учениците од прва година средно образование, кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз, билетите ќе ги добијат во матичните училишта. -Учениците од повисоките одделенија, во случај да има потреба од нова електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација […]

Okaidi Back to School: Супер подароци и попусти за среќен почеток!


  Постои ли поубав ден од први септември? Можеби, но тој со себе секогаш носи една поинаква магија каква што нема во ниту еден друг ден. Секогаш тука за нови почетоци, омилениот бренд на родителите и децата Okaidi, ја започна својата „Back to School“ кампања во која повторно понуди бројни попусти, игри и изненадувања. Подготвени […]